Градинари стравуваат за насадите поради ограниченото движење за викенд

Сметаат дека мерките лошо ќе се одразат врз производството на храна. Многу од нив ја испуштија можноста денес до 12 часот да поднесат барање до општинскиот кризен штаб за дозвола за движење во време на ограничено движење. 

 |  Валентина Неловска  | 

Производителите на раноградинарски култури стравуваат дека ќе пропаднат посевите по забраната за ограничено движење донесени со владините мерки. На поголем дел од нив одгледувањето пластеници им е дополнителна дејност и не живеат во село туку во градот и се над 67 години . Тие како локални микропроизводители на земјоделска храна не се регистрирани земјоделци и не можат да ги користат поволностите за да добијат дозволи за движење во услови на време на ограничено движење. Бараат од владата да најде начин и за оваа категорија мали земјоделци да им овозможи движење за да се снајдат во овие неприлики со посевите, вели Ванчо Стојансоки охридски овоштар и земјоделец.

„Во најголем дел државата има предвид кој се бави со земјоделие. Луѓето ги имаат пријавено површините за користење на разни субевнции и на лесен и брз начин може да им овозможи несметано движење“, вели Стојаноски за овој сериозен проблем на производителите на храна.

Пластеничкото прозиводство ќе пропадне со вакви ригорозни мерки бидејќи ноќите се ладни  мора да се затвараат, а преку ден треба да се отвараат пластенците, а со ограничено движење оваа грижа не е возможна, вели Стојаноски. Покрај земјоделските посеви на удар се и овоштарниците. Доколку државата не најде механизми за да ни помогне ќе се соочиме со недостиг на домашна храна бидејќи голем број земји во светот се затвараат за извоз на храна, вели загрижено Стојаноски.

Многу од земјоделците и овоштарите ја испуштија можноста денес до 12 часот да поднесат барање до општинскиот кризен штаб за дозвола за движење во време на ограничено движење. Иако не значи дека по автоматизам со поднесеното барање и ќе добие дозвола за движење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top