Средба Петрески – Рикер

Петрески го запозна американскиот амбасадор Рикер со односите на општината  и централната власт.

 |  Валентина Нелоска  | 
Petreski i Riker
Петрески и Рикер

На денешната средба помеѓу градоначалникот Александар Петрески и  американскиот  амбасадор Филип Рикер, првиот човек на Охрид, го запозна високиот американски дипломат со односите помеѓу општината  и централната власт.

Filip Riker„Jaс искрено ,затоа што со пријатели се зборува искрено, кажав какви се состојбите со децентрализацијата, работата со Зелс и какви се односите со централната власт, некои тоа го сметаат дека зборувам против интерсите на државата, но јас не го сметам тоа така“, рече Петрески.

„Со пријателите треба да се престави реалната ситуација. Само така ќе може да помогнат за развојот на Македонија, амабасадорот и САД“,  потенцира охридскиот градоначалник.

Амбасадорот Рикер е разочаран од тоа што охридкиот градоначалник досега немал можност да  се сретне  со Премиерот и преставници од неговиот кабинет, да разговараат за иднината на Охрид  и неговите граѓани во повеќе сегменти. Рикер разочаран од досегашните состојби порача, во САД токму соработката на тие два сегмненти е клуч за успех во општеството.
Филип Рикер инаку вчера учествуваше, заедно со специјалниот пратеник на ЕУ во земјава Ерван Фуере, на прославата во одбележување на патронот на градот Св. Климент. Рикер за време на изборите ветил дека ќе се сретне со идниот градоначлник, па даденото ветување го реализира денеска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top