Охриѓани може по телефон да побараат психолошка помош

Post Views: 3 Охриѓани имаат можност да добијат психолошка поддршка по телефон од тим психолози од одделот за ментално здравје при Општа болница Охрид. На овој начин стручните лица ќе дејствуваат побрзо и ќе бидат подостапни и за лицата засегнати од ковид 19 , покрај секојдневната стручна помош која им ја даваат на граѓаните, информира Светлана Илоски, специјалист по медицинска психологија. Може да се јавуваат на посебната телефонска линија на бројот 070 405 961. Граѓаните се почесто се соочуваат со панични напади, депресивни и анксиозни состојби со пролонгирање на времетраењето на...

Continue reading

molitvi

Јужноафриканците се молат за Мандела

Post Views: 0 Со молитви и песни, илјадници Јужноафриканци ноќта ја минаа пред болницата каде што веќе дваесетина дена се наоѓа Нелсон Мандела. Јужноафриканскиот претседател Џакоб Зума изјави дека 94-годишниот нобеловец „се уште е во критична, но стабилна состојба“. Здравствената состојба на Мандела се подобрила во текот на минатата ноќ, но и натаму останува критична. Неговото семејството ги обвини медиумите дека се како мршојадци, нестрпливо чекајќи ја неговата смрт. Нелсон Мендела беше првиот црн претседател на Јужна Африка по окончувањето на Апартхејдот во 1994 година. {loadposition...

Continue reading

tursko zname

Денот на наставата на турски јазик 21 декември

Post Views: 33 По повод Денот на наставата на турски јазик – 21 декември денеска во Скопје ќе се одржи втор Меѓународен симпозиум на настава на турски јазик на тема „Минатото, сегашноста и идната на Турците на Балканот“. На Симпозиумот воведни говори ќе имат вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот без ресор Хади Незир, а ќе учествуваат и турскиот амбасадор во Македонија Арслан Хакан Окчал, академикот Иван Катарџиев, политикологот од Босфорскиот универзитет Ајди Бабуна, директорот на Османлиската архива во Турција Ондер Бајир, аналитичарот Ѓунер Исмаил и претседателот на турските...

Continue reading

Божиновски: Власта нема капацатет да се справи со дивоградбите

Post Views: 0 Делумното и селективно рушење на почетокот на летото беше само евтин политички маркетинг во очи на изборите, обвинуваат од Ок  на ВМРО ДПМНЕ.  Ние и тогаш укажавме, а сега се потврдува дека не постоеја сериозни намери од градоначалникот Константин Георгиески за решавање на проблемот со дивоградбите, туку со цел само предизборно пазарење, кажа денеска на пресконференција, портпаролот Перчо Божиновски.  “Иако рокот на УНЕСКО е пробиен сепак Георгиески нема одма да го решава проблемот со дивоградбите, туку кога општината ќе ги добиела средствата за спроведување на препораките...

Continue reading

ajfelova kula

Штрајкуваат вработените во Ајфеловата кула

Post Views: 1 Ајфеловата кула, симболот на Париз и една од главните туристички атракции во градот е затворена поради штрајк на вработените. Синдикатот кој вклучува повеќе од 300 вработени кои работат во кулата, побараа зголемување на платите и подобрување на работните услови. По вчерашните неуспешни седумчасовни преговори меѓу синдикалците и работодавачите, Ајфеловата кула денеска е целосна затворена за посетители. Летната сезона за туристите започна на 15 јуни со ново работното време поради големиот прилив на посетители. Во текот на летото Кулата ја посетуваат околу 25.000 луѓе дневно...

Continue reading

MK-EU

За влез во ЕУ – 62 % од македонските граѓани

Post Views: 5 Граѓаните на Македонија и натаму се меѓу најпозитивно настроените во европски рамки во однос на влезот на нивната земја во ЕУ, покажува најновото истражување на Еуробарометар. Вкупно 62 отсто од анкетираните во Македонија одговориле дека членството во Европска унија (ЕУ) би било „добро“, покажуваат резултатите од истражувањето, објавени синоќа во Брисел, Во групата на земји со кандидатски статус, влезот во ЕУ има поддршка од 42 отсто од граѓаните во Турција и само 23 отсто во Хрватска, што е за седум отсто помалку во однос на последната анкета од почетокот на годинава. Во...

Continue reading

Намалување на цената за паркинг во централното градско подрачје

Post Views: 5 На ден 20.10. 2020 година до јавното претпријатие “Билјанини Извори” пристигна барање од Здружението на угостители “Охридски еснаф” со број 03 802/1. Во Барањето здружението сугерираше промена на тарифата за паркинг која се однесува на централното градско подрачје поради моменталната ситуација со Ковид – 19 и последиците и загубите кои секојдневно ги генерираат угостителите. Со позитивниот одговор здружението смета дека дополнително ќе се зголемила посетеноста на угостителските објекти што во извесна мера би ги ублажило негативните ефекти...

Continue reading

Канцелариите на УЈП денес со продолжено работно време

Post Views: 3 Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе работат со продолжено работно време зашто истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава (ГДП). Како што соопшти УЈП, сите регионални дирекции, во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Прилеп ќе примаат пријави до 21:30 часот, даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар ќе примаат пријави до 18:00 часот, а даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод,...

Continue reading

logo

Британците поголеми шпиуни од американците

Post Views: 1 Ова е „кошмар а ла Холивуд“ – вака германската министерка за правда Сабине Лојтхојзер-Шнаренбергер ја окарактеризира програмата „Темпора“. Зад ова име, според пишувањето на „Гардијан“, се крие голема шпионска програма на британската тајна служба. Со таа програма се доаѓало до податоци од подморскиот оптички кабел, се прислушувале телефони и се следела интернет-комуникацијата. „Гардијан“ се повикува на документи кои му биле доставени од некогашниот службеник на американската тајна служба, Едвард Сноуден. Со програмата „Темпора“ биле погодени и германските корисници...

Continue reading

mirovnici

Свечен пречек на македонските мировници од Ирак

Post Views: 5 Македонските војници од последниот контингент во Ирак денеска свечено ќе бидат пречекани во Скопје, со што и официјално ќе заврши учеството на Македонија во оваа мировна мисија. На свеченоста во касарната „Илинден“, попладнево обраќање ќе има претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, соопшти неговиот кабинет. Најавено е присуство на свеченоста и на премиерот, Никола Груевски, министерот за одбрана, Зоран Коњановски и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Македонските војници беа испратени...

Continue reading

572 санкции за неносење маска

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (16/17.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue reading

Жестока последна дебата помеѓу Ле Пен и Макрон

Post Views: 0 Францускиот крајно десничарски кандидат за претседател Марин Ле Пен се соочи во синоќешната дебата со нејзиниот центристички ривал Емануел Макрон на која главни теми беа француската економија и безбедноста на земјата. Ле Пен оцени дека Макрон немал никаков план за безбедноста и го обвини дека имал врски со контроверзни исламски радикали. Макрон пак ја обвини Ле Пен дека „кажува лаги“ и оти таа ќе ја доведе Франција токму таму каде што сакаат исламските екстремисти, во граѓанска војна.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top