Гринпис: Токсични хемикалии во брендирана облека

Траги од токсични хемикалии штетни за природната средина и човечкото здравје се утврдени во облека која ја произведуваат 14 врвни произведувачи, потсетила денеска организацијата “Гринпис“.

 |   | 
brendovi
brendovi

Траги од токсични хемикалии штетни за природната средина и човечкото здравје се утврдени во облека која ја произведуваат 14 врвни произведувачи, потсетила денеска организацијата “Гринпис“.

Во две третини од тестираните производи на облека на производителите како што се “Адидас“, “Уникло“, “Келвин Клајн“, “Лакост“, “Конверс“, “Ралф Лорен“ и слично се утврдено траги од хемикалијата нонилфенол етоксилт, стои во извештајот на “Гринпис“ под наслов “Нечиста облека 2“.

Пронајдената хемикалија се користи како детергент во индустријата, вклучувајќи производство на природни и синтетички текстилни материјали.

Освен што е токсичен, нонилфенолот има својство на имитација на женски хормони, заради што може да го менува сексуалниот развој и да влијае на репродуктивниот систем кај луѓето.

Дури и во мали дози оваа хемикалија претставува голема закана како за природната средина така и за здравјето на луѓето.

За своите истражувања, оваа организација, користела 78 брендирани парчиња облека купени во 18 земји од светот,а се произведени најмногу во Кина, Виетнам, Малезија и на Филипините.

butik

“Ова не е само проблем на земјите во развој, во кои се произведуваат текстилни материјали. Со оглед на тоа дека честичките од хемикалијата се ослободуваат во текот на перење на облеката, тие практично се вовлекуваат во земјата во која нивната употреба е забранета“, истакнува Ли Јифанф, активист на “Гринпис“.

На ова реагирале само некои од повиканите компании, вклучувајќи ги “Пума“ и “Најк“ кои ветиле дека до 2020 година од својот производен процес ќе ги елиминираат сите токсични хемикалии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top