• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кражбите на пентите во каналот Студенчишта, не се направени на делот со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“

Кражбите на пентите во каналот Студенчишта, не се направени на делот со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“

После серијата кражби на моторни пенти, кои се случија изминатиов викенд, од ЈП „Биљанини извори“ реагираат дека кражбите не се направени во делот со кој стопанисува јавното претпријтие.

 |   | 

После серијата кражби на моторни пенти, кои се случија изминатиов викенд, од ЈП „Биљанини извори“ реагираат дека кражбите не се направени во делот со кој стопанисува јавното претпријтие.

Од јавното прептпријатие со став:

ЈП Билјанини Извори како правен субјект кој стопанисува со одлука на Советот на Општина Охрид со едниот дел од каналот Студенчишта ја известува јавноста и сите наши закупци на сидришни места дека настанатите кражби кои се случија во изминатиот викенд при што беа украдени пенти и еден таблет од неколку пловни возила кои беа усидрени кај каналот Студенчишта не се во делот со кој ние стопанисуваме. ЈП Билјанини Извори во изминатиот период посвети и тоа како време и финансии во осигурувањето на безбедноста и сигурноста на пловните возила кои се усидрени на делот со кој ние стопанисуваме при што беше инсталиран и 24 часовен видео надзор. Стоиме на располагање на СВР Охрид околу прибирање на што повеќе информации за што побрзо расветлување на случаите и пронаоѓање на крадците“.

Ова лето По многуте барања од сопствениците на пловни објекти пред се поради обезбедување на поголема сигурност за нивнните пловни објекти ЈП “Билјанини Извори” во функција го стави поставениот систем за видео надзор. Истиот се постави каде што се усидрени пловните објекти, од едната страна на каналот Студенчишта со кој стопанисува јавното претпријатие.

Ова требаше да биде уште еден чекор кон воспоставување на подобри услови, за поголема безбедност за пловните објекти, за сите оние кои одлучиле да склучат договор претпријатието за времено усидрување на своите пловни објекти во каналот Студенчишта.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top