Министерот Стојановски во дводневна работна посета на Хрватска

Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Хрватска.

Pero Stojanoski
Перо Стојаноски

Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Хрватска.

Стојановски и неговиот хрватски колега Драган Приморац денеска во Загреб ќе потпишат Програма за соработка во областа на технологијата и образованието за 2009-2012 година.
Стојановски ќе има средба и со ректорот на Загрепскиот универзитет Алекс Бјелиш и ќе ја посети Катедрата по македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет. Утре тој ќе го посети и Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Риека и ќе се сретне со ректорот, академик  Даниел Рукавина.

ZagrebХрватскиот министер за образование, наука и спорт Приморац  го посети Скопје и МОН лани во март, кога беше истакнато дека двете министерства ќе ја унапредуваат и конкретизираат добрата соработка и ќе разменуваат искуства за што поуспешно реформирање на образовните системи во двете земји. Како за Македонија, и за Хрватска клучни реформи се примената на Болоњската декларација, задолжително средно образование, информатичка едуцираност и два светски јазика во основните училишта.

Традиционалната македонско-хрватска културна и научна соработка беше потврдена и во октомври минатата година, кога на Филолошкиот факултет во Скопје беше отворена новата студиска група по хрватски јазик и книжевност. Кроатистиката на Скопскиот универзитет се изучува подолг период. Десет години на Филолошкиот факултет работи Лекторатот по хрватски јазик.
Покрај претставници од МОН, во македонската делегација што денеска и утре престојува во Хрватска е и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски и  директорите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и институтите за македонски јазик и македонска литература.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top