persiski zaliv

Една валута за земјите од Персискиот залив?

Post Views: 52 Шест земји од Персискиот залив би требало да реализираат план за воведување единствена валута, слична на онаа која ја користат 17-те земји членки на еврозоната, истакна поранешниот главен економист на Меѓународниот финансиски центар во Дубаи, Насер Саиди. Тој потенцира дека Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Оман имаат ниска стапка на долгови, мал буџетски дефицит, голема количина девизни резерви и огромни природни ресурси, што потврдува дека воведувањето на заедничка валута има смисла. {loadposition content9}

Continue reading

OSCE

Македонија на Сесија на министерски совет на ОБСЕ

Post Views: 1 Македонска делегација од денеска ќе учествува на дводневната 16-та по ред Сесија на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки. Делегацијата ја предводи министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој ќе има свое обраќање на пленарната сесија. Според најавите, на маргините на министерскиот состанок за денеска е предвидено да се одржи состанок на земјите од Јадранската Повелба во проширен состав, меѓу кои САД, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина на кој ќе присуствува и Србија во својство на земја набљудувач, како и земјите...

Continue reading

Општината очекува помош од држвата за да продолжи со одстранување на бесправно изградените објекти на плажите и крајбрежјето

Post Views: 2 Општината очекува финансиска помош од државата за да продолжи одстранување на бесправно изградените објекти на плажите и крајбрежјето. Очекува на сметка да легнат 6 милиони денари бидејќи општината не е финансиски моќна да го продолжи започнатиот процес на имплементацијата на препораките на УНЕСКО. Ќе бидат одстранети објекти на 4 плажи кои не се во опфатот на ГУП и одстранувањето на нелегалните објекти на потегот кон Св. Стефан, информира градоначалникот Константин Георгиески. Градоначалникот кажува дека овие активности досега биле стопирани затоа што општината немала...

Continue reading

karikatura

Цената на нафтата повторно „до небо“

Post Views: 8 Во пресрет на утрешниот говор на претседателот на американската Управа на федералните резерви, Бен Бернанки, кој ќе се осврне на состојбата на економијата во САД, забележано е зголемување на цените на нафатата во светот. Американската „лесна“ нафта за испорака во јуни поскапе на Њујоршката стоковна берза за 16 центи на 96,87 долари за барел. Во Лондон, пак, цената на европскиот „брент“ од Северното Море се зголеми за 25 центи на 105,05 долари за барел. Бернанки утре ќе се обрати пред Конгресот на САД за да ги презентира најновите прогнози на ФЕД за перспективите на американската...

Continue reading

znak

Одбележување на Светскиот ден на лицата со хендикеп

Post Views: 2 Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”,  ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември. Во рамки на прославата, Советот ќе му додели Златна плакета на премиерот Никола Груевски, за неговото лично ангажирање за помош, поддршка и дефинирање на социјалниот статус на лицата со инвалидност. На  ДХО „Даре Џамбаз”, пак, ќе му биде врачена благодарница и статуа „Мајка Тереза”. Со пригодна програма ќе настапат ученици од посебните училишта во Скопје „Димитар Влахов”, „Партенија...

Continue reading

Зеленски: Нема одмор во руското гранатирање градови

Post Views: 0 Додека Сергеј Лавров зборува во Москва, претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново видео. Тој тврди дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но вели дека нема прекин во руското гранатирање градови од полноќ. Немаме што да загубиме освен сопствената слобода – вели Зеленски додавајќи дека Украина секојдневно добива помош во оружје од нејзините сојузници. Изјавата на Зеленски доаѓа во мигови кога се покренува истрага за можни сторени воени злосторства на руската страна поради бомбардирање цивилни цели и невооружено население. Зеленски го повика...

Continue reading

Во Охрид од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 3 Граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. Денеска вакцинација започнува во здравствените домови во Скопје, Велес, Неготино и општата болница во Кавадарци. Од утре во здравствените домови во Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод и Ростуше и Општа болница со проширена дејност Дебар; во четврток во здравствените домови во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип и Валандово и во Општа болница со проширена дејност Гевгелија, додека во петок во здравствените...

Continue reading

David Beckam

Крај на кариерата на Дејвид Бекам

Post Views: 6 Соиграчите го прегрнуваа, а солзите не можеше да ги запре. Доби овации на “Паркот на принцовите“, а потоа и голема “татковска“ прегратка од Анчелоти. Дејвид Бекам и официјално ја заврши фудбалската кариера. Дејвид Бекам заврши една голема фудбалска кариера. Во 81-та мин. четвртиот судија го подигна знаменцето за извршување замена со бројот 32, тоа значеше дека после 20 години оди во заслужена пензија. Бекам беше заменет од Лавеци. Во богатата кариера ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед во 1999-та година, а потоа и титулата во првенството со клубот од...

Continue reading

SONK

Заврши штрајкот на СОНК

Post Views: 2 Штрајкот на СОНК, што започна минатиот понеделник, заврши и училиштата од денеска продолжуваат со редовна настава. Ваква одлука доцна синоќа донесе Советот на СОНК на седницата, на која присуствуваа и министрите за образование и култура, Перо Стојановски и Елизабета Канчевска-Милевска и заменик-министерот за труд и социјала Спиро Ристевски. Од СОНК информираат дека на седницата била потпишана Спогодбата и колективните договори за основно и средно образование. Прифатени се и барањата за зголемување на надоместокот за храна и превоз кои ќе се важат од јуни 2009 година,...

Continue reading

Недостиг на пиротехничари во земјава

Post Views: 3 Македонските пиротехничари ја надминуваат и возраста, максималната старосна граница во светски рамки е до 55 години. Цели 16 години во земјава не е вработен нов специјалист по пиротехника. Во државата во моментов имаме седум пиротехничари кои се пред пензија. Треба опрема која е скапа и треба и луѓе ние во моментов сме седум луѓе и буквално тие луѓе ја поминаа границата на пиротехничари одамна ни требаат млади кадри – вели Ефтим Митров, раководител на пиротехничари во ДЗС. Причината за недостигот на пиротехничари се условите за работа односно ниските плати и...

Continue reading

Филмот „Хомо“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”

Post Views: 12 Филмот „Хомо“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти 12- ти и 13 ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари. Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.Оригинален наслов: ХомоТраење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2020Жанр: ДрамаГлумци: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко КоцевРежија: Игор Иванов – Изи Дистрибутер: Скопје Филм СтудиоВозрасна Категорија:...

Continue reading

pustos

Серија од 20 торнада го опустошија централниот дел на САД

Post Views: 2 Најмалку едно лице го загуби животот, а десетици се повредени во големото невреме проследено со торнада и обилни врнежни од дожд во централниот дел на САД. Американскиот Среден запад во текот на вчерашниот ден беше зафатен од серија торнада и невреме во кое животот го загубило најмалку едно лице, а десетици се повредени. Најсилното невреме било забележано во државите Оклахома, Канзас и Ајова, каде се уништени голем број домови и електрични инсталации. Во градот Шони во Оклахома, торнадото минало директно низ камп со мобилни домови (трејлери) и таму е пријавено единствената...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top