Post Views: 2
Собранието со 62 гласа „за“ ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот.Со измените, се дозволува продажба на алкохолни пијалоци и во киосците, но остана забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. Останува и обврската објектите кои сакаат да продаваат алкохол, и понатака да имаат лиценци. Владата уште во мај годинава ги достави измените за укинување на забраната за продажба на алкохол после 19 часот....
Post Views: 2
На државите од Северна Европа им се заканува големо невреме проследено со обилни снежни врнежи, што се очекува да доведе до проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море.
Во Велика Британија на одделни места во земјата ветровите можат да достигнат јачина и до 145 километри на час, а најтешка ќе биде ситуацијата во северна и западна Шкотска.
Во текот на денот се очекува и Северна Германија да ја зафатат силни ветрови со 140 километри на час.Се очекува најтешко погоден да биде реонот на Хамбург. Таму аеродромот веќе ги предупреди патниците...
Post Views: 1
Вонредно вакцинирање против заразни заушки почнува од денеска за лицата од 15 до 19 години, кои не биле целосно опфатени со процесот на имунизација.
Тинејџерите, кои ги примиле двете предвидени дози, нема потреба да се ревакцинираат.
Вонредното вакцинирање е во услови на епидемија од заразни заушки во државата.
Изминатиот викенд се регистрирани 194 нови случаи, со што од почетокот на годинава бројот на заболени од заушки се искачи на над 1,500 лица.
{loadposition content9}
Post Views: 8
ОД НП Галичица бараат и охридскиот Државен правобранител да провери дали се узурпира државно земјиште на кое се градат нелегални градби во рамките на паркот. Само ова година во Трпејца констатирале по една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица. Од националниот парк досега разгледале 471 барање според Законот за постапување на бесправно изградени објекти за да дадат мислење за постапките за легализација за објекти кои ги води општина Охрид, вели Бојаџи.
„Во голем број случаи од 471 и нови градби што се случуваат има узурпација...
Post Views: 3
Најновиот биланс на жртви, во силниот земјотрес кој со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, во вторникот, го погоди централниот дел на Мексико е 240 настрадани. Потрагата на спасувачките екипи во урнатините сеуште трае.
Најтешко од земјотресот е погодена сојузната држава Морелос во која според претходните изјави на надлежните загинале најмалку 55 лица. Гувернерот на државата Грако Рамирез рекол дека 12 лица настрадале во градот Хохтла, а четири во главниот град на оваа сојузна држава Куернавака, во кој живеат 350.000 луѓе.
Во сојузната држава Пуебла, каде...
Post Views: 0
Папата Франциско во текот на неделната посета на црквата Свети Кирил Александриски, во предградието на Рим, во разговор со верниците рече дека како момче работел и како исфрлувач во еден ноќен клуб во Буенос Аирес.
Присетувајќи се на тој период и искуството од исфрлувањето на непожелни луѓе од клубовите, папата рече дека подоцна, во мисијата привлекување луѓе во црквата, клучна работа му била продолжување на книжевноста и психологијата.
Ватиканскиот весник „Обсервер Романо„ пишува за присетувањето на папата на работите кои ги работел во младоста, а кои вклучувале и помошна...
Post Views: 0
„Европската перспектива на ЈИЕ во време на предизвици – справување со економската и енергетска криза”, е тема на регионален состанок што денеска ќе се одржи во Белград.
На состанокот ќе учествува македонскиот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски, кој на маргините треба да има средба со српскиот претседател Борис Радиќ, соопштено е во Скопје.
Најавено е учество на состанокот и на високи владини претставници на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.
{loadposition content9}
Post Views: 9
Општина Охрид има добра соработка со соседните земји во искористување средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка, информира градоначалникот Константин Георгиески. Oпштина Охрид подготвува проектни апликации за искористување на средства за заеднички проекти за прекугранична соработка со градови од Албанија и Грција.
„Имаме апликации и други проекти со Корча и со Грција. Со Грција е на високо ниво соработката. Имаме апликации за електрични велосипеди, возила и чамци. Со Корча аплициравме за изградба на трим патека на просторот во поранешна Касарна , па ќе видиме...
Post Views: 0
Светот повторно се наоѓа на работ на нова финансиска криза, бидејќи ниските камати во Франција, Германија и другите развиени економиии се зафатени од кризната состојба на пазарот на недвижнини, тврди познатиот американски економист Нуруел Рубини.
Тој верува дека веќе „надуваниот балон“ на пазарот на недвижнини порано или подоцна ќе „експлодира“. Потоа треба да се очекува нова хипотекарна криза и рецесија во светската економија.
Рубини, кој управува со инвестицискиот фонд „Рубини глобал економикс“, е прв меѓу познатите меѓународни економисти кој предвиде избивање на глобалната...
Post Views: 6
Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Хрватска.
Стојановски и неговиот хрватски колега Драган Приморац денеска во Загреб ќе потпишат Програма за соработка во областа на технологијата и образованието за 2009-2012 година. Стојановски ќе има средба и со ректорот на Загрепскиот универзитет Алекс Бјелиш и ќе ја посети Катедрата по македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет. Утре тој ќе го посети и Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Риека и ќе се сретне со ректорот, академик ...
Post Views: 9
На 30.11.2020 година, при претрес извршен во домот на Ф.Д.(37) во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична прјава.
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од охридското село Косел.
Пријавениот, во изминатиов периодот од годинава, во атарот на ресенското село Лева Река, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел 2,5 метри просторни дабови дрва сопственост на Република Македонија. Дополнително, пријавениот З.М. противправно извршил сеча и присвоил уште 0,4 метри просторно дабово дрво.
Пријавениот, спротивно на одредбите на Законот за шуми, без одобрение, со моторна...