Post Views: 0
Комуналните и инспекторите за храна со врзани раце. Сопствениците на тезги ги злоупотребуваат добиените дозволи. Од Локалната самоуправа објаснуваат дека тезгите за продажба на храна се пренаменуваат.Низ охридската чаршија и ова лето се продаваат крофни и пченки на импровизирани тезги. Со тоа не се испочитуваа најавите од Дирекцијата за храна дека летово низ охридската чаршија нема да има место за ваков вид на продажба на храна. Сега инспекторите велат дека не можат да постапуваат според законот затоа што сопствениците на ваквите тезги им покажуваат одобренија за...
Post Views: 8
Во природата нема место за отпадоци. Тој проблем не го заобиколува ниту НП. Цврстиот отпад претставува најголема закана за природното богатство на паркот.
НП „Галичица“ и ЈП „Охридски Комуналец“, во заедничка борба против сметот и дивите депонии. Конечно се постигна договор да се исчисти паркот од секаков вид на отпад. Стратегија за управување со цврстит отпад веќе е во имплементација, се очекува акција од Комуналец.
Досега на „Галичица“ не е посветено внимание на проблемот со управување на цврстиот отпад. Последиците врз животната средина и природните вредности веќе...
Post Views: 1
Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура, традиционално по 42 – ри пат се одржува во Охрид. Започна вчера и ќе трае до 27 – ми овој месец.
Во конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера свечено започна 42-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, на кој учество ќе земат професори, студенти, преведувачи, слависти и балканисти од 23 замји од светот.
„ Очекуваме како и досега семинарот да биде успашен“, вели Проф.Др. Емилија Црвенковска, „бидејќи има доста млади луѓе од светот каде се изучува...
Post Views: 6
Книгата за прв пат беше претставена во Љубојно, а авторот најавува промоција на неговиот труд и во Охрид.
„Охридско преспанскиот регион не е само природно геогравска и хидрогравска целина, туку има и заеднички можности за стопанска активност“, вели авторот на книгата „Охридско преспански стопански хоризонти“,м-р Јонче Филипоски.
„Подолго време се занимавам со истражување на економските прашања во периодот на транзицијата на ова подрачје. Проблемите ги анализирам како неделива целина како мезоекономски регион, во рамките на макроекономските политики во Р Македонија“,...
Post Views: 0
Преставата „Дервишот и смртта“ од турскиот театар ќе се изведува како балакански проект.
Театарот од Коџаели, Турција вечерва гостува со преставата „Дервишот и смртта“, која е производ на Балканска соработка вели режисерот Нурула Тунџер. Романот на Меша Селимовиќ, за прв пат е адпатиран за театарска престава. Во создавање на преставата работеле на адаптација на текстот Небојша Брадич од Србија, преводот од српски, турски и македонски е на Билге Емин од Македонија, а режијата е на Нурула Тунџер. Кореогрфијата е доверена на Ѓерги Преваза од Албанија.
Театарскиот селектор...
Post Views: 1
Екипата на ТВМ телевизија по неодамнешната вечерна прошетка по охридската чаршија, денеска ги обиколи и плажите на охридското крајбрежје. Барајќи соодветно место за плажирање останавме неискапени.
Слободен ден, убаво време па каде ако не на плажа. За секој случај зедовме и камера за се да остане овековечено, бидејќи некои доживувања се случуваат само еднаш и никогаш повеќе. Решивме да не одиме многу далеку па отидовме на плажата СВ. Стефан. Само што сакавме да го паркираме возилото и да се растовариме, приметивме на едно дрво ставен плакат со натпис „забрането носење...
Post Views: 0
Почесниот граѓанин на Охрид, Винченцо Бјанки со изложба на Фестивалот Охридско лето.
Светски познатиот уметник и почесен граѓанин на Охрид, Винченцо Бјанки вечерва ќе има изложба во рамките на фестивалот Охридско лето. „Уметноста за зближување на нациите„ е насловот на презентацијата на неговите дела. Винченцо Бјанки планира од поодамна во Охрид да го отвори својот 13 музеј , сака да го нарече „Кадмо“. Овој музеј би бил составен дел на моите останати музеи за запознавање на народите преку уметноста порача Бјанки. Но, сеуште не е позната локацијата ни на музејот,...
Post Views: 3
На денешната средба помеѓу градоначалникот Александар Петрески и американскиот амбасадор Филип Рикер, првиот човек на Охрид, го запозна високиот американски дипломат со односите помеѓу општината и централната власт.
„Jaс искрено ,затоа што со пријатели се зборува искрено, кажав какви се состојбите со децентрализацијата, работата со Зелс и какви се односите со централната власт, некои тоа го сметаат дека зборувам против интерсите на државата, но јас не го сметам тоа така“, рече Петрески.
„Со пријателите треба да се престави реалната ситуација. Само така ќе може да...
Post Views: 0
370 матуранти 2008/2009 од општинското средно училиште Св. Климент Охридски го прославија збогувањето со средното образование.
Од името на генерацијата 2008 /2009 до присутните се обрати ученичката Емилија Велеска.
„Ние Климентовите матуранти од генерацијата 2008 /2009 сме по многу нешта посебни, спротивни, но и исти. Ние сме симфонија, одзвук светлозрачен , мост од исконата до иднината, ние сме буч кој надоаѓа преполн со сила и знаење, моќ и љубов“ рече во своето обраќање Велеска.
До завршените средношколци честитки упатија градоначалникот Петрески и директорот...
Post Views: 0
Охридската пастрмка ќе се спасува со пари од пред пристапните фондови на Европската унија.
ЕД „Грашница“ ја извојува повеќегодишната битка, Охридското езеро да не се издава под концесија до 2014, но со оваа победа не запираат. Еколозите продолжуваат со заштитата на езерото и пастрмката вели нејзиниот поранешен претседател Лазо Наумоски. Тоа сега ќе го прават со пари од пред пристапните фондови на Европската унија за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Имаат во план формирање на мешовито, билатерално претпријатие со седиште во Св. Наум. За да се...
Post Views: 0
Вакционирањето е најефтиниот и најефикасниот начин на заштита и од новиот грип категоричен е директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев.
Првиот човек на Бирото нагласува дека тоа треба да е континуиран процес, а државата треба да има кампања со која ќе ги едуцира граѓаните. Граѓаните немаат навика да се вакцинираат, па затоа лекарите повикуваат на масовна имунизација. Мината година се вакционирале 45.000 грашани, а годинава се обезбедени 200.000 вакцини па негова желба е да се искористат сите.Преземените строги мерки на граничните премини и на аеродромот досега...
Post Views: 0
Клубот „Лајонс Десарети“ обезбеди 1000 бесплатни контроли на сите граѓани кои сакаат да го направат дијабет тестот.
Кон оваа иницијатива со медицински кадар се приклучи и Друштвото за дијабет од Охрид.
По прв пат во Охрид акција за бесплатно мерење на шекер во крвта. Лајонистите од Охрид подржаа акција за бесплатно мерење на шекер во крвта вредна околу 60 000 денари. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на луѓето што повеќе да се вклучат кон ваквите иницијативи во интерес на своето здравје вели Иво Захариевски од Лајонс клубот „Десарети“ Охрид. Тој додаде дека...