Post Views: 40
Диви кампери цело лето распослани во селото Љубаништа. На плажата пред авто кампот, секојдневно има поставени шатори и автомобили, каде нелегално кампуваат гости. Екипата на ТВМ затекна десетина импровизирани шатори , а според паркираните возила ги имаше од Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево Прилеп и други градови. Немаат струја, ниту вода , ниту тоалети. Надлежните од автокапот состојбата ја пријавиле во полиција. „Ние се обидуваме да направиме ред во нашиот камп за жал во непосредно соседство се наоѓа еден неорганизиран простор на кој слободно доаѓаат...
Post Views: 1
Чешките туристи кои патуваат во Хрватска се жалат дека цариниците со сексуални инсинуации и „пипкања“ со изговор дека вршат проверка за присуство на дрога ги провоцираат.
Чешките весници до оваа информација дојдоа трагајќи по причините за долгите колони на хрватската граница на кои последните денови се жалат чешките туристи.
– Веќе никој нема да ме натера да патувам во Хрватска. Не е само чекањето, изгледа не им се допаѓавме на цариниците и моравме да отвораме се и куферите и торбите. Со девојка ми не „пипкаа“ по телото да не имаме нешто, се жали еден незадоволен...
Post Views: 8
Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 32-Куманово 4-Штип 5-Тетово 7-Кавадарци 8-Гостивар 8-Струмица 1-Кочани 1-Пробиштип 2-Македонски Брод 2-Виница 1-Свети Николе 1-Кичево 2-Неготино 1
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:
-Скопје 50-Куманово 16-Прилеп 2-Тетово 5-Струга 28-Охрид 18-Гостивар 2-Крушево 1-Кочани 1-Македонски Брод 1-Кратово 1-Свети Николе 10-Кичево...
Post Views: 4
Кенет Ероу професор во пензија и добитник на Нобелова награда за економија во интервју за “Дојче веле“ вели дека Грција мора да банкротира бидејќи нејзиниот долг веќе го отплатуваат другите земи членки.
“Нека банкротираат. Тие се виновни што грешеле. Ми се чини дека Европа е доволно богата за да го прими тоа“, додава Ероу.
Неспособноста да се подмират обврските по основ на обврзници едноставно значи еден лош долг да биде токму и така третиран.
Европските банки во својата актива немаат многу грчки обврзници и најдобро би било да ја прифатат загубата по истите.
Идејата...
Post Views: 0
Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.
При контролите, во автокампот и плажата „Градиште“...
Post Views: 0
Државната изборна комисија(ДИК) во четврток ќе одржи седница на која ќе расправа по приговорите што во врска со неправилностите на неделните избори ги поднесоа СДСМ и движењето Беса, пренесува „Мakfax“.
„Државната изборна комисија известува дека седницата за расправање и за одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи на 15 декември. За точното време на одржување на седницата ДИК навремено ќе ги извести овластените претставници, акредитираните набљудувачи и медиумите“, соопшти во средата ДИК.
Приговорите на Беса се однесуваат...
Post Views: 0
Владата на Непал нареди повторно да се измери „покривот на светот“ Монт Еверест, за да се утврди колку е навистина висок, соопшти денеска еден од официјалните лица во Катманди.
Непал ја признава висината на монт Еверест од 8848 метри, која важи со децении. Но, Кина и алпинистите од западните земји од неодамна почнаа да изнесуваат други процени.
Подготовките биле во тек, а се планира на врвот на Еверест да се постават направи кои ќе ја измерат висината со помош на сателитска технологија ГПС. Поставувањето на тие направи на три различни локации и другите подготовки ќе...
Post Views: 1
Вчера во 18 часот и 30 минути, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 19 годишен скопјанец удрило во пешак (58 годишна) М.Т.од Охрид. Жената била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите. На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. Ова е прва сообраќајна несреќа во Охрид со жртва за време на летната сезона кога е зголемена фрекфенцијата на возила.Во текот на јуни и јули во...
Post Views: 2
Facebook добива нова улога, да ја научи апликацијата Messenger да му го пласира, по пат на реклама, она што корисникот го сака.
Корисниците и трговските фирми ќе можат да користат chat ботови на Messenger за праќање реклами до корисниците кои ги користеле нивните услуги, а потоа и на сите корисници на таа апликација, а ќе се користат со алатки за целно рекламирање.
Рекламите ќе имаат рекламна порака, линк до производите и слика која му се нуди на потенцијалниот купувач. На пример, доколку со некого зборувате за подароци и се задржите на некоја идеја, во иднина ќе примате...
Post Views: 6
Главниот министер на индиската држава Керала, Омен Чанди поставил веб камера во својата канцеларија, за да може секој корисник на интернет во секој момент да види што тој прави.
„Наместо акција против корупцијата, ми се чини дека прво треба да се создаде атмосфера каде што работите се прават транспарентно. Нашите луѓе мораат да знаат сè“, изјави министерот, пренесува Њујорк Тајмс.
Првиот ден во преносот во живо се вклучиле околу 100.000 луѓе, а овој петок регистрирани се 293.586 логирани.
Преносот оди без тон, па посетителите можат само да читаат од усните што се разговара....
Post Views: 0
Активистите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“, како заложба го имаат фокусот на унапредувањето на животната средина, но не го изоставуваат и квалитетот на живот кој мора постојано да се унапредува. Односно, сите придружни работи кои се подразбираат под унапредувањето на животната средина и квалитетот на живот.
Иако ги поздравуваат заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, велат дека нивниот концепт мора да се унапреди и доработи.Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени.
Освен обележувањето...
Post Views: 0
Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, утре во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одржи концерт.
Концертот е закажан со почеток во 20 часот. Ансамблот „Танец” преставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении.