Ајзенхауер три пати се сретнал со вонземјани?

Поранешниот американски претседател Двајт Ајзенхауер три пати тајно се состанал со вонземјани, а во организација на средбите учествувала и ФБИ, тврди британскиот писател Тимоти Гуд, поранешен советник во Пентагон и во американскиот Конгрес.

 |   | 

aliensПоранешниот американски претседател Двајт Ајзенхауер три пати тајно се состанал со вонземјани, а во организација на средбите учествувала и ФБИ, тврди британскиот писател Тимоти Гуд, поранешен советник во Пентагон и во американскиот Конгрес.

Иако и порано се споменувале средби на Ајзенхауер и Черчил со вонземјани, ова е прв пат тоа да го потврди и еден ваков угледник, пишува Дејли Меил.

Гуд тврди дека Ајзенхауер, кој беше 34 – от претседател на САД од 1953 до 1961 година, со вонземјани се состанал во 1954 година во Њу Мексико, а средбите се организирале преку телепатски пораки.

Конечно, лице в лице се сретнале три пати во воена база, тврди Гуд, а на средбите присуствувале бројни сведоци.

Тогаш службено бил на одмор во Палм Спрингс.

Гостувајќи во една емисија на БиБиСи, Гуд изјавил дека вонземјаните со години комуницирале со владите ширум светот.

Уште кон крајот на 2010 година медиумите пишуваа за тајни документи кои наводно потврдуваат дека Винстон Черчил наредил сведоштвата за постоење на НЛО да се водат како тајност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top