Post Views: 0
Официјални лица од НАСА потврдиле дека во тек се тестирања за да се утврди дали космонаутите би можеле да бидат трајно испратени на црвената планета, или пка на нејзините месечини, каде би основале човечки колонии. Мисијата вредна повеќе милијарди фунти, наречена “Стогодишен вселенски брод“, е иницијатива на еден од главните истражувачки центри на НАСА-“Ејмс“, базиран во Мофет филд во Калифорнија. Агенцијата за напредни одбрамбени истражувачки проекти (ДАРПА) во Пентагон, исто така е вмешана во овој проект за колонизација. Портпаролот на ДАРПА изјавил дека на половината...
Post Views: 1
Ученичката Марија Ѓиноска од деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освои првото место на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ за оваа 2021 година. Нејзин ментор е наставничката Снежана Стојаноска.
Ѓиноска ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ кој беше закажан за декември годинава, но поради Ковид пандемијата одложен е за мај, 2022. Домаќин ќе биде Охрид, поточно нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“. На општинскиот натпревар се натпреваруваа вкупно осум ученици подготвени од менторите од: ООУ „Св. Наум Охридски“, ООУ...
Post Views: 1
Во согласност со препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од Корона вирусот COVID-19, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започна активноста за дезинфекција на јавните површини во градот.
Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, Градскиот кеј и чаршијата.
Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период. Исто така донесена е и одлука за зголемување на подготвеноста на капацитети на здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид...
Post Views: 0
Рускиот премиер Владимир Путин кој гради стил на мачо политичар покажувајќи борби со тигри и фалејќи се со својот црн појас во џудо, при завчерашната посета на Украина изгледаше како да му треба ладна облога за окото.
Главна вест во Руските медиуми е Путиновата модринката на окото. Украинските, Руските и новинарите од западните земји се прашуваат како дошло до неа. Новинарите велат дека Путин никогаш немал навика да се шминка пред јавен настап, а во Украина осамна со тешка пудра на окото под која се назираше модринка. Дали Рускиот премир имал фејслифтинг или лошо поминал...
Post Views: 4
Од синоќа Охрид се наполни со посетители од земјава. Најмногу од градовите кои се под карантин, затворени од вчера до понеделник наутро.Според слободните проценки над 20 000 возила вчера попладне го напуштиле Скопје. Во Охрид денес се сретнуваа гости од Скопје, Тетово, Куманово, претежно оние кои имаат викенд станови и апартмани на брегот на Охридското езеро. Граѓаните со поделени мислења, охриѓани стравуваат дека неконтролианата посета на гости од ризичните подрачја го загрозува нивното здравје, додека гостите велат ги почитуваат препораките. -„Убаво е вака раздвижено...
Post Views: 1
Една од најпознатите телевизиски водителки на Кипар, Елена Скордели е уапсена под сомнение дека го убила шефот поради отказот што го добила.
Елена и нејзиниот брат Анастасиос се уапсени под сомнение дека нарачале убиство на 42-годишниот Андис Хаџикостис, директор на најголемата медиумска куќа „Диас“. Медиумската куќа го поседува приватниот телевизиски канал „Сигма“, каде била вработена и Елена.
Според медиумите, Хаџикостис е убиен од страна на две момчиња со маски, кои од местото на настанот избегале со мотор.
По инцидентот познатата водителка е приведена во полициска...
Post Views: 0
Министерството за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 јуни Светскиот ден на животната средина со најава за изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро. Ресорното министерство во соработка со проектната канцеларија на Обединети нации за животна средина во земјава обезбедува поддршка на државата во проширување на мрежата на заштитени подрачја, како и поефикасно управување со заштитените подрачја, информира Искра Стојанова, претставник од канцаларијата на УНЕП. Една од целите на тековниот проект...
Post Views: 1
Данска овие денови бележи полна вработеност и како што предупредуваат властите мора да се пронајде начин за да се зголеми работната сила.
Данските медиуми наведуваат дека тамошните власти мора брзо да делуваат за зголемување на работната сила во земјата за да се избегнат евентуалните штетни последици врз националната економија.
Од Централната банка на Данска порачале дека невработеноста во земјата достигнала “структурално ниво”.
“Невработеноста достигна структурално ниво. Помеѓу невработените немаме резервни работници”, е наведено во извештајот на Централната банка на...
Post Views: 16
Италија ја тресе нов скандал, откако манекенката Руби, која потекнува од Мароко и најверојатно е илегален имигрант, објави дека имала секс со италијанскиот премиер, а како подарок тој и дал пари.
Таа тврди дека доброволно имала секс со Берлускони во луксузната вила во Аркора, во близина на Милано, пренесуваат италијанските медиуми.
Обвинителството објави дека отвориле случај за делото, но официјалната истрага сеуште не е започната.
Берлускони сеуште нема дадено исказ, додека од обвинителството се обидуваат да ја утврдат веродостојноста на тврдењата на девојката.
Ова...
Post Views: 7
Основното музичко училиште „Методи Патче“ во период од 1-ви до 10-ти јуни врши уписи за ученици во прво оделение за инструментите пијано и виолина и за четврто одделение за инструментите:флејта, гитара,кларинет и хармоника.
Пријавувањето по електронски пат на следниов линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSca6wRFLdQbuYAPKXiSDiaYxIQGIVMs63AB9FmfKwFxS2xj_Q/viewform
Заинтересираните ученици за термините за аудиција ќе бидат дополнително информирани на телефонските броеви кои треба да ги приложат во пријавата.
Дополнителни информации за уписите може да се добијат...
Post Views: 2
Одржување на оваа итна и неодложна собраниска седница е на барање на пратеничката група на СДСМ и опозицијата. Тие предлагаат итни мерки за помош на граѓаните погодени од временските непогоди.
Одржувањето ваква седница беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот се вели дека се очекува до почетокот на седницата Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.
Во...
Post Views: 1
Според весникот Bild, човекот којшто ја следел германската канцеларка Ангела Меркел, бил на околу 45-годишна возраст. Изминатиот викенд, како и за време на викендот пред две седмици, тој навлегол на имотот на Меркел во регионот Укермарк, северно од Берлин. Првиот пат тој заѕвонил на вратата од куќата кога канцеларката била во куќата, а воториот пат во куќата бил само нејзиниот сопруг Јоаким Зауер.Ова не е првпат непознатиот маж да се појави на имотот од германската канцеларка. Пред неколку седмици полицијата го сопрела и разговарала со него пред влезот на домот во кој...