Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка на стари и немоќни лица

Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка на стари и немоќни лица.

Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала со почитување и примена на соодветните протоколи за заштита од Ковид-19.

Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за неговател/ка на стари и немоќни лица.

Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, каде треба да ги остават следните податоци (Име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон/е-маил со назнака за Оглас за негователи).

Огласот за пријавување на кандидати за обука на неговател/ка на стари и немоќни лица е отворен од 21.09 дo 04.10.2020.

крст, лица, неговател/ка, немоќни, обука, организира, Охрид, стари, Црвен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top