Post Views: 0
На вчерашната 5-та Владина седница прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести за отворањето на студентските и средношколските ученички домови.
Владата утврди дека истите треба да бидат отворени, за што дополнително ќе се утврди кога, но со строго почитување на Протоколите за сместување донесени од Комисијата за заразни болести. Државниот студентски дом ги известува студентите и средношколците дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
На вчерашната седница на...
Post Views: 6
Со 64 гласа за, ниту еден против или воздржан, укинато е екстерното тестирање. Гласањето беше пропратено со аплауз во собраниската сала, каде отсуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Неколку-годишното спроведување на екстерното тестирање покажа дека наместо да го подобри квалитетот на образованието, состојбите во образованието само се влошија.Огромен дел од стручната јавност, но и директните учесници во образовниот процес, пред се наставниците, по овие неколку тестирања ги искажаа своите ставови и критики за екстерното тестирање. Екстерното тестирање како механизам за...
Post Views: 2
Поранешниот американски претседател Двајт Ајзенхауер три пати тајно се состанал со вонземјани, а во организација на средбите учествувала и ФБИ, тврди британскиот писател Тимоти Гуд, поранешен советник во Пентагон и во американскиот Конгрес.
Иако и порано се споменувале средби на Ајзенхауер и Черчил со вонземјани, ова е прв пат тоа да го потврди и еден ваков угледник, пишува Дејли Меил.
Гуд тврди дека Ајзенхауер, кој беше 34 – от претседател на САД од 1953 до 1961 година, со вонземјани се состанал во 1954 година во Њу Мексико, а средбите се организирале преку телепатски...
Post Views: 6
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја, но и во Европа, најава за следните чекори на Министерството за здравство и Владата, како и за есенскиот период кој е пред нас.
„Видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно...
Post Views: 1
Тери Ли од Чикаго го прослави Денот на заљубените дарувајќи и ја на својата девојка Триша Беквит највредната работа која ја поседува на светот.
На Триша и била дијагностицирана ретка автоимуна болест која ги напаѓа бубрезите. Таа веднаш помислила дека нејзиното момче Тери ќе ја напушти затоа што „кој сака да живее со жена која оди на дијализа и и`паѓа косата“. Ситуацијата да биде уште подраматична никој од нејзиното пошироко семејство не бил погоден за донатор.Тери не ја оставил својата сакана, на Св. Валентин како подарок и го понудил својот бубрег откако предходното...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 746 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 7
Компанијата Volkswagen се согласи да плати најмалку 1,2 милијарди долари за откуп на автомобилите во САД и оштета на сопствениците на околу 80.000 возила опфатени со аферата со издувните гасови на дизел моторите.
Компанијата би била принудена да плати оштета од преку 4 милијарди долари доколку регулаторот не одобри преправки на сите возила, се наведува во судските документи кои се пренесени доцна синоќа.
Volkswagen во декември се согласи да откупи 20.000 автомобили со тролитарски дизел мотори, а се очекува дека ќе направи поправки на уште 60.000.
Аферата изби кога германскиот...
Post Views: 0
Австралијанецот Лиам Варинер мора да плати 650 евра казна бидејќи лани есента и покажал гол задник на британската кралица која била во посета на земјата.
Му се судело за нарушување на јавниот ред и мир за време на посетата на кралицата на Австралија есента 2011 година. Момчето се појавило на суд во Брисбејн Австралија каде го признало делото, но на излегување од судница кажало дека ќе го повтори доколку Барак Обама дојде повторно да ја посети Австралија.
Варинер е осуден бидејќи доека поминувала поворката на британската кралица , тој ги симнал пантолоните и гол трчал...
Post Views: 1
После серијата кражби на моторни пенти, кои се случија изминатиов викенд, од ЈП „Биљанини извори“ реагираат дека кражбите не се направени во делот со кој стопанисува јавното претпријтие.
Од јавното прептпријатие со став:
„ЈП Билјанини Извори како правен субјект кој стопанисува со одлука на Советот на Општина Охрид со едниот дел од каналот Студенчишта ја известува јавноста и сите наши закупци на сидришни места дека настанатите кражби кои се случија во изминатиот викенд при што беа украдени пенти и еден таблет од неколку пловни возила кои беа усидрени кај каналот Студенчишта...
Post Views: 7
Од година во година се помал е бројот на запишани ученици во двата средношколски центри во соседна Струга. Дотолку сериозна е состојбата што оваа година згасна една од паралелките во кои наставата се одвива на Албански наставен јазик во гимназијата „Ибрахим Темо“.
Загрижува фактот што од година во година се помал е бројот на запишани ученици во прва година, во средношколските центри во соседна Струга. Во СОУ „Нико Нестор“ вкупно 325 ученици се запишале во прва година во 16 паралелки, од кои седум се на македонски наставен јазик а девет се на Албански наставен јазик....
Post Views: 11
Иран ги засили морнарските сили во Персискиот залив и подготви бродови што може да бидат употребени во самоубиствени напади, но американската морнарица може да го спречи да го блокира Ормутскиот теснец, изјави командантот на американските морнарички сили во тој регион, Марк Фокс.
Иран во текот минатите недели повеќе пати се закануваше дека ќе ги блокира бродовите што пловат во Персискиот залив или ќе ги нападне американските сили, ако заради санкциите биде прекината неговата трговија со нафта или ако биде нападната неговата спорна нуклеарна програма.
– Тие...
Post Views: 0
Охридска банка АД Скопје врши интензивна замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во овој процес кој ќе трае до 30 Септември 2020 година, Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе.
На клиентите им се испраќаат известувања преку повеќе различни канали за комуникација, како писмо на домашна адреса, смс порака или вибер порака, електронска порака на меил и сл., дека можат да ја подигнат својата нова дебитна, или кредитна картичка во својата...