Post Views: 0
Директорот на институтот Роберт Кох, установа задолжена за јавното здравје во Германија, Рајнхард Бургер изјави дека епидемијата од смртоносната бактерија Ешерихија коли би можела да потрае со месеци.
Според него можно е изворот на заразата никогаш да не се дознае. Тој изрази разбирање за шпанските земјоделци, кои лажно беа обвинети дека нивните краставици се извор на болеста. Шпанија во меѓувреме ја разгледува можноста за тужба против властите во Хамбург поради штета од 200 милиони евра.
Досега умреа 17 луѓе, а над 1500 се заразени главно во Германија или лица кои...
Post Views: 3
Екипите на ЈП Нискоградба го спречија понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта. Во текот на вчерашниот ден во долниот дел од каналот беа забележани фекални отпадни води кои еколошки го загрозуваат овој дел од крајбрежјето. Реакции за загaдување на водата пристигнаа од граѓани и екологисти. Ова не е прв пат да се случи ваков еколошки проблем на тој потег во каналот, инцидентно се појавува веќе подолго време. Нина Трендфилова, помошник директор на оперативно технички работи во ЈП Нискоградба, кажа дека нивните екипи ја испитале фекалната и атмосферска канализација...
Post Views: 2
Со ориентирањето на нискобуџетни компании на патниците им се овозможува прилика да патуваат до Братислава по цена од две евра во еден правец, додека за Берлин можат да се купат билети и за пет евра со компанијата Ryanair.
Аеродромот Константин Велики во Ниш бележи сѐ поголем број патници и станува еден од водечките мали аеродроми во регионот. Од него летаат компаниите Wizz Air и Ryanair, а цените на некои билети се по две евра. Патниците се задоволни, бидејќи билетите се евтини, па повеќе им се исплати да дојдат од Белград до Ниш за да летаат кон некои дестинации.
Вкупниот...
Post Views: 1
Забраната за пушење во новозеландските затвори ќе стапи на сила од 1 јули. Во интерен извештај на затворот Инверкаргил, во јужниот дел од земјата, се наведува дека затворениците дневно ќе добиваат по две парчиња морков додека се одвикнат од пушење.
Претседателот на синдикатот на затворски чувари, Бивен Хенлон, за весникот „Саутленд тајмс“ рекол дека кога слушнал за проектот помислил дека е шега.
„ Не сум сигурен дека е тоа фантастична идеја, но зошто да не се обидеме“, рекол тој.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Лицата со посебни потреби се рамноправни и активни граѓани во општеството и затоа мора да се воспостави сервис и поддршка на оваа категорија граѓани во насока на признавање на нивните потреби, приоритети и желби. Ова беше заклучено на работниот состанок за имплементација на Националната стратегија за деинституционализација на која присуствуваше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот Георгиески истакна дека општината во континуитет реализира проекти од социјалната сфера, а тоа ќе го продолжи и во иднина.
На средбата се презентираше проектот „Поддршка...
Post Views: 3
Во Струга денес за прв пат беше презентирана програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд во Македонија. Како што открива М-р. Златко Самарџиев, националниот програмски координатор на ГЕФ, постои голем интерес на струшките здруженија за овие грантови. Тој рече дека постојат прашања и проблеми на струшкиот невладин сектор кои би можеле да бидат адресирани на програмата за средства за мали грантови
„Правилата на програмата за мали грантови се, дека само здруженијата на граѓани имаат права на овие средства, додека пак средните и големите грантови на ГЕФ се...
Post Views: 3
Германија ја доживува својата најсува пролет од почетокот на мерењето на количините на врнежи во 1893 година и најсончева пролет во изминатите педесетина години.
Според германската метеоролошка служба DWD, оваа пролет во Германија паднале само 88 литри на квадратен метар, што е најниска количина од кога се води евиденција.
Нивото на повеќето германски реки во мај е на најниско историско ниво за овој дел на годината.
Земјоделците во цела Франција се повикани да штедат водата, а отворени се и механизми за финансиска помош на најпогодените. Така цената на сламата е замрзната...
Post Views: 5
Поминаа 40 години од денот кога за прв пат охридска планинарска експедиција го освои врвот Мон Блан на Алпите, највисокиот врв во Западна Европа од 4.810 метри.
За подвигот на Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Тони Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Киро Филев, на иницијатива на Кирил Димоф- Гафиљ, беше изработена и специјална документарна Тв емисија „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“, во која се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.
Post Views: 0
ЦИА предупредува на воен преврат во Грција заради жестоките економски мерки и очајната состојба на земјата, пишува германскиот весник „Билд,,.Според таблоидот, ЦИА во својот извештај споменувала дека протестите по улиците на Атина можат да доведат до растечко насилство и на тој начин до револуција и оти како последица на тоа грчката влада ќе ја загубела контролата во земјата. Весникот наведува и извештај на ЦИА во кој се споменувало евентуален воен преврат, во случај ситуацијата во Грција да излезе надвор од контрола.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.
Министерството за здравство информира дека во периодот од 5-ти до 10-ти јануари направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектиран Омикрон.
Омикрон сојот е откриен во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – седум, Тетово – шест, Велес – пет, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по два и Виница, Неготино,...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 517 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 1
Русија уништи половина од 40 те илјади тони хемиско оружје и тоа една година пред рокот, предвиден со меѓународните обврски. Ова денеска во Москва го соопшти шефот на Федералната агенција за уништување на хемиското оружје Валериј Капашин. Русија и Соединетите држави имаат огромни залихи кои мора да бидат уништени до идната година.
{loadposition content9}