Post Views: 2
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога.
И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи...
Post Views: 3
Пратеничката на СДСМ Рената Дескоска, која е предлог на мандатарот на новата влада за министер за образование, денеска изјави дека утре на дневен ред на седница на Собранието ќе бидат ставени три закони со кои, како што рече, ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта.
„Како што ветивме, ќе работиме во интерес на граѓаните. Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со коишто ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта и за таа цел денеска...
Post Views: 1
Поларните температури во централна Европа се последица на дебалансираните механизми на “временската кујна“ над Атлантикот, кои се предизвикани од намалување на ледената површина на Арктикот, тврдат научниците.
Според податоците на научниците од Институтот за поларни истражувања “Алфред Вегенер“ и Центарот за истражување на Земјата, загревањето на воздухот во водите на Северно ледениот океан ги зголемува вертикалните циркулации, бидејќи топлите воздушни маси се подигнуваат мешајќи се со студените.
Како резултат на тој процес долните атмосферски слоеви ја губат стабилноста...
Post Views: 2
Како дел од годишната Програма за сообраќајна сигнализација, Општина Охрид спроведува активности за поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“.Лентите се поставени на коловозот во непосредна близина на пешачките премини, на оние локации кои се утврдени како критични точки во сообраќајот.
Целта на овој вид современа хоризонтална сигнализација е да придонесе за намалување на брзината на движење на возилата, со што значително се зголемува безбедноста на пешаците.Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат...
Post Views: 7
Словачките народни претставници денеска го укинаа пратеничкиот имунитет, но и имунитетот на другите функционери, почнувајќи од шефот на државата. За законот за укинување на имунитетот гласаа сите 147 присутни пратеници од вкупно 150.Новиот закон, благодарение на иницијатива на опозициската левица, партијата СМЕР на поранешниот премиер Роберт Фиц, имунитет се укинува и на другите функционери – шефот на државата, обвинителите, полицајците, агентите на разузнавачката служба СИС, на затворските чувари и на железничката полиција.
Во вторникот 17 пратеници од либералната...
Post Views: 1
Од Градскиот ракометен клуб Охрид информираат дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот ковид -19. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба.
Следниве денови тестирани ќе бидат преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.
Од клубот со апел до останатите клубови да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните институции.
Инаку претходно натпреварот од третата рунда во Супер лигата помеѓу екипите на Охрид – РК Радовиш / HC Radovis беше...
Post Views: 0
Германската полиција извршила рација на повеќе од десет локации во Франкфурт и уапсен е Тунижанец обвинет за регрутирање за Исламска држава и собирање на истомисленици за извршување на напади во Германија.
Обвинителството од Франкфурт соопшти рано утринава дека во регионот е извршен претрес на 54 станови,канцеларии и џамии, а истрагата била насочена против 16 лица помеѓу 16 и 46 години.
Главниот осомничен (36) е уапсен во Франкфурт и за него се верува дека од август 2015 врбувал и криумчарел за Исламската држава.
Обвинителството истакнува дека плановите за можни напади...
Post Views: 2
Францускиот весник “Фигаро“, ја обработува темата за поларните студови кои ја зафатија Европа од сосема друг агол. Студот е голем непријател на некои индустрии, додека за други е вистинска придобивка, пишува “Фигаро“.Оние на кои поларната зима им одговара во бизнисот беа силно засегнати од топлата есен и на почетокопт навистина меката зима. Сега студовите на пример ја стимулираат продажбата на супи. Овој производ забележал раст во продажбата од 16 отсто, и тоа само за една недела, додека во декември овој производ имал пад од 9,2 отсто.
Студот ја зголемил продажбата...
Post Views: 1
Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка на стари и немоќни лица.
Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала со почитување и примена на соодветните протоколи за заштита од Ковид-19.
Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник), пет дена во неделата, во период...
Post Views: 0
„Екоферт“ е единствената струшка фабрика која во земјава произведува органско ѓубриво. Во фабриката се преработува и произведува нов производ на македонскиот пазар пелетрирано органско ѓубриво. Започнале скормно пред три години со преработка и пелетирање на органското ѓубре кое досега завршувало неискористено и при тоа ја загадувало животната средина. Во производниот процес на органското ѓубриво вклучиле експерти од повеќе области за да дојдат до домашен конкурентен производ.
„Долги години на искуство и релации и комуникации со професори , агрономи и технолози....
Post Views: 7
Турските деца побарале саканиот суперхерој на многу деца низ светот – Спајдермен, да се забрани во новиот Устав на земјата, соопштува електронското издание на весникот „Јени шафак“.Во рамки на иницијативата на Министерството за семејство и социјална политика и УНИЦЕФ деца од сите турски окрузи, на возраст меѓу 10 и 13 години, пристигнале во Анкара, за да ги кажат своите очекувања од новиот Устав на Турција.
Незадоволни од насилството во детските филмови, некои од децата побарале во новиот Устав да се забрани Спајдермен. Други детски предлози, пак, биле забрана...
Post Views: 3
По кратко боледување, рано утово почина Драган Чубриќ (67) , долгогодишен новинар од Охрид.
Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период работеше и како уредник во ТелевизијА ТВМ – Охрид , сопственик на порталот „ОhridLive“, последните години беше дел од тмот на „SDK“. Негова пасија беа малите модели на авиони, беше претседател на Аерооклубот „Охрид”. Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството, како доследен и професионален новинар...