Post Views: 6
Во сите храмови на православните цркви во светот утре се одбележува Велики петок, Ден на страдањата и смртта на Исус Христос.
Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се...
Post Views: 1
Во Црна Гора од утре ќе биде укината обврската да се носи маска на отворено, онаму каде што е можно да се обезбеди дистанца од два метра, според новите епидемиолошки мерки на Министерството за здравство.
Црна Гора претходно ги укина повеќето епидемиолошки мерки по подобрувањето на епидемиолошката состојба во април, а сега останува во сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 лица на истото место.
Post Views: 4
5 пловни објекти со комплетна опрема доби езерската полиција со што се зајакнуваат капацитетите за заштита на државната граница на Охридското езеро. 2 глисери се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР во вредност од 8 милиони денари а како донација од Република Чешка полицијата доби уште два глисери и еден гумен патролен чамец. На промоцијата на пловните објекти во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро присуствуваше Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Прв пат по 20 години набавуваме вакви глисери, кои што се со кабини, кои овозможуваат...
Post Views: 1
Гугл претстави прототип на смартфон со прилагодени хардвер и софтвер кој овозможува креирање на тродимензионални мапи на опкружувањето на корисникот.
Сензорите на овој апарат прават повеќе од 250.000 3Д мерења во секоја секунда и ја освежуваат позицијата во реално време. Гугл соопшти дека оваа технологија има потенцијална примена во видеоигрите и мапирањето во затворен простор, што би го олеснило самосталното движење на лицата со ослабен вид.
Компанијата понудила 200 прототипа на експерти за развој на апликациите, пренесува BBC.
Гугл исто така соопшти дека неговото одделение...
Post Views: 8
Авиосообраќајот над македонското небо денеска ќе биде во прекин од 10 до 12 часот поради штрајкот на контролорите на летање.
Во тој период на скопскиот и на охридскиот аеродром нема да слетуваат, ниту да полетуваат воздухоплови, а ќе биде овозможен само прелет на авионите над македонска територија. Контролорите на летање преку штрајкот бараат укинување на решението на Управата за јавни приходи со кое има намера да наплати 10 милиони евра од сметката на Агенцијата за цивилно воздухопловство што ги собрала последниве шест години како поврат на данок на додадена вредност....
Post Views: 1
Денес е ставен асфалтен слој на дел од Абас Емин. Со тоа продолжува етапното асфалтирање на улицата. Претходно беа асфалтирани околу 300 метри на дел од улицата до пресекот со Туристичка. Како ќе завршуваат сложените подземни градежни работи под улицата така ќе се поставува асфалт на дел по дел од Абас Емин, информираат од ЛС.
„Сега ќе се постави прв слој на асфалт до пресекот со улицата Охридска биргада. Понатака како ќе се оди по текот на улицата Абас Емин во должина со пресекот на улицата Железничка ќе се решаваат инфраструктурните инсталации во однос на канализација,...
Post Views: 9
Пишува: Весна Коловска
По смртта на претседателот на РК „Преспа“, Илче Котевски, кој почина од Ковид-19, познатата македонска пејачка Тања Ксена Царовска излезе со емотивна реакција на Фејсбук, каде изнесува неточни информации и теории на заговор.
Царовска во постот вели: „Е па другари, како зошто, треба да се всади страв в коски и луѓето да сакаат да се вакцинираат од страв. Инаку ќе им пропадне планот со вакцините, никој нема да сака. Оние што го праќаат протоколот за лекување од седиштето, тие просперираат од смрт. Тие сакаат смрт, тие доживуваат екстаза на смрт на...
Post Views: 3
Работниците од обезбедувањето на франкфуртскиот аеродром кренале штрајк на предупредување во 02,00 часот утрово и нема да работат до 23,00 часот. Тие бараат зголемување на сатницата на 16 евра, пренесува агенцијата DPA.
Работодавачот им нуди помеѓу 10 и 13 евра на час.
Претпладнево се откажани 41 лет, а се формирале и долги редови за чекирање. Спрема зборовите на потпаролот на аеродромот не се исклучува можноста да има уште откажувања на летови.
Синдикатите во Германија често применуваат краткорочни штрајкови како би извршиле притисок на работодавачите. Нова рунда на...
Post Views: 0
Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје.
Со ваква оценка грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Маљас, додавајќи дека станува збор за „разумен предлог“ за кој Грција е подготвена на компромис.
„Мислам дека сега е вистинско време да најдеме решение врз основа на предлогот на Нимиц. Тоа е разумен предлог. Грција за прв пат во својата историја прифаќа терминот Македонија да биде вклучен во името за меѓународна употреба.Ова е многу важно. Луѓето можеби...
Post Views: 4
Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот.
„Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни“, рече Заев кој во однос на прашањето, која е основната идеја која се сака да се постигне со легализацијата на канабисот, инсистираше да...
Post Views: 5
Белгиската авиокомпанија „TUI Fly Belgium” од 6 јуни 2020 година ќе воведе авионски линии на релации од Брисел до Охрид и до хрватскиот град Пула и обратно, објави специјализираниот портал за авиосообраќај simpleflying.com.
Според порталот, компанијата ќе лета еднаш неделно на релација Брисел – Охрид и Охрид – Брисел, со почетна цена на билетот од 89,99 евра.
Во промотивниот материјал на новата линија „TUI Fly Belgium” наведува дека Охрид е „една од најстарите населби во Македонија”.
–Самоиловата тврдина и црквата „Св. Климент Охридски” се најинтересни локации. Дополнително,...
Post Views: 0
Самсунг Galaxy Core LTE е опремен со двојадрен процесор од 1,2 GHz, поддржува мултитаскинг и нуди побрзо вчитување на интернет страни.
Има qHD дисплеј од 4,5 инчи кој е оптимизиран за 16:9 видео содржини, како и батерија од 2,100 mAh со продолжена употреба.
Galaxy Core LTE поседува и функции вклучувајќи NFC технологија со S-Beam, така што корисниците можат да разменуваат големи музички, фото и видео датотеки, bluetooth 4.0 и A-GPS+GLONASS.
Задниот дел е преслечен со мека кожа која го чини прилагодлив за држење. Уредот има камера од 5 мегапиксели и паметни функции кои...