Гама зраците-лек за медицинскиот отпад

ТВМ продолжува да истражува на тема медицински отпад. На барање на гледачите побаравме образложение од стручните лица што се спаѓа во медицински отпад и како тој треба да се третира.

 |  Билјана Николовска  | 
med. otpad
мед. отпад

med otpadМедицинскиот отпад е отпад што се создава во медицинските и здравствените институции и претставува производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на болестите кај луѓето и животните. Има многу причини зошто овој смет се третира како најопасен отпад. Првиот човек на Центарот за нефрологија и дијализа од Струга, Сами Мена, рече дека ова е сериозна тема и добро е што се придава толкава важност.
Директорот на дијализа, Мена, истакна дека „живееме во современо време и непожелно е да се добие инфекција од медицински отпад“. Тој додаде дека повеќето од материјалите што се употребуваат во денешно време се за една употреба. Тие овој проблем го уредиле согласно законот.
Мена рече: „Добро е да се размислува секоја болница да има дел каде ќе го уништува отпадот. Тоа би се изведило со големи и мали печки за согорување на отпад кои користат гама зраци. Со нив настанува целосна стерилизација и нема опасност и доколку отпадот е изложен и на отворено“ Исто така планирано е согорување на отпадот во регионална депонија.
Со стерилизација и уништување на медицинскиот отпад безбедноста за околината и луѓето е сигурна, сметаат докторите. Тие не знаат како комуналните претпријатија се справуваат со овој опасен отпад но веруваат дека во догледно време ќе се надмине овој проблем.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top