Сообраќајната полиција ќе врши интензивни контроли

Сообраќајната полиција,  во услови на зголемена фрекфенција во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид, ќе врши интензивни контроли со цел подигнување на сообраќајната превенција и намалување на ризиците во сообраќајот. Полицијата ќе ги опоменува сите учесници во сообраќајот но и ќе казнува при констатирани неправилности.

 |   | 

Во услови на зголемена фрекфенција во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид, од секторот најавуваат интензивни контроли.Портпаролот на секторот укажува на потребата од крајна внимателност при управувањето на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефони при управување со моторни возила, моторцикли или велосипеди, користење на пешачките и велосипедски патеки.
 Полициските службеници интензивно ќе вршат контроли и ќе поднесуваат соодветни пријави, при констатирани неправилности, вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.

„Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно однесување, целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и на поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. “– вели портпаролот Димоски.

Димовски посочува  моторциклистите и велосипедистите, задолжително да користат заштитен шлем-кацига, пешаците исклучиво да ги користат обележаните пешачки премини а велосипедистите обележаните велосипедски патеки. Димовски ги потсетува сопствениците на моторцикли до 5о кубни сантиметри дека имаат законска обврска за задолжително  годишно осигурување на моторциклите.  Доколку малолетници се затекнат при управување со моторцикли, предвидената законска казна ќе ја сносат нивните родители. Димовски нагласува дека таксистите  треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и законот за превоз на патници во патниот сообраќај, да ги користат обележаните сообраќајни површини наменети за такси постојки, да не вршат двојно паркирање на коловозите и да ги отстрануваат возилата по дадени насоки од полициските службеници. Целта е зголемен степен на сообраќајна безбедност, елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди и подигнување на јавната сообраќајната култура, потенцира Димовски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top