Сообраќајната полиција ќе врши интензивни контроли

Post Views: 3 Во услови на зголемена фрекфенција во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид, од секторот најавуваат интензивни контроли.Портпаролот на секторот укажува на потребата од крајна внимателност при управувањето на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефони при управување со моторни возила, моторцикли или велосипеди, користење на пешачките и велосипедски патеки. Полициските службеници интензивно ќе вршат контроли и ќе поднесуваат соодветни пријави, при констатирани...

Continue reading

che

Полска: За маица со ликот на Че Гевара две години затвор

Post Views: 3 Две години затвор за луѓето кои поседуваат комунистички и фашистички симболи, предвидува новиот кривичен закон на Полска. Со истиот сега подеднакво ќе биде казнувањето, доколку на пример на маицата е ликот на Че Гевара и на Адолф Хитлер, пренесуваат полските медиуми. Изменетиот кривичен закон, што стапил на сила пред два дена, се предвидува затвор за секој кој изработува, продава и поседува симболи на фашизмот и комунизмот. Активистите на Комунистичката партија на Полска вчера сами себеси си поднеле кривична пријава за поседување на забранети комунистички симболи. Тие...

Continue reading

Се расчистуваат исушените врби на просторот Мазија

Post Views: 7   Започна да се средува дрворедот на самиот езерски брег на просторот Мазија. Утрово беа исечени четири врби за кои било констатирано дека се исушени и се опасни за посетителите на паркот во овој дел од градот. Нити едно еколошко друштво не се јавило на повикот од општината да дадат свое мислење за сечењето на дрвата и да присуствуваат на терен доддека се врши сечата. „Ние сме отворени за соработка со сите па и со здруженијата. Не го минимизираме нивното размислување и важно ние да го слушнеме мислењето. Некогаш и ние може да погрешиме, да не корегираат. Она што го правиме...

Continue reading

Ноќта во Италија помина со нови 57 помали потреси

Post Views: 2 Италија продолжи да се тресе во подрачјето на големиот земјотрес и ноќта помеѓу четврток и петок каде беа урнати неколку села, а спасувачите сеуште трагаат по преживеани. Според националниот центар за земјотреси за време на ноќта се забележани 57 помали земјотреси, меѓу кои најсилни биле тие околу полноќ со интензитет од 3 до 3,8 степени, а од средата досега се забележани повеќе од 900 тресења на тлото. Спрема најновите податоци на цивилната заштита од четвртокот навечер, во земјотресот загинале најмалку 250 лица, а 365 се повредени. Властите сеуште не можат да го одредат...

Continue reading

kevin Costner

Кевин Костнер му претстави на Конгресот план за чистење на нафтената дамка

Post Views: 6 Американскиот актер Кевин Костнер го претстави пред американскиот Конгрес својот план за чистење на нафтената дамка во Мексиканскиот Залив. Познатиот актер пред конгресниот Одбор задолжен за истражување на причините на најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД вчера ја претстави технологијата на својата компанија, која се занимава со производство на машини за чистење на нафтени дамки, преку процес на одвојување на нафтата од водата, пред таа да стигне до брегот. Костнер на патентот за таа машина и за нејзиното производство, на кое работел заедно со својот...

Continue reading

Се бара место повеќе за закотвување на пловни објекти во Студенчишкиот канал

Post Views: 0   Место повеќе се бара за паркирање на пловните објекти во каналот Студенчишта. Сопствениците на глисери, кајчина и бротчина бараат безбедни места за да ги закотват пловилата по преземањето на дел од каналот под ингеренции на СРЦ Билјанини извори, информира директорот Гордана Јованоска. „Интересот за паркирање на глисерите и другите пловни објекти од оваа страна на каналот е многу голем. Капацитетот е исполнет сто посто и сите се задоволни од нашиот начина на работа, отвореност, транспарентност и љубезност на вработените. Сигурноста која ја имаат сопствениците на глисерите...

Continue reading

Денес прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Post Views: 8 На патниот правец А-2 Кичево – Охрид (помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани) поради изведување работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 13:00 ч – 15:00ч. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...

Continue reading

pink ribbon

Успешно тестирање на вакцината против рак на дојка

Post Views: 4 Експериментите на новата вакцина против ракот на дојка која се тестираше на глувци се покажа како успешна, само една доза на вакцината целосно го прекина појавувањето на болеста. Тимот на научници во Кливленд кои работеа на овој експеримент велат дека вакцината не само што го прекинува појавувањето на болеста туку го спречува и ширењето на веќе постоечкиот тумор.По успешното тестирање на глувците, експертите најавија дека тестирањето на луѓе може да започне следната година. Целосна изработка на вакцината се претпоставува да има за две години, а научниците се надеваат...

Continue reading

Денес 22 нови случаи на Ковид-19

Post Views: 1 Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти. – Скопје 16 – Куманово 10 – Прилеп 6 – Тетово 15 – Велес 1 – Крива Паланка 1 – Валандово 1 Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во...

Continue reading

diplomati

Матурантите од Јахја Кемал вистински дипломати

Post Views: 0 Соодветен код на облекување, став и држење, следење на официјален протокол но пред се дружба, размена на идеи и мислења. Матурантите од приватното средно училиште “Јахја Ќемал” организираа симулација на дипломатски прием кој навистина изгледаше уверливо и впечатливо. Тие рекоа дека ова за нив е еден интересен и возбудлив настан, но и настан кој ќе им помогне многу во нивните идни кариери. “Сметам дека е прилично важен манир, јас планирам да ги продолжам моите студии на меѓународно право или меѓународни односи, нешто во тој стил, затоа ова би ми било...

Continue reading

pcenka

Забранета пченка засеана во Германија

Post Views: 45 Германските власти на неколку локации во земјата открија обработливи површини засадени со генетски модифицирана пченка, чие одгледување е официјално забрането во рамките на ЕУ.Според сознанијата на весникот „Шпигл“, генетски модифицираната пченка е посадена на ниви во најмалку пет германски сојузни покраини, додека според телевизијата ЗДФ во дури седум. Организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ тврди дека на територијата на Германија се посеани вкупно 3.000 хектари со генетски модифицирана пченка и тоа пред се во сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Предна...

Continue reading

Се уредуваат зелените површини во приградските населби

Post Views: 4 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ се постојано ангажирани во подигнувањето на степенот на јавна чистота и јавното зеленило во градот и приградските населби. Во изминатите денови интензивно се уредуваа приградските населби. Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите, покрај граничниците, коловозите и другите пешачки и јавни површини во селата Подмоље, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и Косел.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top