Во такси кај Езерски лозја пронајдени 9 опаковки со бела прашкаста материја

На 05.02.2022 во 21 часот во ОВР Струга приведени се Г.Н. (39) од Охрид и Е.А (38) од Струга. При контрола на такси возило „мерцедес”, со кое се превезувале, полициските службеници пронашле девет опаковки со бела прашкаста материја.

 |   | 

На 05.02.2022 во 21 часот во ОВР Струга приведени се Г.Н. (39) од Охрид и Е.А (38) од Струга. При контрола на такси возило „мерцедес”, со кое се превезувале, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на населбата „Езерски лозја”, полициските службеници до совозачката врата пронашле полиетиленска кеса во која имало девет опаковки со бела прашкаста материја, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top