Спречено понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта

Денес на терен службите се соочиле со  затната канализациона мрежа и прилив на големи количини вода што довел до мешање на фекалната и атмосферската  канализација во населбата  Бејбунар. Точните причини за излевањето на фекалии во водите на езерото ќе се утврдуваат во следните денови. 

 |  Валентина Неловска  | 

Екипите на ЈП Нискоградба го спречија понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта. Во текот на вчерашниот ден во долниот дел од каналот беа забележани фекални отпадни води кои еколошки го загрозуваат овој дел од крајбрежјето. Реакции за загaдување на водата пристигнаа од граѓани и екологисти. Ова не е прв пат да се случи ваков еколошки проблем на тој потег во каналот, инцидентно се појавува веќе подолго време. Нина Трендфилова, помошник директор на оперативно технички работи во ЈП Нискоградба, кажа дека нивните екипи ја испитале фекалната и атмосферска канализација од езеро до пресекот со улица Карпош Војвода.

„При тоа утврдија дека доаѓа поголеми количина вода и се пронајдени предмети на кои не име место во системот за одведување фекални води. Екипите денес презедоа лоцирање на одредени места, а испитувањето на доаѓањето вода ќе продолжи во наредните денови. Од понеделник ќе имаме точна слика што се случува на тој потег и ќе се преземат мерки за да нема повторно излевање на фекалии во езерото“ , вели Трендафилова.

Стручните екипи на ЈП дополнително ќе ја испитуваат целата канализациона мрежа на овој потег за да утврдат дали има диви приклучоци, вели Трендафилова.

Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор чија обврска е заштита од загадување на водите на Охридското езеро надлежноста за проблемот ја лоцира кај ЈП Нискоградба. Напомена дека во иднина ќе бараат заедничко решение со ЈП Нискоградба за каналот што одведува атмосферска вода од населбаат Бејбунар да не преставува опасност од загадување на езерските води.

Ова е проблем кој треба да го реши Нискоградба, а потоа заедно да видиме во иднина што со тој канал што одведува атмосферска вода која не би требало да е загадена и да е опасност за водите на Охридското езеро“.

Проблемот кој се споменува не е од нашиот колекторски систем туку е канал кој одведува атмосферска канализација, а се јавува проблем кога доаѓа до мешање на секундарната и атмосферската канализација во населбата Бејбунар, напоменува Алексијоски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top