Post Views: 0
Ноќеска во 1.З5 часот земјотрес со магнитуда од 5,0 степени повторно ја погоди централна Италија, а епицентарот бил на околу 51,5 километри југоисточно од Перуѓа.
Потресот бил на длабочина од само 10 километри што допринесол на зголемено тресење на површината. Потрес со магнитуда од 5,0 степени се смета за умерен, но може да предизвика значителни оштетувања, особено на градбите со полош квалитет.
Земјотреси со магнитуда од 5,5 и 6,1 го погодија истото подрачје на 26 октомври, а во неделата беше измерено тресење од 6,6 степени. Засега не се познати размерите на штета...
Post Views: 0
Норвешкото Статистичко централно биро (ССБ) проценува дека до 2014 година во Норвешка ќе бидат отворени 220.000 нови работни места, од кои поголемиот дел се очекува да бидат пополнети со работна сила од странство, пишува норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“.
– Побарувачката бележи силен раст во норвешката економија. Како приватната потрушувачка, така и инвестициите, ќе имаат силен раст, вели директорот на ССБ, Ханс Хенрик Шел.
Прирастот најмногу се очекува во норвешките привтани сектори како нафтената индустрија, граджниот сектор и во хидроенергетските објекти.
{loadposition...
Post Views: 5
Владата на Република Северна Македонија информира дека досега не ги одземала ингеренциите за управување со отпадот на ниту една општина во земјата. Надлежноста и обврските за собирање, селектирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад, како и одржување на нестандардните локации за отстранување на отпадот се на единиците на локалната самоуправа, односно општините.
Законот за управување со отпадот ја дава единствено можноста Владата на Република Северна Македонија да ја преземе обврската за воспоставувањето на регионалниот систем, доколку општините не го сторат...
Post Views: 3
„Справување со предизвиците во стоматологијата“, тема на Меѓународниот стоматолошки конгрес кој деновиве се одржува во Струга. Импознатни имиња ќе ги презентираат најновите сознанија за стоматологијата.
„Стоматологијата со галопирачки чекори напредува, секои две недели пристигнува нов материјал. Најинстантниот начин да дојдат стоматолозите до сознанија за новитетите се токму конгресите, семинарите, симпозиумите…Третирањето на разни болни синдроми во максило фацијалната регија, најнов начин на третмани со заби, најнови материјали за изработка на коронки“ – истакна...
Post Views: 2
Италијанците му се спротивставија на премиерот Берлускони на референдум, кој им порача да го бојкотираат. Во доволен одзив, со 95 проценти од гласовите, му кажаа „Не“ на законот за приватизација на водените ресурси и на обновувањето на нуклеарната енергија.Тие се спротивставија и на законот за имунитет од судски прогон за министрите, што значи дека Берлускони нема да ги избегне судењата за финансиска измама и случајот рубигејт.
На прес конференција со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху, италијанскиот премиер се шегуваше за да не покаже слабост:
„Сликата е...
Post Views: 2
Во тек се завршни градежни активности за реконструкција на улицата „Охридска Бригада“.
Во текот на вчерашниот ден се изврши поставување на првиот слој асфалт, а во текот на наредните денови ќе биде поставен и завршниот слој на асфалт.
Проектот за реконструкција на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 2.000.650 денари.
Post Views: 9
Десерт од банани, сладолед и ликер од банана се претворил во вистинска катастрофа. Откако келнерот го запалил десертот додал уште малку ликер, по што се запалило шишето и настанала експлозијата во која настрадале четири лица.
Откако слаткиот десерт во ресторан во Палм Бич на Флорида се претворил во експлозија, една девојка (25) и еден 56- годишен маж се здобиле со изгореници од прв и втор степен, а други две лица биле полесно повредени.
“Келнерот правел десерт во кој треба да се запали алкохол. Во еден момент, додека горел, додал уште ликер, по што шишето се запалило....
Post Views: 0
На 15.01.2022 година во 11.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во планински појас кај месноста „Бегутинец,” во близина на селото Велгошти, пронајден е починат Н.Т. (54) од истото село.
Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство, а увид извршија полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Post Views: 0
Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, поради асфалтирање на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“, што ќе се реализира утре 28.07.2020 од раните утрински часови, потребно е да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности.
Дополнително поради градежните активности за асфалтирање и уредување, кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во текот на утрешниот ден.
Post Views: 0
Научниците од институтот IZI во Лајпциг тврдат дека пронашле решение за сите отпорни бактерии.
Било да се работи за теорија на заговор за новиот вид на бактерии како што е Е коли генетски направени и пуштени во свет поради профит, или се работи за претерано користење на антибиотици на кои бактериите веќе се прилагодиле, факт е дека: антибиотиците веќе не можат да ја понудат таа заштита на човечкиот род, како што некогаш ја овозможувале.
Одговор – антимикробски пептиди
Научниците од институтот IZI од Лајпциг нашле алтернативен начин за борба против сите отпорни...
Post Views: 4
Откако повторно ја доби довербата од жителите на Општина Дебрца, Градоначалникот Зоран Ногачески, веднаш се зафати со работа. Тој на неговиот официјален фејсбук профил објави дека започнува реконструкцијата на фудбалското игралиште во селото Мешеишта.
Започнавме со реконструкција на фудбалското игралиште во с.Мешеишта. Како што претходно напоменав тендерската постапка за овој проект веќе беше завршена пред Локалните избори, а од вчера изведувачот започна со градежните активности. Вредноста на договорот е 1.359.537 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината. Продолжуваме...
Post Views: 1
Има зголемени количина на отпад од вообичаено на охридските плажи и во градот, информираат од ЈП Охридски комуналец, по зголемената посетеност со домашни туристи овој викенд на крајбрежјето и градот. Стевчо Маслов од ЈП, вели се соочуваме со девијантни појави и некултурни граѓани кои го депонираат отпадот каде што не му е местото и се создава грда слика за градот како туристички центар.
„Во овој период дневните количини на отпад кои ги собира ЈП се околу 300 метри кубни комунален отпад, околу 20 метри кубни хартија., Неделено празниме пластика и собираме колку 50 м3...