Post Views: 1
Сите американски нуклеарни ракети во моментов се насочени кон океаните, за да се избегне опасноста случаен старт на таква ракета да доведе до нуклеарна катастрофа, ја пренесоа светските агенции изјавата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс дадена синоќа на брифинг во Пентагон.
-Сите наши интерконтинентални балистички ракети во моментов се насочени кон океаните, така што при случаен старт или технички проблем, боевата глава да падне на средина на океан, а не во некоја земја. . . Бомбардерите со нуклеарно оружје веќе не дежураат на пистите во состојба на готовност...
Post Views: 2
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04.2020 година), според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид седум лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево-6, Струга-1).Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.
На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 290 лица во изолација (Охрид-145, Струга-13,...
Post Views: 9
Во четвртокот е распишан меѓународен тендер за изградба на жичара во Црна Гора од Котор преку Ловќен до Цетиње, која со 14,7 километри би била најдолга на светот, рекол за новинарите градоначалникот на Цетиње Александар Богдановиќ.
“Понудите за претквалификација се доставуваат до 5 октомври. По одбирањето на концесионерот и издавањето на градежна дозвола, градбата на жичарата, во зависност од временските услови, ќе трае од 10 до 12 месеци”, рекол Богдановиќ.
Возењето Котор-Ловќен-Цетиње ќе трае 43 минути.
“Се уверивме дека постои интерес на потенцијални инвеститори,...
Post Views: 0
Територијата на Велика Британија е претворена во „вистински безбедносен рај“ за прикривање и престој на воени злосторници од разни краеви на светот, тврди во својот извештај организацијата за заштита на човековите права „Егис траст“.
Според сознанијата на оваа организација, преку 50 луѓе кои се осомничени за насилство врз цивили и политички противници, за тортура и за убиства, мирно живеат по разни британски градови, без страв дека може да бидат прогонувани, апсени и изведени на суд за извршените злодела. Меѓу овие луѓе, прибежиште во Велика Британија користат високи...
Post Views: 7
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.
Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.
Со ова вкупната бројка...
Post Views: 4
Иако најавите беа дека се брза со следниот конкретен чекор во барањето решение за излез од политичката криза – се споменуваше дека ќе има лидерска средба веќе денеска или најдоцна утре – сѐ уште никој не потврдува оти има некаква агенда за продолжување на преговорите во ваков формат.
Засега само СДСМ проговори за неопходноста од лидерска средба, во услови кога се исполнети условите за продолжување на преговорите со одложувањето на изборите и укинувањето на аболицијата.
„Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог, со цел што е можно поитно да се договорат...
Post Views: 0
Човекот со иницијали Т.М. од селото Крушар кај Чуприја, кој е уапсен под сомневање дека ја убил поранешната девојка Ивана Стојковиќ и нејзината пријателка Билјана Обрадовиќ, во текот на полициското испитување го признал злосторството, пишува белградскиот весник “Блиц“.
“Кој минал минута во друштво на Ивана, знае колкава загуба е ова…Ќе живее вечно во нашите срца, се надевам дека сега се на некој поубав и побезбеден свет“, ова се зборовите што Т.М. преку мобилен телефон ги објавил на социјалната мрежа “Фејсбук“, пишува “Блиц“.
Неколку часа подоцна е повикан на разговор...
Post Views: 1
Денот на планетата Земја се одбележува во период на пандемија кога планета се регенерира, кога е најмирна и најчиста, вели екологистот Ѓоко Зороски. Намалено е загадувањето на воздухот и водата, бучавата во големите градови , океаните, морињата езерата, вели Зороски.
„Можеби ова пандемија се случи во најдобро време сега е сезона за мрест на многу видови риби и во нашето Езеро кои не се вознемируваат од стрна ан човекот. Сезона е на гнездење на птици и парење на диви животни. Период кога треба најмалку да се вознемируваат дивите животни, а човекот е се помалку присутен...
Post Views: 2
Колку чини здравјето на граѓаните на општина Струга, прашуваат до ОК на ВМРО – ДПМНЕ од овој град. Од таму остро реагираат во врска со состојбата со водата за пиење. Перо Петкоски претседателот на општинскиот комитет вели дека граѓаните со право реагираат бидејќи во водата за пиење утврдено било присуството на бактеријата Ешерихија коли и други колиформни бактерии.
„Актуелната алармантна ситуација е преминување на сите граници и претставува еден вид биолошка војна со сопствените граѓани, господине Села! Граѓаните точно знаат дека снабдувањето со вода е исклучиво надлежност...
Post Views: 3
Wikileaks објави снимка на која е прикажано убиство на група ирачки цивили и двајца новинари на Ројтерс од страна на американски воен хеликоптер во предградие на Багдад во 2007-ма.
Администраторите на сајтот тврдат дека снимката е направена со камери на американски хеликоптер Апачи, но не сакале да кажат од кого ја добиле. За овој случај засега нема официјален одговор од Пентагон.
Сепак, Ројтерс и АП цитирале неименуван припадник на американската армија, според кого видеото е автентично.
На видеото се слуша радио комуникацијата меѓу пилотите и американските трупи на...
Post Views: 1
На пазарот на трудот во Охрид, во месец март се евидентирани 2858 лица кои активно бараат работа. Во моментов бројот на невработените лица евидентирани во охридскиот центар за вработување не бележи поголеми промени, информира Маја Биткоска Ташкоска, директор на центарот за вработување. Нема масовни отпуштање од работа од фирмите погодени од пандемијата.
„Нема драстично зголемување на бројот на невработени , дури и се појавува вработеност кај невработените лица во различни сектори“, информира Биткоска Ташкоска.
Споредбените податоци од оваа и минатата година покажуваат...
Post Views: 1
Другата терористка – самоубиец од московското метро е 28-годишната учителка по информатика Маријам Магомедов. Идентитетот го открил нејзиниот татко, кој на истражителите им потврдил дека неговата ќерка е втората „црна вдовица“, во чии терористички напади во московското метри загинаа 40 луѓе. Таткото додал дека неговата ќерка по студирањето се вработила во родното село како учителка по информатика. Таа била многу религиозна, но не покажувала радикални сфаќања.
Маријам Магомедов и претходно била обвинувана од локалните безбедносни структури, за врски со чеченските групи.
{loadposition...