prase

Забрана за увоз на свињи

Post Views: 1 Македонија од денеска ќе го забрани увозот на живи свињи од сите земји и ќе ги зголеми контролите на ветеринарните гранични инспекции за да ја спречи евентуалната појава на свинскиот грип. Ова вчера на прес конференција го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски. „Постојано ја следиме ситуацијата и контактираме со Светската ветеринарна организација. Доколку Европската комисија донесе какви било мерки за заштита од свинскиот грип, ќе ги следиме препораките“, рече Спасеноски. Според надлежните служби, вирусот на свински грип може да...

Continue reading

9-годишно дете почина во несреќата со жичарницата во Италија

Post Views: 1 Момчето беше итно пренесено со хеликоптер во болницата во Торино, заедно со повредено 5-годишно момче, кое сега е единствениот патник кој го преживеа падот на кабината. Во несреќата загинаа 14 лица. – Направивме се што можевме, но по неколкучасовни обиди, не успеа. – рекол директорот на болницата.Меѓу жртвите има и други малолетни лица, пишува „Ла република“. Најголем дел од загинатите се Италијани или странци со престојувалиште во Италија. Петгодишното момче има повреди на главата и прелом на ногата и како што пренесуваат медиумите, засега никој не се јавил да го побара...

Continue reading

АМСМ: Денес од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Post Views: 1 Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, денес ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Continue reading

platforma

Почна британско-шкотската „војна“ околу нафтата

Post Views: 2 Шкотскиот премиер Алекс Салмонд ја нарече британската влада „крадец на црното злато” на Шкотска, пишува весникот Индипендент. Салмонд, поранешен економист  во областа на енергетиката, во говорот пред Домот на општините излезе со низа обвинувања упатени на адресата на британската влада. „Лесно беше Вестминстер да ги пополнува дупките во британскиот буџет во последните 40 години, земајќи ги нафтата и гасот на Шкотска. Тие ни велат дека нафтата во Северното Море би била подобро стопанисувана  од голема земја како Велика Британија , наместо мала земја како Шкотска....

Continue reading

Gordana Jankulovska

Јанкуловска во посета на Прага

Post Views: 0 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска учествува на министерска конференција насловена “Градење на миграциски партнерства” во Прага. На конференцијата, која се одржува како дел од чешкото претседателство на Советот на Европската Унија и која вклучува учество на земјите од Европската Унија и Шенген зоната, земјите од Југоисточна и Источна Европа, Централна Азија како и Турција, ќе се усвои заедничка министерска Декларација, која го изразува заедничкиот интерес за зајакнување на заемната соработка во управувањето на миграциите. Во рамките...

Continue reading

Најмалку шест лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди Хрватска

Post Views: 2 Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица. Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек. По затрупани луѓе се трага на уште три други локации, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут, пренесува Хина.На терен се осум кучиња во потрага по настрадани под урнатините од земјотресот. Во разорениот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој денеска ја погоди Хрватска, загинаа најмалку три лица, повредени се најмалку 20 луѓе и предизвикана е голема материјална...

Continue reading

Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност

Post Views: 0 Новиот Закон за енергетска ефикасност кој минатата недела беше изгласан во Собранието на Северна Македонија и беше објавен во Службен весник на денеска стапи на сила. Материјата за енергетска ефикасност досега беше регулирана со стариот Закон за енергетика од 2011 година и соодветните подзаконски акти. Имајќи го тоа предвид, постоеше значајна бариера за имплементација на мерки за енергетската ефикасност во нашата држава. Старото законско решение го попречуваше развојот на пазарот на енергетските услуги, со тоа и инвестициите во оваа област, иако приближно 300 енергетски...

Continue reading

Нови правила на српскиот авиопревозник

Post Views: 3 На летовите на Ер Србија во иднина ќе важат нови правила за превоз на багаж, усогласени со стандардите на европските авиопревозници, соопштено е од оваа компанија. Имено, наместо досегашниот концепт по тежина, на летовите на Ер Србија во иднина ќе се применува концептот по парче предаден багаж. Во соопштението се наведува дека патниците од 1-ви мај 2014 година ќе можат во економска каласа да превезат еден багаж со максимална тежина од 23 килограми, а во бизнис класата два багажа со тежина од 32 кг. поодделно. Генералниот директор на Ер Србија Дане Кондиќ рекол дека оваа...

Continue reading

akcelerator

Македонија влегува во проектот на ЦЕРН

Post Views: 2 Висока владина делегација од Македонија денеска ќе престојува во работна посета на Женева, Швајцарија каде ќе биде потпишана Спогодба за соработка со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН). Спогодбата ќе овозможи соработка со ЦЕРН и воспоставување на една рамка со која долгорочно ќе се осигура можноста за учество на Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН, поврзани со научна и техничка соработка на полето на физиката. Македонија преку јавните Универзитети ќе има можност за учество во истражувачките проекти на ЦЕРН во областа на експерименталната...

Continue reading

Советниците не се за поскапување на водата за пиење

Post Views: 1 Советничката Гордана Коњановска од името на опозицијата во Градскиот совет очекува советниците да не дадат согласност за зголемување на цената на водата за пиење. „Ова ЈП е пример за превработеност и едвај успева да наплати 30 проценти од побарувањата и планира вработувања за 2021 година. Се остава впечаток дека со поскапувањето на цената на водата ќе ги финансира новите вработувања, а не големите капитални проекти на ЈП“. Градоначалникот остава на советниците дали ќе изгласаат повисока цена на водата за пиење. За ова точка на дневен ред треба да дадат или не согласност...

Continue reading

Два преседани истовремено

Post Views: 8 Прв пат во својата историја, поставиле жена како член на управен одбор на Хонда и еден странец за оперативен директор на компанијата. Како што се наведува во соопштението на Хонда, во управниот одбор на компанијата ќе се придружи технолошкиот експерт Хидеко Куни (66), а Бразилецот со јапонско потекло Исао Мицогучи, кој веќе 30 години раководи со работењето на Хонда во Јужна Америка, е именуван за нов оперативен директор на компанијата, пренесува AP. Јапонската компанија се најде под критики дека промовираат само јапонски државјани, и ова е за прв пат да се направат два...

Continue reading

Evroparlament

Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори

Post Views: 0 Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори во Македонија во рамки на редовната сесија на Парламентарното собрание во Стразбур, што почнува денеска. Свое обраќање на редовната сесија што ќе трае до 30. април, се очекува да имаат претседателот на Финска, Тарја Халонен, како и премиерот на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро. На сесијата ќе се разгледуваат и повеќе актуелни теми како хуманитарните последици од војната меѓу Грузија и Русија, состојбата со бранителите на човековите права во земјите-членки на Советот на Европа, акцијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top