Граѓаните оставени без лични карти најавуваат протести

Post Views: 5 Пописот и изборите ќе бидат најкритични за 40-те илјади граѓани кои останаа без лични карти поради тоа што тоа што предвреме е сменет интерниот систем на министерството со новото уставно име додека во Собранието се блокирани измените на Законот за лични карти. На овие граѓани им се закнува можноста дури и да бидат избришани од Избирачкиот список, предупредува Народниот правобранител. Зибери се сомнева дека предлогот на избори да се оди со истечени документи може законски да се изведе. Граѓаните проблем ќе имаат и кога ќе имаат работа пред нотар, извршител, суд , јавен...

Continue reading

Започна уривањето на платформите во Струга

Post Views: 0 Започна уривањето на платформите во Струга. На атрактивните плажи долж брегот денес започна отстранување на платформите од езерото. Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби изврши увид на крaјбрежjето, најави дека ќе се отстранат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под Унеско. За разлика од Охрид каде се уриваат и објектите на плажите, во Струга угостителските објекти ќе продолжат да работат.  „Сите тие плаќаат такса како што е наложено во одобренијата од 2010...

Continue reading

Педијатријата како медицинска гранка е на изумирање

Post Views: 4 „Сега почнува дефицитот од педијатри, а ќе се соочуваме со пациенти кои нема да се следени соодветно“, напоменуваат искусните детски лекари од терцијалното здравство. Стравуваат дека на Детската Клиника ќе се испраќаат задоцнето, деца со неоткриени болести, посебно кога станува збор за ретките заболувања, напоменува детскиот нефролог, д-р Нора Абази Емини од Детска Клиника. Педијатрите се многу важни во здравствениот систем  и политиката за оваа специјализација кога требаше да не се кочи и да се размисли пред 10-тина години кога се правеа планови за специјализации....

Continue reading

Поголема побарувачка за аранжмани во охридските хотели пред Новогодишните празници

Post Views: 10 Поголема продажба на туристичките аранжмани за новогодишните празници во охридските хотели се очекува кон крајот на овој месец. Новогодишната ноќ во Охрид ќе ја дочекаат домашни гости, но и туристи од регионот од Албанија, Косово, Србија и поединечни патувања од други дестинации, кои ќе ги исполнат сместувачките капацитети од 80 до 90 посто, најавува Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, иако хотелиерите стравуваат дека ќе останат со полупразни капцитетети. Поради новиот сој на корона вирусот, состојбата во Европската унија и...

Continue reading

Повторно се манипулира со американскиот систем ВАЕРС за пријава на несакани ефекти по вакцинација

Post Views: 12 Тоа што некој починал по администрирана вакцина, не покажува причинско-последична врска со самата вакцина. Самата пријава на ВАЕРС не е доказ дека вакцината ја предизвикала смртта. Пријава до ВАЕРС може да достави и лекар и обичен граѓанин, дури и ако не е сигурен дека последицата настапила од вакцината. Пријавените случаи на ВАЕРС се неверификувани извештаи. Тоа што некој ќе пријави несакан ефект на ВАЕРС не е доказ дека вакцината го предизвикала ефектот. Рецензираме пост во којшто се тврди дека со вакцините против ковид-19, наводно, настрадале и биле убиени повеќе...

Continue reading

Лава голта куќи на Канарските острови

Post Views: 4 Вулканот на Ла Палма, остров на северозападниот архипелаг, еруптираше во неделата, исфрлајќи лава неколку стотици метри во воздух и испраќајќи ја кон Атлантскиот Океан. Тоа е прва вулканска ерупција по 50 години на тој остров сместен западно од Африка.  Островот е отворен – рече министерката Марото за радиото Канал Сур, нарекувајќи ја ерупцијата „прекрасна претстава“. Нема ограничувања за патување на островот. Всушност, споделуваме информации со туристите за да знаат дека можат да уживаат во нешто необично, да го видат со свои очи Нејзините изјави веднаш...

Continue reading

Српските туристи искористија 84.000 картички за бесплатна патарина

Post Views: 8 Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари. На 15 август се заокружија двата месеца, кога на граничниот премин Табановце српските туристи добиваа бесплатни М смарт-картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија. Во мај годинава Владата одлучи за српските возила што транзитираат низ Македонија во периодот...

Continue reading

Ќе се реконструира патот до село Подгорци

Post Views: 0 Потпишан е договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струга, како носител на проектот. Станува збор за проектот – реконструкција на патот до село Подгорци. –За овој проект се издвоени средства во износ од 6.000.000,00 денари од Бирото за регионален развој како и средства од Буџетот на Општина Струга во износ од 3.000.000,00 денари.-информираат од Општина Струга. Огласот за тендер е во тек.

Continue reading

Во тек се уписи за Бреинобреин едукативната програма во Охрид

Post Views: 4 Во тек се февруарски уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини...

Continue reading

ГРК Охрид утре го пречекува тимот на Радовиш

Post Views: 14 Серијата на полесни натпревари охридските Гладијатори ја продолжуваат против ракометниот клуб Радовиш, кој во досегашното првенство по 14 кола има забележано само една победа. Фаворитската улога е неспорна, анализира пивотменот Филип Грубор кој се навраќа на текот од првиот дуел на овие две екипи. Првиот натпревар кој го игравме на гости со Радовиш беше тежок во првото полувреме бидејќи имавме многу промашени зицери.Иако првото полувреме заврши во наша корист со 3 гола разлика, многу се намачивме. Во второто полувреме одигравме како што треба и победивме со 7 голови...

Continue reading

Кенеди никогаш не докажал на Врховниот суд дека задолжителната вакцинација треба да се укине

Post Views: 2 Врховниот суд на САД никогаш не одлучил за укинување на задолжителната вакцинација. На веб страницата на највисоката северноамериканска судска институција која ги објавува сите казни, нема одлука за поништување на задолжителната вакцинација. Тврдењето изнесено во текстот дека судската пресуда ја принудила американската Влада да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), исто така, не е точно. Роберт Ф. Кенеди Jуниор е познат по своите изјави против вакцини, но без научна поддршка. Проверувачите на факти од повеќе светски сервиси, како сервосот...

Continue reading

Најмалку осум мртви при вооружен напад во руски универзитет

Post Views: 5 Најмалку осум луѓе се убиени, а неколкумина повредени кога вооружен напаѓач отворил оган во Универзитетот во градот Урал во Перм, на околу 1.400 километри источно од Москва, по што бил ликвидиран. Осомничениот е идентификуван. За време на апсењето, тој пружи отпор и е ранет – се вели во соопштението. Локалните медиуми јавија дека напаѓачот влегол во една од зградите на универзитетот и отворил оган. Телевизијата РЕН објави снимка од луѓе кои скокаат од прозорците на вториот кат во една од зградите. Младиот човек е идентификуван како Тимур Бекмансуров. Руските...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top