Зеленски: Нема одмор во руското гранатирање градови

Додека Сергеј Лавров зборува во Москва, претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново видео. Тој тврди дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но вели дека нема прекин во руското гранатирање градови од полноќ.

 |   | 

Додека Сергеј Лавров зборува во Москва, претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново видео. Тој тврди дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но вели дека нема прекин во руското гранатирање градови од полноќ.

Немаме што да загубиме освен сопствената слобода – вели Зеленски додавајќи дека Украина секојдневно добива помош во оружје од нејзините сојузници.

Изјавата на Зеленски доаѓа во мигови кога се покренува истрага за можни сторени воени злосторства на руската страна поради бомбардирање цивилни цели и невооружено население.

Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путин „да си оди во својот дом“. Тој вели дека Путин треба да ги брани луѓето што зборуваат руски – не низ целиот свет – „туку во својот дом“.

И таму ги има доста. Околу 150 милиони – додава Зеленски, пренесува Би-Би-Си.

Се чини дека ова е одговор на тврдењето на Москва дека нивната акција е во одбрана на луѓето што зборуваат руски во делови на Украина.

Зеленски, исто така, ја споредува руската инвазија со вирус, велејќи дека поминаа две години откако Украина го забележа својот прв случај на Ковид: „Помина една недела откако не нападна друг вирус“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top