Post Views: 3
Градежни работи во Пештани. Дел од куќите во оваа туристичка населба веќе приклучени во колекторскиот систем. „Доколку не послужи времето за многу кратко време целото село ќе биде приклучено на системот“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот од Пештани повторно упати критика до премирот и владата. Откако со месеци ништо не прават околу состојбата со Охридското езеро, туку само водат негативна кампања и ја обвинуваат опозицијата за се и сешто во оваа земја, време е да се соочат со фактите и реалноста. Колку ли само пари и време потрошија на плакати,...
Post Views: 1
„Австралискиот бумеранг единствен експонат од 5 годишното трагање по инвестиции за Охрид. Ништо арно не виде Охрид од градоначалникот Петрески. Неговите прес конференции се продолжување на старата добра пракса на деградација на политичката комуникација, зачинета со навреди, бескрупулозни изјави“. Вака денес обвини претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов. Михаилов истакна дека градоначалникот крајно недолично не престанува да излегува во јавноста со лажни тези и ноторни лаги.Михаилов на Петрески му упати уште една сериозна забелешка за неговиот начин на...
Post Views: 23
ЈП „Oхридски комуналец“ започна акција за нивно разубавување. Покрај парковите, се средуваат и дрворедите по улиците.ЈП „Охридски комуналец“ со полни раце работа. Деновиве започна акција за преуредување на дел од парковите во центарот на Охрид. „Со бизнисмените од Охрид веќе е договорено пред своите објекти сами да ги уредат парковите, а ние како ЈП целосно ќе го уредиме паркот пред рибниот ресторан, рече директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче. Тој потенцираше дека овој проект ќе се реализира со финансика поддршка на охриѓаниец кој работи во Нови САД. Дирекорот...
Post Views: 6
Медицинскиот отпад е отпад што се создава во медицинските и здравствените институции и претставува производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на болестите кај луѓето и животните. Има многу причини зошто овој смет се третира како најопасен отпад. Првиот човек на Центарот за нефрологија и дијализа од Струга, Сами Мена, рече дека ова е сериозна тема и добро е што се придава толкава важност.Директорот на дијализа, Мена, истакна дека „живееме во современо време и непожелно е да се добие инфекција од медицински отпад“....
Post Views: 0
Последиците од зголемениот водостој во езерото сеуште не сме ги почувствувале во целост. Се потврдуваат предупредувањата што подолго време ги кажувавме, велат од локалната самоуправа. „ Со зголеменото испуштање на водата од езерото преку Црн Дрим, се направи штета во Струга и во пречистителната станица во Враништа. Шахтите се преполни со излеана вода“ истакна градоначалникот Александар Петрески.Директорот на МЈП Проаква, Бранко Трпчевски информираше дека допрва очекуваат влошување на состојбата поради топењето на снегот карактеристично за овој период од годината. „Зголемениот...
Post Views: 8
Денес се одбележува денот на крводарителството на Република Македонија. Општинската организација на Црвениот крст од Охрид мината година може да се пофали со голем број крводарителски акции што ги организира со различни категории граѓани.
17 март е денот кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи. Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко јавно им искажа благодарност на сите крводарители кои несебично ја даруваа драгоцената течност која живот значи. Исто...
Post Views: 0
Претставниците на етничките заедници од земјава, бараат да престане нивното исклучување од јавниот живот. Исто така сакаат да се престане и со повредата на нивните уставно загарантирани права.
Од неодамна се организираа во таканаречена Мрежа на мултикултурно општество.
„Македонија не е бинационална држава. Таа е мултинационална и мултикултурна. Во неа живеат и творат 21 заедница на малцинствата“, истакна на денешната прес конференција претседателот на Мрежата на мултикултурно општество, Миро Орданиќ. Оваа мрежа на заедниците, има за цел афирмација на мултикултурализмот...
Post Views: 4
Изворските води кај Биљанини извори се со променлив квалитет, заклучок е на работната група на експертските тимови составена од претставници на неколку институции.
Последните анализи покажуваат присуство на патогени бактерии.
На заедничка маса седнаа различни тимови кои го испитуваа квалитетот на водите на Биљанини извори. Резултатите се недвосмислени. Појавата на бактерии во овие води варира.
Работната група формирана во Октомври минатата година, се состоеше од експертски тимови на Регионалниот центар за јавно здравје, Хидробиолошкиот завод, МЈП Проаква и на Локалната...
Post Views: 7
Најавата од Фондот за здравствено осигурување за заострување на начинот за препишување на лековите од позитивната листа ги вознемири пензионерите. Тие како најзасегната категорија регираат дека со овој начин на снабдување со лекови, нивното право на лекување е доведено во прашање. На построгиот режим на препишување лекови реагира и Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Од таму најавуваат дека многу скоро ќе излезат со свој став, по состанокот на Комисијата за здравствена заштита. Претседателот на Здружението на пензионери , Ѓорѓи Трпчески вели „Не добиваме здравствена...
Post Views: 0
Долгогодишната идеја за посебен закон за Охрид, најверојатно, ќе се реализира. Законот за Охрид помина на Влада, па сега треба да се стави пред пратениците. Дали со овој закон ќе се решат наталожените проблеми на градов, останува да видиме. Инаку, негово донесувањето беше иницијатива на УНЕСКО, под чија заштита е Охрид.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Градоначалникот Александар Петрески пристигна во Oхрид. Денеска одржа прес конференција на која призна дека посетата на Австралија ја прекинал затоа што тоа од него го побарале граѓаните и матичната партија. Петрески јавно проговори и за опструкциите кои му ги правел амсадорот на РМ во Австралија, кој неместо да се сретне со него и да му организира средби со бизнисмени, барал градоначалниците на општините да не се среќаваат со првиот човек на Охрид.
„И покрај корисноста за општина Охрид, донесов одлука да ја прекинам посетата на Австралија затоа што тоа од мене го...
Post Views: 0
Овојпат потпретседателoт на владата Зоран Ставрески отиде лично да се запознае со проблемите кои ги мачат овие луѓе. Друштво на Ставревски во Пештани му правеа дел од Загрижените граѓани од саботата.
Нова посета – нови ветувања. Владата деновиве ќе испрати неколку пумпи за црпење на водата од поплавените подруми и куќи во Пештани. Ова денеска по средбата со жителите на оваа туристичка населба, го најави потпретседателот на владата Зоран Ставрески. Тој уште истакна дека ситуацијата во Пештани не е критична , но е сериозна. Потпрестседателот на владата не беше запознаен...