Температурата во западна Канада падна до речиси 60 степени под нулата

Температурата во Канада падна до речиси 60 степени под нулата, додека живата во термометрите во регионот на Москва неумолливо се доближува до минус 30 степени.

 |  Голабовски Крсте  | 
Edmonton
Едмонтон

Температурата во Канада падна до речиси 60 степени под нулата, додека живата во термометрите во регионот на Москва неумолливо се доближува до минус 30 степени.

EdmontonСтудениот бран, што ја закова западна Канада, се движи кон исток, пренесоа агенциите.
Метеоролозите во градот Едмонтон – административен центар на западната провинција Алберта, измерија температура од 46,1 Целзиусови степени под нулата. Ако се земат предвид смразнувачкиот ветар, температурата падна до минус 58,1 степени.
Студениот фронт се доближува до источната провинција Квебек. Се очекува температурата во Монреал утре да падне до 19 степени под нулата, а во петок преку ноќта – и под прагот од минус 20 степени.
Снежната покривка во другата источна провинција – Онтарио, во понеделникот, достигна еден метар.
Во Московската област изминатата ноќ е измерена температура на воздухот од минус 29 Целзиусови степени, пренесе ИТАР-ТАСС.
Термометрите покажаа ваква состојба на две мерни места – во регионот на селото Черусти, во источните покраини на Подмосковјето, и околу аеродромот “Домодедово”.
Најниската температура на денешен датум во руската престолнина била измерена во 1997 година – минус 28,8 степени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top