Post Views: 2
Општина Дебрца доби решение за регистрација на фотоволтаични соларни системи. Со тоа се впиша во регистерот на прозиводители на електрична енергија со соларни панели. Панелите се поставени на две подрачни училишта во Белчишта и Требеништа и на административната зграда во Белчишта, информира градоначалникот Зоран Ногачески.
„Општината досега беше потрошувач на електрична енергија, сега има објекти кои се јавуваат како производители на електрична енергија со помош на сончевата енергија. Тоа ќе значат дополнителни заштеди и за училиштата и за општината“.
Директорот за...
Post Views: 1
Спрема пишувањето на медиумите во Финска, недостатокот на работна сила во таа земја стана најголем национален проблем. Министерот за стопанство Мика Линтила се вратил од турнеја по целата земја и изјавил дека насекаде луѓето се жалат дека имаат слободни работни места на кои не успеваат да вработат никого. Проблемот е најголем во главниот град Хелсинки.
Надлежните пресметале дека во Финска моментално има 100.000 слободни работни места кои не успеваат да ги пополнат 300.000 невработени Финци бидејќи за тие работни места нема квалификуван кадар.Финска ужива во зголемениот...
Post Views: 1
Холандската кралица 75-годишниата Беатрикс ќе абдицира во корист на својот син, 46-годишниот Вилијем-Александар, по 33 години минати на престолот, во кои го трансформирала кралството во модерна монархија.
Таа ќе ја потпише абдикацијата во кралската палата во Амстердам во присуство на својот сим Вилијем-Александар и неговата сопруга Максиме. Со овој чин Беатрикс ќе се врати на својата поранешна титула на принцеза, а нејзиниот син ќе стане Крал Вилијем-Александар, кого медиумите го опишуваат како сериозен семеен човек кого народот многу го сака.
Новиот крал потоа ќе биде...
Post Views: 1
Вонредна временска прогноза со најави за врнежи од дожд и снег и значително ниски температури, за Македонија и регионот, објави за денеска Хидрометеролошкиот завод.
Врнежите од дожд кои ќе почнат да паѓаат рано утрината постепено ќе преминуваат во врнежи од снег и на пониските места. На повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Дневната температура значително ќе падне, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.
Студено и со слаби врнежи од снег ќе биде и в недела. В понеделник утринските температури ќе се спуштат и до минус десет степени.
Викендов времето ќе се...
Post Views: 11
Филмот „Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти и 12- ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.Оригинален наслов: ХомоТраење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2020Жанр: ДрамаГлумци: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко КоцевРежија: Игор Иванов – ИзиДистрибутер: Скопје Филм СтудиоВозрасна Категорија:...
Post Views: 7
Во „Младинскиот центар“ во Вевчани се одржа презентација на проектот „Вевчанското нематеријално културно наследство-никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет“ реализиран од страна на КУД „Дримкол“ Вевчани, а подржан од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – сектор за подршка на невладини организации. Присутните на презентацијата имаа можност да се запознаат со следните резултати од проектот:
• Брошура „Обреди и обичаи во Вевчани“ на македонски и англиски јазик, во која се опфатени позначајни празнувања проследени со обреди и обичаи...
Post Views: 1
Во Основниот суд во Приштина денеска треба да биде изречена пресуда во случајот „Медикус“, косовската клиника на која, како што стои во обвинението, се вршела нелегална трансплантација.
Во обвинението е наведено дека околу 30 нелегални трансплантации на бубрег се извршени на клиниката „Медикус“, која се наоѓа во близина на Приштина.
Сиромашните луѓе од Турција, Русија, Молдавија и Казахстан добиле лажни ветувања дека ќе добијат до 15.000 евра доколку донираат бубрег, кој потоа бил пресадуван на богати пациенти. Тие богати примачи на органи плаќале и по повеќе од 70.000...
Post Views: 4
Делегација на Министерството за финансии, предводена од министерот Трајко Славески денеска учествува на Европски банкарски конгрес во Франкфурт, Германија.
Тема на конгресот се актуелни економски прашања, како што се девизниот режим во светот, политиките во светскиот монетарен поредок, финансиите по кризата и слично.
Конгресот е еден од најпрестижните настани во областа на банкарството, а на него се очекува да говорат гувернерот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, германскиот претседател Хорст Келер, претседателот на Европска банка за обнова и развој Томас...
Post Views: 3
Епидемиолошката состојба со ковид 19 во Охрид е сложена и загрижувачка како и во целата земја. Секојдневно има двоцифрена бројка која има тенденција на зголемување, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Во јавноста кружат списоци со имиња и презимиња на граѓани со позитивен тест на корона вирусот. Објавувањето на такви списоци се кривично дело. Точков го осудува таквото протекување на информации кои кружат на социјалните мрежи и во јавноста.
„Јас одговорно тврдам дека ниту еден список, кај нас нема списоци тоа се листи кои ги прави епидемиологот. Списоците кои ги видовме...
Post Views: 2
Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер не се воздржувал д аужива на сметка на државата, пишува британски „Телеграф“.
Според весникот, електронската пошта до која дошол весникот, покажала дека поранешниот премиер Блер удобно се сместил во резиденсцијата на Амбасадата на Британија на Филипините за време на приватна посета.
Весникот наведува дека добил е -мејл од кој се гледа дека Блер во Манила отпатувал со приватен авион. Посетата се случила по две години, откако завршил премиерскиот мандата на Блер.
{loadposition content9}
Post Views: 2
САД сметаат дека Македонија заслужува членство во НАТО и ќе продолжат да работат за приклучување на земјата во Алијансата, изјави портпаролката на Белата куќа Дејна Перино.
„Ние сме разочарани од темпото со кое напредува процесот на зачленување на Македонија во НАТО. Сметаме дека таа го заслужува тоа, и ние ќе продолжиме да работиме на случајот“, кусо прокоментира синоќа портпаролката Перино на прашање од грчки новинар кој имплицираше дека тужбата на Македонија против Грција во Меѓународниот суд на правдата може да го забави процесот на изнаоѓање на решение за спорот...
Post Views: 4
Вчера попладне околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек.
Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за Сител истакна дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.
Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп,...