Борбата на еколозите продолжува

Охридската пастрмка ќе се спасува со пари од пред пристапните фондови на Европската унија.

 |  Валентина Нелоска  | 
Lazo Nаumoski
Лазо Наумоски

Охридската пастрмка ќе се спасува со пари од пред пристапните фондови на Европската унија.

Lazo NаumoskiЕД „Грашница“ ја извојува повеќегодишната битка, Охридското езеро да не се издава под концесија до 2014, но со оваа победа не запираат. Еколозите  продолжуваат со заштитата на езерото и пастрмката вели нејзиниот поранешен претседател  Лазо Наумоски. Тоа сега ќе го прават со пари од пред пристапните фондови на Европската унија за меѓугранична соработка помеѓу  Македонија и Албанија. Имаат во план формирање на  мешовито, билатерално претпријатие со седиште во Св. Наум. За да се заштити охридската пастрмка за потребите на хотелите, таа ќе се одгледува во приватни рибници во сливното подрачје на Охрид и Струга.  Наумоски појаснува дека за оваа цел Хидробиолошки завод и мрестилиштето во Шум од Струга, ќе добиваат пари за рибниот подмладок. За развој на рибарството средствата ќе ги обезбедува  Министерството за екологија. Се предвидува со проектот да се социјализираат досегашните рибокрадци кои се социјални случаи. Тие ќе бидат работно ангажирани од страна на шпретпријатието и  нема својата егистенција да  ја бараат во недоволен риболов кажува Наумоски.
Еколозите велат  претпријатието ќе  стави крај на риболовот на пастрмката од Албанска страна.   Билатералното претпријатието ќе работи под закрила на ЕУ, а двете држави ќе мора да доставуваат извештаи  како се справуваат со криминалот и заштитата на еко системот  и рибата од двете страни вели Наумоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top