Post Views: 2
На 6 ноември, оваа сабота точно во 12 часот, истекува рокот за аплицирање на Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат. Апликацијата автоматски ќе биде затворена напладне.
„Од 4 октомври до 6 ноември е аплицирањето за Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, a првпат годинава тоа се врши по електронски пат. Тоа ќе го скрати и времето за чекање на резултатите. За идната година, и покрај пандемијата,...
Post Views: 0
Угостителите и хотелите ги почитуваат протоколите за безбедност од Ковид 19. Градот Охрид е еден од ретките каде што навреме сe спречува организирање забави со превентивно делување на службите од ДПИ и другите служби како што е МВР и останатите инспекторати. Благодарение на нашиот ангажман досега протоколите се почитуваат, информира Цветко Ристески, раководител на подрачната единица на ДПИ.
„Таму каде што бевме известени дека е планирано да се одржуваат музички настани, а јавноста како што знае според протоколите музички настани со естрадни уметници се забранети да се...
Post Views: 7
Граѓаните на Малта, каде што разводите се забранети, на референдум денеска треба да одлучат дали да се прифати разводот.Сега жителите на Малта може да се разведат само во друга земја или ако еден од брачните партнери не е државјанин на Малта и поднесе барање за развод, пренесе Би-би-си.
Католичката црква и владејачката националистичка партија се против легализирањето на разводите.
Нацрт-законот во Малта предвидува брачните двојки да можат да се разведуваат, откако четири години живееле разделени и ако сите членови на семејството се обезбедени.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Електрика , железарија, бои и лакови, алати, опрема за заштита при работа, водовод, санитарија, плочки, бела техника и се друго потребно за домот по најдостапни цени од денеска можете да го најдете во новиот маркет на Електрометал во Охрид, лоциран кај фабриката Братство. Со проширување на продажната мрежа и во Охрид го зацврстуваме Електрометал како водечки DIY бренд во нашата земја“ кажа директорот на малопродажба Иван Калинов на свеченото отворање.
„Ширењето на малопродажната мрежа е стратешка определба на Електроелемент, а со отворањето на овој маркет во Охрид,...
Post Views: 1
Шеснаесетгодишен британски ученик го собори светскиот рекорд и стана најмладата личност која се искачила на највисокиот светски врв Монт Еверест, известуваат организаторите.
George Atkinson од градот Сурбитон успеа во четвртокот да се искачи на највисокиот врв во светот и да го собори светскиот рекорд , објавено е на интернетските страници на британското алпинистичко здружение Adventure Peaks.
Аткинсон на 8.850 метри високиот врв на светот се искачи три дена пред својот 17-ти роденден.
Претходниот рекорд го држеше Американецот Џони Колинсон кој највисокиот врв на светот...
Post Views: 9
Единаесетгодишно дете, неподвижно и болно од детска парализа чека институционална грижа. Пред еден месец прво го напушта таткото, а од пред една недела и мајка му. Сега болното дете е оставено на милост на соседите под надзор на социјалните работници. Детето прима терапија , консултиран е матичен лекар и психијатар. Се бара институција или згрижувачко семејство да се грижи за напуштеното дете, информира Ајтен Мусли, директор на Центарот за социјални работи од Охрид.
„Три дена работиме на случајот но заради Ковид 19 многу се ограничени капацитетите за сместување на детето....
Post Views: 4
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари по литар.
Според oдлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 60 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 62 денари, Еуродизелот за 47 денари и Екстра лесното масло за домаќинството 35,5 денари за литар.
Се намалува и цената на мазутот и ќе се продава по 21,947 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта изнесуваше 44,073 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 55,9 денари.
Post Views: 4
Две шпански фирми кои произведуваат краставички се под истрага во врска со ширењето на бактеријата ешерихија коли од која во Германија починаа пет луѓе, а повеќе од 200 се инфицирани, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Според наводите на тоа Министерство, информацијата за можно поврзување на двете фирми од Шпанија со смртоносното ширење на бактеријата ешерихија коли во Германија е добиена од Системот на Европската унија(ЕУ) за рано тревожење во врска со храната и исхраната.
Не е јасно, се наведува во соопштението, дали бактеријата веќе постоела во краставичките,...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 4
Земјотресот бил со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар EMSC, а Американскиот геофизички институт USGS ја ревидираше првичната магнитуда од 7,1 на 6,6 степени. Епицентарот е регистриран на длабочина од 10 километри, на 68 километри југоисточно од Перуџа, односно меѓу Перуџа и Мачерата во местото Норча.
Епицентарот на овој земјотрес е во истото место како и неодамнешните потреси до 26-ти октомври, меѓу градовите Норча, Пречи и Кастелсантанџело сул Нера.,
Потресот во 7,41 часот се осети и на северот и на југот од Италија,...
Post Views: 7
Никој нема да ја добие наградата од 10 милиони долари за апсењето на Ратко Младиќ, изјави координаторот на српската влада за односи со јавност Слободан Хомен.
„Ратко Младиќ е уапсен во рамките на редовните оперативни активности на органите на безбедноста на Србија а не по дојава“, изјавија за Танјуг од службите за безбедност.
Хомен за Танјуг изјави дека никој од припадниците на службите за безбедност и полицијата нема да земат ни цент од 10 те милиони долари награда која беше предвидена за информација за криењето на Ратко Младиќ.
„Апсејќи го Младиќ тие само си ја вршеа...
Post Views: 0
Високи цени за влез и посети на локалитети во НП Галичица и отстуство на чуварска служба за наплата на влезот, се реакции кои стигнаа до редакцијата на ТВМ. На четворица граѓани неодамна им било наплатено по 200 ден од лице и тоа, како што велат, на излез после кратката прошетка, а кога влегувале немало наплатна служба. Овие коментари од вљубеници во планинарењето и Галичица беа повод да упатиме низа прашања до НП меѓу кое како се информираат посетителите и како функционира чуварската служба на паркот. Дали има промена на ценовникот за посети во НП, дали на наплатните...