Бесплатно мерење шекер во крв

Клубот „Лајонс Десарети“ обезбеди 1000 бесплатни контроли на сите граѓани кои сакаат да го направат дијабет тестот

 |  Николовска Биљана  | 
analiza
анализа

Клубот „Лајонс Десарети“ обезбеди 1000 бесплатни контроли на сите граѓани кои сакаат да го направат дијабет тестот.

analizaКон оваа иницијатива со медицински кадар се приклучи и Друштвото за дијабет од Охрид.

По прв пат во Охрид акција за бесплатно мерење на шекер во крвта. Лајонистите од Охрид подржаа акција за бесплатно мерење на шекер во крвта вредна околу 60 000 денари. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на луѓето што повеќе да се вклучат кон ваквите иницијативи во интерес на своето здравје вели Иво Захариевски од Лајонс клубот „Десарети“ Охрид. Тој додаде дека шекерот иако не се пренесува од човек на човек како заразна болест, завзема епидемиолошки размери.
Акцијата за бесплатно мерење на шекер во крвта, предизвика голем интерес кај лугето, вели одговорната сестра на друштвото за дијабет од Охрид Зоре Димовска. Нашите предвидувања дека има многу лица со дијабет, кои не знаат дека го носат дијабетот се покжаа како точни додава таа.
Користа од ваквите иницијативи е голема. Пред се добро е да се знае како и во кој случај се превземаат мерки за регулација на шекерот, бидејќи најголем проблем се јавува кај лицата кои не знаат како да го регулираат велат стручните лица. Во иднина вакви акции ќе има се повеќе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top