За влез во ЕУ – 62 % од македонските граѓани

Граѓаните на Македонија и натаму се меѓу најпозитивно настроените во европски рамки во однос на влезот на нивната земја во ЕУ, покажува најновото истражување на Еуробарометар.

MK-EU
МК-ЕУ

Граѓаните на Македонија и натаму се меѓу најпозитивно настроените во европски рамки во однос на влезот на нивната земја во ЕУ, покажува најновото истражување на Еуробарометар.

Вкупно 62 отсто од анкетираните во Македонија одговориле дека членството во Европска унија (ЕУ) би било „добро“, покажуваат резултатите од истражувањето, објавени синоќа во Брисел,

Во групата на земји со кандидатски статус, влезот во ЕУ има поддршка од 42 отсто од граѓаните во Турција и само 23 отсто во Хрватска, што е за седум отсто помалку во однос на последната анкета од почетокот на годинава.

Во однос на Македонија, уште повисок е процентот (74 отсто) на оние кои сметаат земјата ќе профитира од членството во Унијата.

На ова прашање, потврдно одговориле 48 отсто од анкетираните во Турција и 33 отсто од хрватските граѓани.

Во сите 27 држави членки на ЕУ., во просек 53 отсто од анкетираните сметаат дека членството на нивните земји во Унијата е „добро“

Evropski parlamentНајмногу позитивни одговори на ова прашање се регистрирани во Холандија, 80 отсто, Луксембург (71), Ирска (67) и Романија (66 отсто).

Нешто повеќе од половината, 48 отсто, од граѓаните во земјите членки на ЕУ сметаат дека проширувањето од 15 на 27 членки ја зајакнало Унијата.

Економската и финансиската криза предизвикува најголема загриженост меѓу граѓаните во ЕУ – 69 отсто.

Според истражувањето на Еуробарометар, граѓаните во Македонија најмногу се загрижени од невработеноста, 60 отсто, а 41 отсто одговориле дека најмногу ги загрижува економската состојба во земјата.

Истражувањето било спроведено од 6 октомври до 6 ноември оваа година во сите 27 членки на ЕУ и трите земји со кандидатски статус. Вкупно биле анкетирани 30 илјади лица, во секоја држава по илјада.

 

 

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top