dokumenti

Обвинувања за организиран криминал во ЈП Македоски шуми „Галичица“

Post Views: 9 Марјан Костоски поранешен вработен во ЈП Македонски шуми-Галичица реагираа на незаконското работење во ова претпријатие. Инцидентот со шумската полиција во Велгошти, состојбата со безбедноста и стопанисувањето со шумите во охридскиот реон го натераа како што вели  повторно да  укаже на со години наназад неразрешените  состојби во ова претпријатие. „ Односно на криминално однесување на лица вработени во Макеодснки шуми, директно инволвирани во организиран криминал за што постојат документи како доказен материјал. Костоски ги набројува како криминални дејствија превозот...

Continue reading

Kaneo

Охрид со своја презентација во Лугано

Post Views: 7 Природните убавини, како и богатото културно наследство и традицијата на Охрид беа презентирани за време на осмиот Меѓународен саем за туризам, кој се одржа во Лугано во Швајцарија во последните неколку дена. Ова е четврти пат по ред како Охрид зема учество во овој саем во текот на кои се случуваат состаноци меѓу европските туристички агенции. Општина Охрид спроведе успешни средби со реномирани агенции од Швајцарија, Австрија, Германија, Полска и соседна Словенија. {loadposition content9}

Continue reading

shumska policija

Шумите во атарот на селата Велгошти и Скребатно мета на дрвокрадци

Post Views: 3 Инцидентот што викендов се случи со шумската полиција во Велгошти ја наметна дилемата колку шумите во охридскиот реон се безбедни од крадци на дрва. По низа процедури, денес, од јавното претпријатие „Македонски шуми“ добивме одговор на ова прашање. Раководителот на заштита на шуми, Борис Недески  посочува дека најизразена е незаконитата сеча на шумата токму  во атарот на селата Велгошти и Скребатно. До шумската полиција, шумарите од „Македонски шуми“ годинава поднесле околу 30 пријави. Пријави за дрвокрадци од Велгошти има скоро секојдневно.  Откриени се случаи и со...

Continue reading

Mitrovden

Православните христијани денес го чествуваат празникот Митровден

Post Views: 3 Охриѓани денес го чествуваат верскиот празник Митровден. Голем број граѓани, со свеќа во рака и со молитва за здравје и бериќет се помолија пред импровизираниот црковен храм посветен на великомаченик Св. Димитрија. Со звуците на македонската песна и игра на градскиот плоштад се одржа црковно народен собир. Граѓаните се задоволни  од ваквиот начин на прославување на Митровден. Граѓаните се задоволни од начинот на одбележување на овој верски празник, велат, ова е продолжување на една вековна традиција. Од Црковниот одбор Св. Димитрија по петти пат го одбележуваат црковниот...

Continue reading

SVR

Нападната патрола на шумската полиција во Велгошти

Post Views: 3 На 06.11.2010 година во 19,10 часот во СВР-Охрид, А.Т.(1965) од Охрид – вработен во шумска полиција, пријавил дека истиот ден во времето од 14,00 до 19,00 часот, тој и шумскиот полицаец М.П.(1973) од Охрид, вршеле служба на подрачјето на с.Велгошти, кај м.в.„Вишесла“. Околу 19,00 часот откако претходно го паркирале службеното ПМВ “Лада Нива“, попречувајќи го патот со цел да вршат контрола на ПМВ кои доаѓаат од м.в.„Петрино“, дошло ПМВ-Џип со охридски регистерски ознаки, во кое имало 6 НН лица, кои веднаш излегле од возилото викајќи на висок тон и се упатиле кон...

Continue reading

Petreski

Има ли пазарења во Советот?

Post Views: 0 Шпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во советот градоначалникот официјално нити ги потврдува нити демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во советот. „Секој може да бара што сака, но се знае што е совет, што е градоначалник. Градоначалникот согласно статутот на Охрид и законските прописи одлучува кој каде ќе биде директор. Советот ќе одлучува кој ќе биде претставник во управните и надзорните одбори. Они кои се одлучуваат да побараат вакво нешто си прават бајрам на умот....

Continue reading

traktor

Државата во охридско дава земјоделско земјиште под закуп

Post Views: 3 Во атарите на охридските села Ливоишта, Требеништа, Велмеј и Волино државата ќе дава под закуп околу 29 хектари земја. Максималната површина за која може еден понудувач да аплицира е до 10 хектари.  На обработливите површини со кои располга државата меѓу другото се предвидува да се подигаат овоштарници и рибници. Времетраењето на закупот за земјиштето е различно, во зависност од намерата на зантересираните.  Така за  подигање на долгогодишни насади лозја и овоштарници земјиштето ќе се дава под наем за период до 30 години, а за одгледување на земјоделски култури и за...

Continue reading

zasaduvanje drvca

Продолжија активностите за одбележување на слободен Охрид

Post Views: 4 Еколошка акција во ОУ Св. Климент Охридски, по повод патрониот празник на нашиот град. Претпладнево во дворот на училиштето беа засадени садници, акција која ја спроведоја ЈП Охридски Комуналец, раководството на училиштето и советот на родители. Првата садница ја засади градоначалникот Александар Петрески кој истакна дека чест е да се живее во Охрид, но при тоа искажа благодарност и почит до сите кои дадоа свој придонес за ние денеска да живееме во слободен Охрид. „Локалната самоуправа имаше многу активен период во изминатите неколку месеци. Денеска продолживме со средување...

Continue reading

sloboden Ohrid

Започна чествувањето на 66 години слободен Охрид

Post Views: 2 Започнаа активностите со кои се прославува 66 годишнината од слободен Охрид. Свечената седница започна со едноминутно молчење со кое им се оддаде почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба. На седницата свое обраќање имаше градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека одбележувањето на ваквите важни датуми од историјата на Охрид не’ обврзуваат ние како генерација да дадеме свој придонес за неговиот натамошен развој. „ Нивниот придонес за денешната слобода го чувствуваме ние, но обврска е тоа да го прават...

Continue reading

imunizacija

Нов редослед, според новиот Правилник за имунизација

Post Views: 12 Раководителот на РЕ превентива за деца и млади, при Здравствениот дом од Охрид, Д-р Катерина Димитрова, вели дека во нашава општина имунизацијата уредно се спроведува и се карактеризира со 98%. Д-р Димитрова информира дека последниве неколку години се воведени неколку нови вакцини, како вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б или (ХИБ) и најновата ХПВ вакцина. „До пред неколку месеци работевме по стариот правилник, кој беше донесен во 1991 година, меѓутоа годинава, на сила стапи нов правилник, во којшто се вметнати овие нови вакцини и има промена во редоследот на...

Continue reading

Сега за сега нема информативен екран!!!!

Post Views: 5 Од Локалната информираат дека стопирањето на изградбата на овој времен објект е резултат на низа недоследности кои биле воочени во договорот помеѓу локалната и инвеститорот „Медиа инвестмент груп“. Прекинато поставувањето на информативниот екран во близина на градскиот плоштад. Иако изутринава на локацијата пристигнаа компоментите од речиси десетметарската конструкција, која требаше да никне во близина на плоштадот, сепак до нејзинио поставување не дојде. Граѓаните зачудени негодуваа околу поставувањето на овој најнов времен објект и секако изборот на оваа локација. Изведувачот...

Continue reading

Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

Post Views: 3 Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето. Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top