Post Views: 6
Охридската пастрмка продолжува нелегално да се лови, ја има во рестораните од двете страни на езерото, и на албанска и на македонска страна. Ендемичниот вид и понатака е ставен на немилосрдно ловење и истребување. И по 6 години од донесената забрана за нејзиното ловење нема подобрување во заштитата на рибниот фонд. Спортските риболовци алармираат дека ситуацијата со рибниот фонд е критична. Радован Димитриески прет. СРД Св Апостол Павле посочува дека и покрај забраната езерската полиција оваа година запленила само 1600 м мрежа и поднела 5 кривични пријави.
Албанскиот...
Post Views: 8
Отворена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU. Директорот на Бирото за јавна безбедност во Македонското МВР, м-р Љупчо Тодоровски на претставувањето на оваа единица, изјави дека во единицата покрај македонската полиција учествуваат и Јавното обвинителство, Министерството за правда, финансиската полиција и Царината, а станува збор за проект наменет за сите земји од западен Балкан со примарна цел да се воспостават вакви единици во што повеќе земји од регионов и пошироко.
„Идејата е сите информации кои што ги добиваат...
Post Views: 7
ССМ во Охрид денеска го одржаа на 18-от Конгрес. Досегашниот вршител на должноста претседател, Живко Митрески, е избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ. За него гласаа сите 99 присутни кандидати од вкупно 120 колку што го сочинуваат синдикатот.
Во своето обраќање на конгресот, претседателот на ССМ, Живко Митревски истакна дека пред синдикатот е период на консолидација, надминување на внатрешните проблеми и подобрување на стандардот на работниците, кој во период на економска криза е на ниско ниво.
„Самото присуство на поголем број на...
Post Views: 13
Ништо од повисокот ниво на комуникација помеѓу ОК ВМРО ДПМНЕ – и градоначалникот на Охрид. И покрај неодамнешната посета на делегација од ВМРО-ДПМНЕ со цел подигање на нивото на комуникацијата, кога начелно бил договорен фер и коректен однос, се посилна станува вербалната војна помеѓу ОК ВМРО ДПМНЕ – и градоначалникот на Охрид. На денешната пресконференција, Градоначалникот Александар Петрески потенцира дека за него приоритет е задволување на барањата на граѓаните.
Петрески посочи дека предмет на интерес на инспекциите треба да биде работењњето на охридската...
Post Views: 2
Едно од најтешките видови на психолошки насилства, мобингот зема се поголем замав и кај нас. Овој вид на злоупотреба и вознемирување на работното место , може да има многу сериозни последици, како за самата жртва така и за работната средина. Станува збор за насилство кое се прави најчесто од надреден на подреден по вертикала, во одредена организација. Драгица Павлеска Попоска од Сојузот на жени „Езерка“ информира дека пред извесен период, кај нив е пријавен прв подрастичен случај на мобинг. Попоска кажува дека пријавениот случај е од сферата на образованието.
„Имаме...
Post Views: 5
Квази мнозинство во Советот на општината и квази Градоначалник. Ова се зборовите со кои од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција ја нападнаа градската власт. Отаму обвинуваат за нивно катастрофално однесување и на редок политички случај мнозинството предводено од СДСМ да го нема на седниците, а опозицинерите трпеливо да ги чекаат во клупите.
„Не може тоа да се покрие ниту со тероризирање на вработените во општината, претпријатијата и училиштата. Во тоа нанесување на штета врз Охрид предничи основачот на ова мнозинство квази Градоначалникот...
Post Views: 0
Во организација на Сојузот на борците на Охрид, денес се одржа регионална средба на Општинските одбори на Струга, Охрид, Кичево, Дебар и Македонски Брод. Претседателот на охридскиот сојуз Гоце Ѓеоргиески потенцира дека средбите од ваков карактер се мошне значајни, поради фактот што делата на НОБ никогаш не треба да се минимизираат. Тој додаде дека НОБ е најзначајниот период во историјата на Македонија.
Претседателот на Сојузот на борците на централно ниво Генерал Тодор Атанасоски, потенцира дека мисијата на организацијата на борците од НОБ е јасна и во рамките на тоа...
Post Views: 6
Финиширан проектот „Акција против огненото насилство“. Како треба да изгледа светот против оружјето, беше насликан од страна на учениците од ОУ во регионот. Нивните дела беа експонирани во СВР Охрид а истовремено беа наградени најдобрите слики. Портпаролот на СВР –Охрид Стефан Димоски, ја пофали работата на одделението за превенција од секторот, кои во соработка со НВО „Цивил“ и мисијата на ОБСЕ одиграле главана улога во подигање на степенот на јавната свест во оваа сфера.
Претставничката на мисијата на ОБСЕ Јана Напа, рече дека погледнале вкупно 2900 цртежи од цела...
Post Views: 2
Светската финансиска криза која трае 2-3 години покрај финансиски проблеми предизвика и големи екномски, социјални и психолошки последици за вработените. Од овие проблеми недопрена неостана ни Македонија која на економско – социјален план има доста проблеми. „Уште кога се појавија првите знаци на кризата, ССМ апелираше до владата на РМ навреме да се преземе мерки за да се амортизира незиниот удар врз македонската економија, но и на работните услови и работните места на микро ниво“, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски. Тој пред присутните проговори за усвоените...
Post Views: 8
Охрид одби да биде дел од трката за манифестацијата „Град на култура за 2011 година“. Калкулантство при изборот на градот, навреди и потценувања на останатите апликанти, како и политизација на самата манифестација се само дел од причините поради кои Општина Охрид го откажува учеството на конкурсот за манифестацијата „Град на културата во 2011 година, вели Советникот за култура при Општина Охрид, Митре Вељаноски. Ланската година ни со планиран буџет од околу осум милони денари распореден за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата “.Вељаноски...
Post Views: 6
Главниот судски претрес што се води против Сотир Филевски и претставникот на реномираната германска компанија „Лојд“, Бранко Бајиќ, одложен. Судијката на овој спор Милка Танеска, истиот го презакажа за 18 јануари 2011 година. Главна причина поради што денес во Основниот суд во Охрид не се одржа главниот претрес, беше неприсуството на второ обвинетиот Бајиќ, иако уредно бил поканет по диломатски пат, рече Танеска. Бранителите на обвинетиот категорични во својот став дека нема вина кај Филевски. „Вина има некој но не и обвинетиот“, рече бранителот Саво Коцаре, и додаде...
Post Views: 18
Речните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови отпад, па се до паднати или изникнати дрвја. Сега се расчистува отпадот и се сече вегетацијата, а на некои места се преформираат речните водотеци вели раководителот на Центарот за управување со кризи Митко Темелкоски. Ваквите активности започнале пред три месеци со расчистување на коритото на реката Сатеска од утоката во Охридското езеро, па се до селата Волино и Климештани....