• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВО САБОТА ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ОНЛАЈН АПЛИЦИРАЊЕ НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

ВО САБОТА ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ОНЛАЈН АПЛИЦИРАЊЕ НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

На 6 ноември, оваа сабота точно во 12 часот, истекува рокот за аплицирање на Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат. Апликацијата автоматски ќе биде затворена напладне.

 |  Голабовски Крсте  | 

На 6 ноември, оваа сабота точно во 12 часот, истекува рокот за аплицирање на Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат. Апликацијата автоматски ќе биде затворена напладне.

„Од 4 октомври до 6 ноември е аплицирањето за Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, a првпат годинава тоа се врши по електронски пат. Тоа ќе го скрати и времето за чекање на резултатите. За идната година, и покрај пандемијата, се проектира поголем буџет за културата од оној за 2021 година, кој беше намален за околу 150 илјади евра“, изјави министерката за култура Ирена Стефоска.

Министерството, како и министерката за култура Ирена Стефоска, апелираат до културните институции и работници, од  практични, технички причини, да не се чека последниот миг за поднесување на пријавите.

Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври.Во Министерството за култура досега стигнале 600 пријави, за разлика од лани, кога стигнале над шест илјади пријави.Министерката за култура Ирена Стефоска, во најавата за онлајн аплицирањето на 4 октомври кажа дека до лани, секоја пријава поединечно рачно се заведувала во архивата. Секоја од тие 6.000 пријави рачно се проверувала дали е комплетна. Потоа, секоја од тие 6.000 пријави рачно се проверувала дали соодветствува на поставените услови по дејност и секоја пријава рачно се внесувала во компјутер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top