Нова лидерска средба, само во најава

Иако најавите беа дека се брза со следниот конкретен чекор во барањето решение за излез од политичката криза – се споменуваше дека ќе има лидерска средба веќе денеска или најдоцна утре – сѐ уште никој не потврдува оти има некаква агенда за продолжување на преговорите во ваков формат.

 |   | 

Засега само СДСМ проговори за неопходноста од лидерска средба, во услови кога се исполнети условите за продолжување на преговорите со одложувањето на изборите и укинувањето на аболицијата.

„Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог, со цел што е можно поитно да се договорат и исполнат условите за да може Македонија да спроведе брзи, фер, слободни и демократски избори“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Партиски извори потврдуваат дека амбасадорите на САД и на Европската унија деновиве се среќавале со претставници на партиите за да договорат лидерска средба што би се одржала денеска или утре, но во исто време од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кога веќе СДСМ се залага за избори како единствен излез од кризата, преговорите би имале смисла само ако опозициската партија покаже дека ќе се држи до датумот за избори што евентуално ќе се договори, од кој зависат многу рокови.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повторуваат и ставот дека за нив ваква гаранција може да даде само потврдата на СДСМ за тоа дека Избирачкиот список е веродостоен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top