Европскиот суд ќе пресуди за случајот „Медикус“

Во Основниот суд во Приштина денеска треба да биде изречена пресуда во случајот „Медикус“, косовската клиника на која, како што стои во обвинението, се вршела нелегална трансплантација.

 |  Голабовски Крсте  | 
medikus
медикус

Во Основниот суд во Приштина денеска треба да биде изречена пресуда во случајот „Медикус“, косовската клиника на која, како што стои во обвинението, се вршела нелегална трансплантација.

Во обвинението е наведено дека околу 30 нелегални трансплантации на бубрег се извршени на клиниката „Медикус“, која се наоѓа во близина на Приштина.

hirurgСиромашните луѓе од Турција, Русија, Молдавија и Казахстан добиле лажни ветувања дека ќе добијат до 15.000 евра доколку донираат бубрег, кој потоа бил пресадуван на богати пациенти. Тие богати примачи на органи плаќале и по повеќе од 70.000 евра за трансплантација на бубрег во оваа клиника.

Сопственикот на косовската клиника „Медикус“, Љуфти Дервиши, ги отфрлил тврдењата дека нелегално се вршела трансплантација на органи. Во отсуство му се суди и на турскиот лекар Јусуф Сонмез и Израелецот Моша Харел, а според обвинението, токму тие заедно со Дервиши били лидери на криминалната група.

Клиниката работела без официјална дозвола, додека Сонмез имал дозвола за работа на Косово, која му била издадена од Министерството за здравство.

„Медикус“, која е затворена во 2008 година, се споменува во извештајот на Советот на Европа, во кој се наведува дека припадници на Ослободителната војска на Косово тргувале со органи на заробеници во текот на судирите во 1999 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top