Матурантите на Јахја Кемал со бојни награди се збогуваа од колеџот

Post Views: 13 Со пригодна свеченост 66 матуранти од приватниот колеџ „Јахја Кемал“, Струга, синоќа ги добија своите дипломи. Ова е 11 генерација на завршени средношколци кои во текот на четиригодишното школување зад себе оставиле многу убави моменти, пред се квалитетно образование, дружба, игри, но и големи успеси на државни и меѓународни натпревари. Своето задоволство не го криеја матурантите. Тие веќе имаат свои размислувања каде понатаму ќе го продолжат своето образование, а пофални зборови упатија и за колеџот Јахја Кемал. „Прекрасно, многу добар колеџ беше, сметам дека се разликува...

Continue reading

brendovi

Гринпис: Токсични хемикалии во брендирана облека

Post Views: 27 Траги од токсични хемикалии штетни за природната средина и човечкото здравје се утврдени во облека која ја произведуваат 14 врвни произведувачи, потсетила денеска организацијата “Гринпис“. Во две третини од тестираните производи на облека на производителите како што се “Адидас“, “Уникло“, “Келвин Клајн“, “Лакост“, “Конверс“, “Ралф Лорен“ и слично се утврдено траги од хемикалијата нонилфенол етоксилт, стои во извештајот на “Гринпис“ под наслов “Нечиста облека 2“. Пронајдената хемикалија се користи како детергент во индустријата, вклучувајќи производство на природни...

Continue reading

Уметнички дела од Мајкл Клос како признание за медицинските сестри од Општа болница Охрид

Post Views: 3 Дваесетина дела,  платна и цртежи на светски познатиот ликовен уметник со македонско потекло, Мајкл Клос ќе ги красат домовите на медицинските сестри од ЈЗУ Општа болница Охрид. Уметникот ги испрати сликите од Торонто и ги донира во знак на признание кон Инфективниот оддел на Општата болница во Охрид, македонското здравство и министерот д-р Венко Филипче за справувањето со пандемијата на Ковид 19. Уметникот и неговата сопруга Менка Змејкоска Клос, преку видео порака се обратија  до медицинскиот персонал на болницата. „ Овој наш мал подарок е голема благодарност до министерот...

Continue reading

usa quake

Земјотрес во САД – евакуирана Белата куќа

Post Views: 0 Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД .Епицентарот на земјотресот бил во Вирџинија но се почувствувал и во Торонто – Канада. Белата куќа, Пентагон и Капитол хил веднаш беа евакуирани.Нема информации за евентуални жртви,но неколку илјади луѓе се здобиле со полесни повреди. Земјотресот предизвика паника меѓу жителите на Њујорк и Вашингтон кои трчаа по улиците . Семафорите не работеа, улиците се блокираа застана и авионскиот сообраќај за да се провери безбедноста на пистите. Автоматски беа исклучени и двете нуклеарни централи...

Continue reading

Прекин на огнот ќе бара украинската делегација

Post Views: 6 Клучното прашање на преговорите за украинската страна е да се постигне итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи од украинска територија, објави канцеларијата на Зеленски во почетокот на мировните преговори во Белорусија. Украинска делегација утрово пристигна на украинско-белоруската граница за да учествува во преговорите со руската делегација. Украинската делегација дојде со два хеликоптери, како што јави руската агенција Риа новости. Белоруското Министерство за надворешни работи во понеделникот наутро објави фотографија од просторијата за преговори, објавувајќи...

Continue reading

Нов смртен случај од Ковид-19 во Охрид, три ново заразени

Post Views: 1 Во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 30 -Куманово 20 -Дебар 2 -Штип 15 -Прилеп 1 -Тетово 6 -Струга 8 -Битола 2 -Охрид 3 -Кавадарци 8 -Гостивар 19 -Гевгелија 1 -Струмица 2 -Кочани 5 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 3 -Берово 1 -Делчево 1 -Свети Николе 6 -Кичево 4 Починат е пациент од Охрид во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: -Скопје 132 -Куманово 22 -Дебар 8 -Штип 14 -Прилеп 4 -Тетово 6 -Велес 1 -Битола 7 -Кавадарци 3 -Гостивар 2 -Кочани 3 -Демир...

Continue reading

Tripoli

Падна Триполи, од Гадафи ни трага

Post Views: 1 Цел Триполи, освен упориштето на Гадафи, Баб ел-Азизи, е под контрола на бунтовниците. Иако се претпоставуваше дека локалното население во главниот град главно го сочинуваат симпатизери на Гадафи, илјадници луѓе излегле на плоштадот да го поздрават доаѓањето на бунтовниците. Се проценува дека во самиот град има уште околу 1.000 вооружени следбеници на лидерот, иако во повеќе извештаи се вели дека голем дел од нив се предале. Обвинителот од Меѓународниот криминален суд ја потврди информацијата за заробувањето на синот на либискиот лидер, Саиф ал-Ислам. Од Либија јавуваат...

Continue reading

Потпишани договори за два проекти на НП „Галичица“

Post Views: 3 Вчера во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица беа склучени договори со кои се одобрија проектните предлози финансирани од страна на Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и Critical Ecosystem Partnership Fund.   Во текот на следниот период ќе започнат со реализација проектите на невладините организации, Црвен крст Охрид, Explorer MK, Exploring Society “Ursus Speleos”, Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”, и Eco – Logic, а активностите од овие проекти ќе се одвиваат на подрачјето на Националниот парк...

Continue reading

ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ВТОР АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 0 Поради изведување на градежни активности за поставување на вториот асфалтен слој на коловозот, улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ ќе биде затворена за сообраќај од 5 часот на 13.08.2020 година (четврток) до 14.08.2020 година (петок), до комплетно завршување на предвидените активности. Се упатува апел до граѓаните навремено да ги отстранат паркираните моторни возила и да користат алтернативни улици за сообраќање во овој дел на градот.

Continue reading

model

Злоупотреба на малолетни манекенки

Post Views: 5 Малолетните манекенки се се’ почеста тема на жестоки расправи. Последен е случајот со 16 – годишната Хејли Клосон, чии родители тужат една компанија поради објавување на провокативни фотографии на нивната малолетна ќерка, на кои девојчето е прикажано на “сексуално сугестивен начин“. Сликите на кои Хејли седи на мотор во кратки панталони, со раширени нозе и маица без градник се појавија на маичките на компанијата “Урбан Аутфитерс’, а снимени се минатата година кога таа имала 15 години. Она што е загрижувачко е дека во светот на модата се појавуваат се помлади девојчиња,...

Continue reading

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ОХРИДСКИТЕ ПЧЕЛАРИ

Post Views: 2 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината ЈЗУ Центар за јавно здравјe ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 13.08.2020 год.(четврток)  ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од с. Подмолје до...

Continue reading

Beer fest

Крвав „Бир Фест“ во Белград

Post Views: 0 Непознат човек со нож ранил десет лица на белградскиот фестивал Бир фест. Во други инциденти на собирот повредени се уште најмалку осум лица. Повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи, српските медиуми јавуваат дека три лица се потешко повредени а седум завршиле со полесни повреди. Причините за нападот се уште не се познати. Од итна помош известиле дека на фестивалот се повредени најмалку 18 лица, бидејќи освен повредените со нож, имало и луѓе кои се здобиле со повреди при пад на заштитната ограда и во тепачка што избила околу 5 часот наутро....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top