Падна Триполи, од Гадафи ни трага

Цел Триполи, освен упориштето на Гадафи, Баб ел-Азизи, е под контрола на бунтовниците. Иако се претпоставуваше дека локалното население во главниот град главно го сочинуваат симпатизери на Гадафи, илјадници луѓе излегле на плоштадот да го поздрават доаѓањето на бунтовниците.

 |   | 
Tripoli

Се проценува дека во самиот град има уште околу 1.000 вооружени следбеници на лидерот, иако во повеќе извештаи се вели дека голем дел од нив се предале.

Обвинителот од Меѓународниот криминален суд ја потврди информацијата за заробувањето на синот на либискиот лидер, Саиф ал-Ислам. Од Либија јавуваат и дека се предал најстариот син на Гадафи, Мухамед Ал Гадафи а некои од светските медиуми тврдат дека нивниот татко ја напуштил земјата и побегнал во Венецуела.
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

TripoliВо последните неколку денови, бунтовничките сили поддржани од воздухопловството на НАТО, постојано напредуваа од исток и запад. Либискиот министер за информации Муса Ибраим тврди дека во битките до пладнето на 21-ви август, имало околу 1.300 загинати и 5.000 мртви лица, но сè уште нема потврда за овие бројки.

Ал Џезира прва објави снимки од славењето на Зелениот плоштад во центарот на Триполи, каде луѓето пукаат во воздух и кинат постери со ликот на Моамер Гадафи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top