Post Views: 0
Во Охрид и во примарната здравствена заштита и во Општа болница има недостиг на педијатри. Од четворицата педијатри, со колку што во моментот располага детското одделение во охридската болница, тројца се пред пензија, а двајца заминуваат после Нова Година. Матичните лекари не работат за време на викендите, па притисокот врз болницата е голем. Еден доктор дежура по 24 часа на секој четврти ден. Нема кој да ги замени и наследи, бидејќи нема млади педијатри на што алармиравме од порано велат матичните педијатри.
Ние тоа го предвидовме. Направивме анализа и тоа им го предочивме...
Post Views: 6
Почна да се поставува асфалт на дел од тротоарите на улицата 15-ти Корпус која е со должина на трасата од 2 км. За реконструкција на сообраќајницата која е северен влез на градот се обезбедени 58 милиони денари средства од владата и од општинскиот буџет. Преку ЈП Државни патишта за реконструкција на коловозот се обезбедени 28 милиони денари, а другиот дел се средства од буџетот на општината, напомeнува охридскиoт градоначaлник Константин Георгиески.
„Тротоарите кои ги асфалтираме , поставувањето на новото осветлување и поставувањето на атмосферската канализација се од...
Post Views: 0
“Да остане за децата…“ не е нешто што го помислува еден од најбогатите луѓе на денешницата. Бил Гејтс своето вртоглаво богатство планира да го остави на друго место, а не на банкарските сметки на неговите деца.
Своите милијарди основачот на Microsoft ќе ги намени на борба против сиромаштијата. Но, пред да се загрижите дека неговите деца ќе бидат сиромашни како просекот во Македонија, па почнете да им подготвувате зимница за тешките денови, знајте дека Гејтс сепак ќе им остави “делче“ од богатството.
„На своите деца, се разбира, ќе им дадам пари. Но, тоа нема...
Post Views: 1
Работниците кои поради корона кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Тие ќе добиваат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување во времетраење од два месеца. Надоместок ќе добиваат невработените лица на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година.
Владата на Република Северна Македонија одговори на потребата на граѓаните на кои им е неопходна парична поддршка затоа што го загубиле работното место во здравствено-економската...
Post Views: 1
Полјачката Урсзула Кулге мамела дека е службеничка во туристичка агенција и на измама долги години бесплатно живеела по хотели ширум Полска и уживала во ВИП третманот.Педесет и девет годишната госпоѓа имала фалсификувани документи и четири години патувала низ цела држава претставувајќи се како вработена во германска туристичка агенција. Во секој град престојувала во луксузни хотели, уживала во ВИП третманот, а и покрај тоа што не зборувала добро германски јазик, никој не се посомневал во нејзиниот идентитет. Кога ќе дошло време да плати за престојот и услугата, Урсзула...
Post Views: 30
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите се товарат дека за време на полицискиот час се движеле низ Охрид и со тоа не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.
Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи...
Post Views: 3
Турската војска и сириските бунтовници што ги поддржува Турција ги протерале милитантите на Исламската држава од последниот дел на територијата која ја контролираше ИД по должината на сириско турската граница, пренесе новинската агенција Анадолија.
Во неделата вечерта опозициска Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на свои активисти на теренот, објави дека Исламската држава ја загубила и последната своја територија кај сириско-турската граница која ја освоиле сириските бунтовници со поддршка на турските оклопни сили и воздушната...
Post Views: 7
Бетани Сторо од Ванкувер, Вашингтон тврдеше дека и пришла непозната афро-американска жена со чаша во раката и откако и рекла “Еј убава девојко, сакаш да го испиеш ова?” и истурила киселина врз лицето. Веднаш штом медиумите јавија за нападот, Сторо почна да добива поддршка од целиот свет и покани за гостување на бројни ТВ шоуа. Дури добиваше и донации за лекување.
“Тоа беше најболното нешто во мојот живот. Срцето ми сопре. Киселината ми ја проби облеката. Можев да почувствувам како ми го гори вториот слој од кожата. Никогаш претходно не сум ја видела таа девојка. Имаше...
Post Views: 1
Криволовците ја користат вонредната состојба и полицискиот час за нелегално изловување и профит.
Најризично е во селата Радожда, Калишта, Пештани и Трпејца. Се изловува и на „црно“ се продава ендимичната риба, која со децении е на работ на исчезнување.
Изминатиот период езерската полиција со засилени контроли, „улови“ рибокрадци со 300 парчиња разновидна риба и 220 рибарски мрежи. Поднесени се десетина кривична пријави.
– „Одземени се 122 килограми најразновидна риба околу 23 000 метри рибарска мрежа и повеќе други риболовни алата и прибор, секако одземени...
Post Views: 2
Консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп во својот извештај за 2016 година ја рангира Македонија на последното место според одржливиот квалитет на живеење.
Одржливиот квалитет на живот се мери со 44 различни индикатори, меѓу кои се: БДП по глава на жител, стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата и слободата на печатот.
Македонија е најлоша во Европа со оценка...
Post Views: 5
Откако неодамна ги советуваше девојките да се омажат за возрасни богаташи, каков што е тој, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, кој е познат во јавноста по своите гафови, изјави на собирот на младите од неговата партија Слободни луѓе, дека жените чекаат во ред да се омажат за него, пишува лондоснкиот весник „Телеграф“
– Жените чекаат во ред да се омажат за мене бидејќи сум добро момче, имам многу пари и знам како треба да се однесувам со нив, истакна 73-годишниот премиер и бизнисмен.
Тој повтори дека жените кои сакаат повозрасни мажи мислат дека тие побрзо...
Post Views: 1
Редица охриѓани чекаа да даруваат крв на вонредната крводарителна акција. Матуранти, претставници од јавните претпријатија, општинската администрација, полициски службеници, граѓани беа дел од хуманите луѓе кои даруваа крв. Многу од нив таа одлука ја донесле за прв пат во животот. Меѓу нив беше и охриѓанката Лидија Неданоска која стрпливо го чекаше својот ред за да дарува за прв пат крв.
„Искрено изминтиве три месеци и перидот кој што беше навистина тежок за целиот свет и за нас го испровицира она хуманото во нас да бидеме хумани и да помогнеме кој колку можеме и на...