Post Views: 0
Можноста граѓаните и релевантните институции да учествуваат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво претставува значајна активност и врвен приоритет на општина Охрид. Таквото двонасочно споделување информации за локалните политики овозможува да се зголеми транспарентноста и инклузивноста при креирање на програмските документи на општина Охрид и дизајнирањето на граѓански буџет за 2022 година.
Имајќи ги во предвид општествените состојби на локално и национално ниво во поглед на потребите, ставовите но и предизвиците пред кои сите сме исправени, како неопходност...
Post Views: 2
Денес треба да се одржи состанок на Комсијата за заразни болести каде се очекува да се анализира епидемиолошката слика и да се одлучи дали во Македонија ќе бидат воведени построги мерки како што се полициски час и карантин.
Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок, повторно ќе ја анализира епидемиолошката слика и евентуално ќе одлучува дали во Македонија се потребни построги рестриктивни мерки. Министерот за здравство Венко Филипче, во четвртокот изјави дека е потребно време барем од две недели, за да се видат извесни резултати од актуелните мерки....
Post Views: 7
Околу 500 лица се евакуирани по неколкудневните дождови и топењето на снегот на повисоките места, кои предизвикаа поплави во областа Пиринеја во североисточниот дел на Шпанија.
Претставници во Каталонија соопштиле дека три планински реки се излеале по што ги полавиле улиците, домовите и земјоделското земјиште во таа област.
Околу 4.000 лица, во исто време, останале без електрична енергија, а за сообраќај се затворени четири патни правци.
Според прогнозите на метеоролозите, се очекува врнежите да се намалат на крајот на денот, но службите за вонредни ситуации и понатаму...
Post Views: 13
Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, при што според најавите ќе оствари одделни средби со македонскиот државен врв.
Предвидено е Станишев да биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, а ќе оствари и ткте-а-ткте средба со премиерот Никола Груевски.
Како што соопшти владината прес служба, на платото пред Владата, ќе биде организирана церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести за бугарскиот премиер Станишев.
Бугарските медиуми најавија...
Post Views: 0
Викендов во големата сала на Општина Охрид, се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб, посветен на актуелната криза со ковид пандемијата. На состанокот присуствуваа лекари од сите медицински установи во градов и повеќе матични лекари.
Директорот на Општата болница Горан Балески, ги запозна присутните со моменталната ситуација во болницата и истакна дека таа е под зголемен притисок од пациенти, со исполнети капацитети и побара од матичните лекари и Здравствениот дом да преземат дел од товарот во лекувањето на пациентите позитивни или заболени од ковид 19.
Во дискусијата...
Post Views: 0
Најмалку 34 луѓе се повредени во неколку експлозии во магацин со муниција во Чапаевска во самарската област во Русија, во кое има 13 милиони гранати.
Над 500 пожарникари со стотина возила се вклучени во акцијата на гаснење на пожарот, но пристапот до местото е ограничен поради постојаните експлозии, а според некои експерти, ова може да трае уште два – три дена.
Околу 6.000 луѓе од најблиското опкружување се евакуирани. Причина за инцидентот е уништување на гранати на полигонот, кое наместо да биде контролирано, предизвикало пожар.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Реконструирани 20 мостови во Македонија денеска напладне свечено ќе бидат пуштени во употреба.
Свеченоста, како што е соопштено, ќе се одржи на магистралниот пат М1 на делницата Демир Капија – Гевгелија во близина на мостот Б-122.
Обраќање пред присутните ќе имаат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, Бригадниот генерал на Штабот на НАТО во Скопје Стојан Генков и претставникот на Агенцијата на НАТО за одржување и снабдување Руи Родригез.
Мостовите се реконструирани во рамките на втората фаза од проектот за санација и зајакнување на мостовите во Македонија,...
Post Views: 2
Враќање на туристичката такса и субвенции за туристички водичи се само дел од мерките кои ќе стартуваат за помош на туистичкто сектор. В понеделник ќе биде објавена мерката со која ќе им биде вратена туристичката такса уплатена во 2019 година на сместувачките капацитети, како е дел од серијата мерки за помош на туризмот, најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Владата усвои измени и дополнувања на Програмата за развој на туризмот за 2020 година. Со измените ќе се вратат средства директно на сите сметувачки објекти кои во 2019 година имаат уплатено туристичка...
Post Views: 1
Со 64 гласа мнозинството го донесе Законот за јазиците. Претходно дојде до инцидент помеѓу Џафери и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во обид тој да му ја одземе картичката на претседателот на парламентот. Со вода беше испрскан претседателот Џафери од Груевски кога спикерот почна да ја отвора расправата за Законот за употребата на јазиците.
Веднаш интервенираше собраниското обезбедување откако Груевски и уште неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ се втурнаа кон Џафери.
По интервенција на обезбедувањето, Џафери ја напушти салата.
Претходно, координаторот на пратеничката...
Post Views: 0
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган употребата на солзавец во демонстрациите во земјата ја оцени како природно право на полицијата во изјавата пред парламентарната група на својата Партија на правдата и развојот, пренесе турската приватна телевизија НТВ.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган употребата на солзавец во демонстрациите во земјата ја оцени како природно право на полицијата во изјавата пред парламентарната група на својата Партија на правдата и развојот, пренесе турската приватна телевизија НТВ. – Употребата на солзавец е најприродното право на полицијата....
Post Views: 3
Главниот извршен директор на T- Мобиле Мајкл Лоренс вели дека не може да излегува со коментари за истрагата на МВР за проневерата во „Македонски телеком“ што се поврзува со дел од поранешните раководители на компанијата, се додека таа трае.
„Не сме во состојба да коменираме се додека истрагата е во тек, но соработуваме со сите домашни и странски институции, на кои им се потребни какви било податоци“, рече Лоренс одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
Според Жарко Луковски, главен оперативен директор на Т-Мобиле, компанија продолжува да работи согласно...
Post Views: 3
Почитувајќи ги мерките за заштита од Корона вирус, екипа на ЈП „Градски Пазар“ континуирано врши дезинфекција на градскиот пазар и на деловните простории со кои располага претпријатието. Во насока на превенирање и спречување на ширење на вирусот секојдневно се врши мерење на телесната температура на вработените и на закупците на тезги во пазарот.
Со високиот стандард на хигиена претпријатието , несомнено гради безбеден пазар како за вработените и закупците на тезги така и за посетителите.