Post Views: 7
Учениците и нивните наставници од основното училиште „Св Климент Охридски“ секоја година мора да се изборат за учество на свечената академија која општината ја организира по повод патронот на градот, Св.Климент Охридски. „Едноставно ни кажаа, не!“ Сеуште, наставниците и третооделенците од основното училиште „Св Климент Охридски“, чекаат на потврда од општината за нивното учество на свечената академија, која треба да се одржи во среда, во чест на патронот на градот, Св.Климент Охридски. Со танталови маки некако им успеа да учествуваат пред две години, на последното издание...
Post Views: 7
На дел од жителите на улицата Ариф Мустафа на потегот од Булевар Туристичка до Гоце Делчев реката Грашница повторно им задава главоболки. Обилните врнежи во текот на викендот им ги поплави дворовите, а во домовите имале проблем со канализацијата. Жителите на дел од Ариф Мустафа признаваат дека немаат приклучок за канализација, ама велат уредно плаќаат сметки за колекторот. Утрово се сретнале со раководителот на Фондот за комунален развој Емин Селман при што им ветил расчистување на коритото. Но, ветувањето не било одржано. Крајно револтирани жителите велат биле...
Post Views: 1
Од денес, во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа, ставен на увид предлог акционен план и програма за управување со бучавата во Охрид. Граѓаните своите забелешки и сугестии по ова прашање ќе можат да ги доставуваат до 21 Јануари идната година, а јавната расправа по истиот план ќе се одржи на 25-ти Јануари.
Еден од главните проблеми со кои се соочува општина Охрид , градот Охрид , а особено стариот дел од Градот е зголемено ниво на бучава .Илјадниците гости, зголемената фрекфенција на возила, забавните и рекреативните активности...
Post Views: 5
Некои од струшките и охридски автопатишта ќе бидат дел од таканаречената Западна концесија. За неа се заинтересирани 7 врвни светски компании кои работат во оваа област. Од нив две веќе се квалификувале за понатамошната постапка. Според првичните проценки, во изградба на патните правци од двата пакета идниот инвеститор треба да вложи околу милијарда евра.И струшките и охридските автопатишта ќе бидат предмет на концесија. Патиштата ќе бидат под концесија 35 години, а концесионерите ќе имаат осум години за нивна изградба. Станува збор за давање под концесија на патните...
Post Views: 4
Познати кумовите за најголемата верска манифестација во земјаваа „Водици 2011“. Довербата на здруженето „Богојавление“ ја добија браќата Климе и Јован Лотески.
Кумовите на манфестацијата презадоволни што од пристигнатите 6 апликации токму нивната била избрана и подржана.
Сега слободнои може да се каже дека претстои период на финални подготовки за големите верски празници „Водици“, „денот на Рибарите кои секоја година според календарот на МПЦ се прослалуваат на 19 и 20 јануари.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Охридско лето не сака да ја дели Св. Климентовата награда со никого. Директорот и Управниот одбор на оваа институција сметаат дека неможат да се споредат со ниту една институција во однос на работите кои ги имаат направено за промоција на Охрид во изминативе 50 години.
„ Во врска со наградата мојот став лично но УО е дека оваа награда не треба да се прими во пакет со уште двајца. Не сакам никого да невредувам но мое мислење е дека фестивалот треба да биде единствен. Наградата нема да ја примиме во пакет“, вели в.д директор на НУ Охридско лето, Васил Зороски.
И претседателот...
Post Views: 0
Професори, лекари, новинари, писатели, стопанственици, научни работници, уметници , ТВМ ги контактираше за да го чуе гласот на охридските интелектуалци како тие размислуваат за годинешната одлука за доделување на највисоката општинска награда за допринос за градот, Св Климентовата награда. Она што изненадува, а истовремено и загрижува е што скоро сите одбија нивните размислувања да бидат цитирани со име и презиме. Заедничко за сите нив е што не се партиски експонирани, и мислат дека највисоката општинска награда од година во година се девалвира. Наградата станува ...
Post Views: 2
Обилните дождови повторно допринесоа прелевање на Грашница, кај Воска. И покрај градењето на речното корито на Грашница водат поплави неколку дворни места. Останува најесно зошто започнатите работи останаа недоврешени и се дозволува жителите повторно да се соочат со истите можни проблеми како и лани. Од Регионалниот Центар за управување со кризи информираат дека опасност од излевање на другите водни текови нема. Жителите од Орман и Лакочереј кои лани имаа проблеми со поплавите од речните корита сега може да се мирни. Единствено кај Волино, реката Сатеска е прелеана,...
Post Views: 1
Туристичката агенција „Глобус травел“ е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP. Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.„4 години работам во туризмот, имам контакти и сум во таа бранша вели Лотеска Наумоска. Сметам колку и да има туристички агенции нивниот број е мал бидејќи имаме добри атрибути за да го развиеме туризмот на максимално ниво, да не е само во лето туку преку цела година,“ објаснува таа. На гостите кои ќе доаѓаат во Македонија преку Глобус травел ќе им бидат презентирани...
Post Views: 6
Лицата со различни видови хендикеп се чувствуваат запоставени од државата. Конвенцијата за нивните права сеуште чека да биде ратификувана. Со нејзиното потпишување овие лица би се израмниле со правата на обичните луѓе, но при тоа би требало да се извршат и драстични промени во државата. Треба да се адаптираат сите институции, да се остранат сите бариери, и физички и интелектуални. Лицата со хендикеп велат не бараме промени преку ноќ туку постепени измени. Но, со сегашната ситуација очигледно е дека државата нема пари, но и волја за тоа сметаат лицата со хендикеп.
Лицата...
Post Views: 0
Охридскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја бојкотира свечената академија на 8 ми Декември.
Дејан Паноски во име на неговата советничката група, на денешната пресс конференција јавно го изнесе партискиот став. Тој потенцира дека доделувањето на Св. Климентовата награда на Велија Рамковски е невиден скандал. Паноски изрази несогласување и отпор кон ваквиот според него скандалозен чин. „За советничката група на ВМРО-ДПМНЕ овој срамен чин е вознемирувачка политичка инструкција на Градоначалникот на Охрид, на заменик – градоначалникот како гласач во Комисијата за одбележување...
Post Views: 2
На денешната кводарителска акција, реализирана на иницијатива на О.У. „Св.Климент Охридски“ а со помош на О.О. на „Црвениот Крст“ од Охрид, најмладите од ова основно училиште се „заразија“ со вирусот на хуманоста. На акцијата беа собрани 38 единици на крв кои ќе бидат искористени за потребите на пациентите во Општата болница .Директорката на училиштето Славица Илиќ кажа дека оваа година во чест на патрониот празник, одлучиле програмата да биде малку поразлична.
„Освен што традиционално имаме свечени приредби, одлучивме годинава да ја покажеме нашата хуманост со организирање...