Post Views: 0
Шведските дневни весници „Дагенс нихетер“, „Експресен“ и „Сидсвенска дагбладет“ решија да ги објават карикатурите на пророкот Мухамед прикажан со тело на пес, откако вчера беа обелоденети плановите за убиство на авторот на карикатурите, шведскиот уметник Ларс Вилкс, јави дописникпт на МИА од Гетеборг.
Карикатурите првпат беа објавени во шведскиот дневен весник „Нерикес алеханда“ есента 2007 година, а што беше проследено со простести и закани против авторот Вилкс и против главниот и одговорен уредник на весникот.
– Заканата против Ларс Вилкс претставува закана...
Post Views: 11
На 27 октомври се празнува света Петка. Православните верници ја слават Света Петка или Црна Света Петка, зошто веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести.
Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во...
Post Views: 1
По налог на Општина Охрид санирани се оштетувањата на улиците во населба „Исток“.
Потрошени се околу 240 тони асфалт, а асфалтирана е површина од 600 метри квадратни со вкупна должина од 200 метри. Со изведувањето на овој зафат битно се олеснува пристапот на граѓаните до домовите и се подобрува патната инфраструктура.
Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.
Post Views: 1
Југозападниот дел на Бугарија денеска го прекри „жолт“ снег, кој во себе содржи прашина од пустината Сахара, соопшти Хидрометеоролошкиот институт при Бугарската академија на науките
Според Инстиутот, снегот со сахарски прав се очекува во текот на денот да се прошири и во источните делови на Бугарија.
Бугарскиот медиуми јавуваат дека „жолтиот“ снег претставува вистинска туристича атракција во скијачките центри.
Бугарскиот Хидрометеоролошки институт информира дека се очекува снежните врнежи во Бугарија да се интензивираат во текот на претстојната ноќ.
Грчките медиуми препладнево...
Post Views: 2
Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 16.00 до 05.00 часот секој ден која почнува од денес и целосно за време на викендите. Во изминатото деноноќие охриѓани биле дисциплинирани. Стабилна е и безбедносната состојба и на подрачјето на остантите 6 општини кои ги покрива СВР Охрид. Без проблеми се одвивала и контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
„Во...
Post Views: 0
Повторно одложено уште едно судење против премиерот на Италија, Силвио Берлускони. Премиерот и 11 лица се обвинети за затајување на данок и злоупотреба на авторски права преку медиумската куќа во сопственост на Берлускони Медиасет. Новото рочиште е закажано за 12 април, објавија италијанските медиуми.
Никој од обвинетите не присуствувал на закажаното рочиште по што судиите одредиле нов датум на сослушување. Адвокатот на премиерот Берлускони го оправдал својот клиент дека на закажаниот термин премиерот исто така има државнички обврски. Пемиерот во тој период ќе бил во...
Post Views: 0
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години.
Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.
Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се...
Post Views: 1
Замјата продолжува да се тресе. Во земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер, кој рано утринава ја погоди Турција, до овој момент погинаа 40-тина лица. Епицентарот на земјотресот бил во Источна Турција, 626 км. источно од Анкара.Еден од градоначалниците на регионот за медиумите изјавил дека бројот на загинати се искачил на 57.Земјотресот е забележан во 4:23 часот по локално време околу 10 км. во длабочина на земјината кора. По првиот земјотрес тлото се тресело уште 20 пати. Куќите во три села кои се најблиску до епицентарот се срамнети со земја.Најтешко погодено е селото...
Post Views: 2
Производителите на раноградинарски култури стравуваат дека ќе пропаднат посевите по забраната за ограничено движење донесени со владините мерки. На поголем дел од нив одгледувањето пластеници им е дополнителна дејност и не живеат во село туку во градот и се над 67 години . Тие како локални микропроизводители на земјоделска храна не се регистрирани земјоделци и не можат да ги користат поволностите за да добијат дозволи за движење во услови на време на ограничено движење. Бараат од владата да најде начин и за оваа категорија мали земјоделци да им овозможи движење за да...
Post Views: 70
Двајцата вооружени мажи се убиени од полицијата, откако зедоа заложници во црква во Сент Етјен, во близина на Руен, во Нормандија, околу 10 часот во вторник.
Според извештаите, тие влегле во црквата од споредната врата за време на мисата. Свештеник, две калуѓерки и двајца верници беа меѓу заложниците, додека уште една калуѓерка успеала да избега и да ги алармира службите.
Специјалната полициска единица беше пратена на местото, која со кордон ја обезбеди црквата.
Министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев, подоцна соопшти дека двајцата мажи се неутрализирани, по...
Post Views: 0
Махмуд Ахмадинеџад го опиша уривањето на двете кули Близначки во Њујорк како сценарио на разузнавачките сили.
Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад смета дека терористичките напади на 11 септември во Соединетите Американски Држави се „фабрикувани“ за да се оправда војната против тероризмот, јави новинската агенција ИРНА.
Ахмадинеџад изјави дека нападот на 11 септември е „фабрикуван инцидент“ кој и претходи на големата американска кампања против тероризмот и вовед во авганистанската инвазија.
Тој го опиша уривањето на двете кули Близначки во Њујорк како сценарио...
Post Views: 7
Се известуваат сите корисници на услугите на ЈП Водовод Охрид дека со Одлуки на Советот на Општина Охрид и Советот на Општина Струга на ден 23.12.2019 год престана со работа правниот субјект МЈП ПРОАКВА и од 24.12.2019 год отпочна со работа новото јавно претпријатие ЈП Водовод Охрид
Се замолуваат сите корисници на услугите на ЈП Водовод Охрид да не вршат уплата на досегашните жиро сметки и своите уплати во иднина да ги вршат на новите жиро сметки за ЈП Водовод Охрид. Во прилог се новите жиро сметки:
Стопанска Банка 200003531943622
Шпаркасе банка 250019000515505
Комерцијална...