Post Views: 4
Минатата недела цената на нафтата на светските пазари потона за повеќе од 4,5% а се проценува дека нерамнотежата помеѓу преголемата понуда и слабата побарувачка ќе продолжи повеќе отколку што се очекуваше.
На лондонската берза цената за барел минатата недела падна за 4,7%, на 45,77 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 6,2%, на 43,03 долари.
Инвеститорите минатата недела ги поколебала проценката на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за острото успорување на побарувачката која заедно со растот на резервите значи продолжување на нерамнотежата...
Post Views: 12
Статуата во малиот полски град, кој се наоѓа во западниот дел на земјата, е висока 33 метри, а е поставена на постоље високо 17 метри. Изградена е со приватни донации. Ја осмислил пак, локалниот свештеник Силвестер Зањадцки. На поставувањето на статуата се собрале неколку илјади луѓе. Според организаторите имало околу 20.000 верници, кој во рацете држеле знамиња на Полска и на Европската унија. Колосалниот кип на Исус во Полска предизвикал и спротивставености. Едни тврделе дека тој е кич и срам за земјата, додека другите имале став оти во малиот град ќе привлече голем...
Post Views: 22
Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските објекти , бидејќи договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда.
Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ја поздрави одлуката на Владата.
-Со ова очекувам конечно да се стави ред во искористувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро за туристички цели, кое се провлекуваше како проблем, години наназад и значително...
Post Views: 5
Според одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика зголемување има кај бензинот и кај дизелот од два денари.
Согласно методологијата за формирање на цените, горивата сега се поскапи во просек за 4,37%
Според тоа од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 чини 61,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава за 63,5 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ за 48 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 36,5 денари за литар. Цените кои ги корегираше регулаторното тело се однесуваат за следните две недели.
Post Views: 6
Обраќајќи им се на своите гласачи од изборната единица во Хирошима, Минору Јанагида рекол дека доволно му е да знае наизуст само две реплики кои може да ги искористи секогаш кога ќе биде прозван во Парламентот. Едната е “Нема да коментирам за одделни случаи” а другата “Делувам во согласност со законот и доказите”.
По еднонеделна жестока расправа, во која конзервативците од опозицијата упорно барале негова оставка, министерот свикал прес конференција, на која ја известил јавноста дека се повлекува од должноста. За својот гаф бил прекорен и од премиерот...
Post Views: 2
Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19. Од нив шест позитивни лица се од Охрид, еден од Луково и еден од Радовиш. Ова се само еден дел од земените брисеви од понеделникот и вторникот. Во ЦЈЗ се очекуваат резултатите и од останатите земени брисеви, информира директорот Сашо Точков .
„Од тие 8 случаи два не се со место на живеење во Охрид. Тие се од Луково, струшко и Радовиш. Шест случаи се од Охрид, од кои пет од позитивните се поврзани со новиот кластер во Охрид кој започна да се формира, поврзан со семејно групирање, семејна веселба и еден поединечен...
Post Views: 27
Потребна е итна санација на кровот на Заводот за нефрологија и дијализа, Струга. Причина за тоа е што истиот прокиснува при врнежи од дожд и снег. Како што обелодена директрот на оваа здравствена установа д-р Асим Муса, години наназад немало некоја посериозна инвестиција во инфраструктурни зафати, поточно уште од 1985 година од кога е изградена болницата. Повремено со помош на донации била заменета дограмата во некои од собите а со буџетски средства од установата се молерисувале просториите.
„Кровот е рамен и поминати се околу триесет години од кога е направена. Од...
Post Views: 13
70.000 евра од италијанскиот буџет отидоа за додавање на нов протетички пенис на 1.800-години стара статуа на богот Марс, која ги краси просториите на италијанскиот премиер, Силвио Берлускони.Италијанските власти потврдија дека на вредната статуа што датира од 175-та година пред нашата ера и која се наоѓа во официјалната резиденција на Берлускони во Рим и бил додаден нов пенис. Покрај пенисот на Марс, на скулптурата на Венера и е додадена рака.
Иако архитектот на Берлускони, Марио Каталано, тврди дека за интервенцијата не била потрошена ниту една лира, весникот Ла...
Post Views: 2
Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира сите,...
Post Views: 1
Хрватското ојкање, медитеранската исхрана, француската кујна, кинеската акупунктура и шпанското фламенко се најдоа на листата на УНЕСКО на светски нематеријални наследства вредни да се заштитат.
На листата на традиции стари со векови чие опстојување е загрозено од глобализацијата и урбанизацијата се најдоа и древниот ујгурски танц, турските борби во масло, технологијата за изградба на непропустливи прегради во традиционалните кинески бродови и техниката на принтање од кинекската провинција Жеџијанг.
“Не сакаме нештата да бидат заглавени во минатото, туку да ги зачуваме...
Post Views: 4
Позитивните законски прописи мора вистински да се применуваат за правилна урбанизација. Сите активности во иднина има да се спроведуваат согласно законската регулатива, истакна Кирил Пецаков, кандидат за Градоначалник на Охрид.
Во таа насока гарантираме решавање на предметите за бесправно изградени објекти поднесени во 2011, 2015 и 2016 година. Оние предмети кои се заглавени во фиока и имаат комплетна документација во рок од две години има да биде решен нивниот статус додека сите останати предмети до крајот на четиригодишниот мандат. Ќе ја прекинеме праксата на селективно...
Post Views: 7
Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. Од Националната установа ги чекаат насоките од Владата и Министерството за култура, информира Наташа Поповиќ, директор на Фестивалот Охридско лето.
„Одлучивме, но тоа секако е предлог, Фестивалот Охридско лето кога оваа година слави јубилеј, да се отвори на 4 август, кога почнал пред 6 децении и е роденден на фестивалот. Но, чекаме да се прогласи крај на пандемијата...