Конечно име прифатливо за Грција?

Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје.

Alexandros Maljas
Александрос Маљас

Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје.

Со ваква оценка грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Маљас, додавајќи дека станува збор за „разумен предлог“ за кој Грција е подготвена на компромис.

„Мислам дека сега е вистинско време да најдеме решение врз основа на предлогот на Нимиц. Тоа е разумен предлог. Грција за прв пат во својата историја прифаќа терминот Македонија да биде вклучен во името за меѓународна употреба.Ова е многу важно. Луѓето можеби не се свесни, но ова е тоа“, изјави амбасадорот Маљас.

Тој ова го истакна зборувајќи на конференцијата „Довршување на американска мисија на Балканот“, одржана синоќа во влијателниот невладин Центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS) во Вашингтон, на која учествуваше и македонскиот амбасадор во САД и преговарач за името Зоран Јолевски.

Тој нагласи дека нагласи дека Македонија е посветена на изнаоѓање взаемно прифатливо решение за името, но, оти тоа не смее да биде пречка за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.
Македонија направи голем и великодушен компромис во 1992 кога ги смени Уставот и знамето за да ги задоволи грчките барања. Пред ланскиот самит на НАТО Македонија демонстрираше дека е подготвена да прифати уште еден компромис , но предлогот на медијаторот Нимиц беше одбиен од Грција.. Грција постојано поставува нови барања и нашето стравување е дали тоа има крај“, изјави амбасадорот Јолевски.

Тој повтори дека „ за идентитетот и достоинството не една нација нема компромис“.

AtinaГлавната порака испратена од собирот е дека САД треба да го задржат својот ангажман во југоисточна Европа, во интерес на стабилноста, развојот и интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и ЕУ.

„На подрачјето на западен Балкан моментно владее мир, но повеќето земји се уште се надвор од двата потпорни столбови на Западот – НАТО и ЕУ. Потенцијалните сценарија за нестабилност налагаат потреба од реконфигурирање на улогата на САД и ЕУ, особено на планот на регионалната сигурност и економскиот развој“, оцени Јануш Бугајски од CSIS.

Посочувајќи дека САД сега имаат многу поважни приоритети од Балканот, Даниел Сервер од американскиот Институт за мир, оцени дека ЕУ треба што поскоро да ги прими во членство балканските држави.

„Потребна ни е заедничка акција на САД и ЕУ и ја повикувам Унијата што е можно поскоро да ги прими сите балкански земји, кога тие ќе ги исполнат условите“, наведе Сервер.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top