Post Views: 7
Унгарската полиција уапси маж, за кого се сомнева дека живи закопал најмалку шест лица. “Ѕверот од Будимпешта“, како што го нарекуваат медиумите, ги ограбувал своите жртви, а потоа живи ги закопувал на остров на Дунав, во јужно предградие на главниот град на Унгарија.
Претпоставките се дека тој имал уште двајца помошници, бездомници, покрај шестмината приведени соучесници. Полицијата во Будимпешта дознала за злосторствата од романски државјанин, кој успеал да преживее, да се откопа самиот, да го совлада кучето оставено да ги чува лешовите, и да побегне. Неговите напаѓачи...
Post Views: 11
Охридското основно училиште „Братство Единство“ доби награда Европска ознака за квалитет. Во проектот учествувале педесетина ученици од Турски наставен јазик од прво до деветто одделение во осум проекти од природните и општествените науки. Учениците минатата година се вклучиле во проекти по личен избор и интерес, а еден од проектите е на тема „Моето семејство во пандемија“. Во време на пандемијата која донесе многу негативни работи се случија и некои позитивни како што е учество во заеднички активности и зајакнување на соработката помеѓу родителите, учениците и наставниците,...
Post Views: 9
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-09, Кичево-42, Дебар-1).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 15 контроли врз угостителски и други објекти.
Post Views: 5
Германскиот политичар Кристијан ван Бетихер ја запознал 16 годишната девојка преку Фејсбук. Биле во врска неколку месеци во 2010 година. Вели дека ја сакал. Во текот на викендов поднесе оставка.Фон Бетихер се очекувало да биде водечки кандидат на партијата на следните избори во покраината Шлезвиг Холштајн. Кога Бетихер дознал дека би можел да добие повисока функција ја прекинал врската, но откако весникот Билд објавил дека 40 годишниот политичар бил во врска со малолетна девојка, тој поднел оставка на функцијата претседател на ЦДУ за покраината.
Оставката Бетихер ја...
Post Views: 143
НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН НА КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 ДО 12.
Drive-in Летно Кино за првпат во Охрид кое ќе се одржува 3 дена по ред. Проекција на блокбастери на паркинг, каде гостите уживаат од своите автомобили со вкусни пуканки.
Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот Горица 3- НЕМО, со датуми 14.08. – 16.08.2020.
Проекцијата на филмовите започнува во 21:00ч, а со цел да се избегне метеж паркингот ќе биде отворен од 19:30ч при што ќе има Pre-movie Warm Up со млади ди-џеи и изненадувања.
Картите за една вечер се во износ од 400 денари од автомобил по двајца (согласно...
Post Views: 5
Утрото на 13 август 1961 година граѓаните на источен Берлин беа спречени да влегуваат во западниот дел на градот поради градењето на ѕидот, кој во текот на годините прерасна во 155 метарско здание.
Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој беше под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која беше под силно влијание на СССР. Ѕидот стана највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.
Ѕидот ги разделуваше Источна...
Post Views: 6
Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва, во црквата Св. Софиј концерт ќе одржи „Дуо пијано 4 раце“ нА Јулија Коќубан од Полска и Илја Максимов од Русија.
На програмата се дела од Моцарт, Дебиси и Рахмањинов. Концертот започнува во 21 часот во црквата Св. Софија.
Рускиот пијанист Илја Максимов е победник на интернационалниот натпревар „Ж. Б. Виоти“ во Италија, а неговиот широк репертоар ги покрива делата од раната класика па се’ до модерните композитори, а делата на руските композитори секогаш имале посебно место во неговата концертна кариера.
Настапувал во некои...
Post Views: 5
Бензините и дизел горивата од полноќ поскапеа за два денара по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ-от (Д-Е V) 53,5, а Екстра лесното масло за домаќинство се продава за 42 денара за литар.
Се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,109 денари за килограм.
Post Views: 3
Српското министерство за надворешни работи пак, тврди дека лицето кое закопувало живи луѓе во Унгарија е всушност македонски државјанин.
Истрагата за монструозниот злочин ја презеде Националното истражно биро, унгарска варијанта на американскиот ФБИ.
Весникот „Модјар немзет“ пишува дека полицијата била известена каде се наоѓаат труповите од човек кој успеал да избега. Човекот бил повреден во градите.
На осторовот пронајдени се четири безживотни тела, а можно е бројот да биде поголем.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Туристите, посебно младите кои ги преплавуваат охридските плажи и угостителски објекти се однесуваат како воопшто да нема пандемија на корона вирус. Иако веќе почнаа да произлегуваат заразени од она што многумина го нарекоа илинденскиот кластер од журките во Охрид целосните последици ќе се видат во следните 5 до 10 денови. Епидемиолозите очекуваат зголемен број заразени од коронавирусот до крајот на август поради ризичното однесување на туристите во Охрид.
„Имавме ризично однесување во текот на Илинденските празници тука во Охрид. Тоа беше евидентно. Сето тоа ќе доведе...
Post Views: 0
На светските девизни пазари вредноста на доларот кон кошничката на валути минатата недела достигна највисока вредност во последните 13 и пол години, бидејќи се очекува Федералните резерви на САД (ФЕД) да ја зголемат основната каматна стапка до крајот на годината.
Односот на еврото кон доларот минатата недела падна за 2,5%, на 1,0590 долари, а во еден момент достигна вредност од 1,0567.Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен на 110,90 јени, што е највисоко ниво во изминатите пет и пол месеци. Во изминатите две недели доларот во однос на јенот зајакна...