Lokalna

Од жешко, пожешко

Post Views: 10 Секретарот Димитрија Вревезоски  во одбрана на Локалната, одговори и на вчерашните обвинувања на Михаилов, упатени на адреса на Општината и работењето на новоформираните јавни претпријатија. Секретарот на општината Димитрија Вревезоски, со надополнување на неодамнешната прес конференцијата, на која говореа раководителите на сите сектори во општината и директорот на Ј.П. Комуналец. Вревезоски истакна дека чувствува потреба да дообјасни некои работи кои навлегуваат во законската регулатива, за кои вчера обвинуваше Михаилов. Формирањето на новите ЈП-ја, ЛС не го правела...

Continue reading

Demir

Не сакаме да пополнуваме туѓи графи

Post Views: 28 Египќани во Охрид отсекогаш имало и ќе има. Оваа заедница трпи дискриминаторско однесување и нечовечко понижување од страна на Државната пописна комисија, обвини Демир Далип, кој не ретко се јавува во улога на заштитник на правата на својот етникум, а овој пат се огласи со реакција и за актуелната состојба околу престојниот попис, предвиден за април годинава. Тој реагира дека во пописниот процес ниту еден египќанец не е застапен ниту како потпишувач, ниту како инструктор, ниту пак има место во Државната пописна комисија. Тој бара застапеност и на граѓаните од неговата...

Continue reading

kev

Нов систем за прибирање и дистрибуција на крв

Post Views: 6 Улогата која досега ја имаа трансфузиолошките служби во болниците од Јануари оваа година ја презема Институтот за трансфузилошка медицина од Скопје или поранешниот Државен центар за трансфузиологија. Според последните измени во моделот со трансфузиолошките служби во Македонија, формирани се 4 регионални центри кои во иднина треба да функционираат. Собраните единици крв од локална крводарителска акција ќе се транспортираат до Државниот центар за трансфузиологија, од каде пак потребните единици крв ќе бидат доставени поединечно во регионалните центри. Тоа се Скопје, Штип,...

Continue reading

Ilindenska mrak

После двомесечен мрак, на Илинденска конечно светло

Post Views: 11 На граѓаните од „Илинденска“ конечно им се провидели. Улицата која подолг период беше обвиена во мрак, од денес ќе биде целосно функционална. Нејзините жители пред извесно време апелирале до надлежните во Општината, но дури вчера нивните молби биле слушнати. „Илинденска“ вчера го доби редовното одржување. Улицата која подолг период беше во целосен мрак, од денес се враќа во нормала. Граѓаните кои живеат на оваа улица подолго време се снаоѓаа кој како може. Движењето навечер по оваа улица беше вистинска опасност бидејќи таа се наоѓаше во целосен мрак. Проблемот беше...

Continue reading

Каде кочат работите за нов Здравствен дом?

Post Views: 5 Надлежните конечно проговорија зошто се кочи работата околу изградбата на но Здравствениот дом во Охрид. И овој пат двојни виновници. За едните виновна  е Дирекцијата и нејзината непотегливост, а за другите фирмата-изготвувач на проектот. Раководителот на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, Бранко Арнаудов, тврди дека во општината се вложуваат максимални напори за изградба на оваа здравствена установа и додава: „Локалната на 29.12.2009 год издаде услови. Веднаш потоа издаден е извод до ЈЗУ Здравстевн дом, бидејќи целокупната постапка треба да ја водат тие....

Continue reading

zanaetcija

Старите занаети непривлечни за младите

Post Views: 1 На занаетчиските дејности од година в година  им се заканува изумирање. Голем број занаети  веќе се исчезнати, а на поголем дел од нив сериозно им се заканува таа опасност, се жалат занаетчиите. За младите луѓе занаетите не се доволно атрактивна професија вели еден од помладите занаетчии  во охридската чаршија кондураџијата Сашо Богоески. Тој кажува дека старите занаети не се привлечни за младите. Најголем интерес за изучување засега се покажува кон  козметиката и фризерството.Од Министерството за економија пак информираат дека се подготвува стратегија за развој на занаетчиството...

Continue reading

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ реагира на обвинувањата на локалната

Post Views: 13 Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов  реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа. „И вчера се покажа бедата на локалната самоуправа и злоупотребата на локалната како пресс центар на СДСМ. Недозволиво е локалната самоуправа која ја плаќаат сите, да се користи како пресс центар на СДСМ“, вели претседателот на Ок Атанаско Михаилов. Тој додаде дека наместо да работат раководителите на секторите тие се преокупурани со меѓусебни препукувања, расправии,...

Continue reading

np Galicica

Скап проект за заштита на прекуграничниот регион Преспа

Post Views: 3 Еден и пол милиони евра за заштита прекуграничниот регион Преспа. Станува збор за проект со кој овој регион, ќе прерасне во трилатерален UNESCO биосферен резерват, еден вид рамка за заштитените подрачја и напорите за заштита на овој регионот. Спречување на понатамошната еколошка деградација, како и загадувањето на овој регион беа некои од точките за кои се зборуваше на конференцијата, истакна Министерот на МЖСПП, Неџати Јакупи. Сепак на конференцијата не стана збор за органското загадување на двете езера на кое експертите предупредуваат . Така неодамна Професорот за...

Continue reading

ohridski gevrek

И официјално вареното ѓеврече влезе во Скопје

Post Views: 7 Она, за што деновиве неофицијално се говореше, денес менаџерскиот тим на АД “Жито Леб“ го потврди. Склучен е  Договорот за купопродажба на недвижен имот и соработка помеѓу АД “Жито Леб“ од Охрид и АД “Жито Лукс“од Скопје.  Со овој договор АД “Жито Леб“ изврши купување на малопродажниот сектор на АД “Жито Лукс“, односно ги презема сите активни продавници во Скопје заедно со вработените. Се работи за вкупно 16 продавници, од кои 11 ги купуваат, а останатите ги преземаат со опремениот инвентар и договорот за наем. Вредноста на продавниците кои ги купуваат e околу 2 милиони...

Continue reading

pres

Локалната самоуправа, во одбрана на сработеното

Post Views: 0 Локалната самоуправа од Охрид, со здружени сили, контра сите искази кажани на вчерашниот прес на ВМРО – ДПМНЕ. Локалната е будна и неспие. Ова е заедничкиот став на раководителите на општинските сектори, кои транспарентно и одговорно излегоа пред јавноста да кажат што сработиле. Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски се пофали со фактот дека општина Охрид е рангирана на 4 место по успешност, во конкуренција на 84 општини во Р. Македонија. Советникот на градоначалникот за сообраќај, Зоран Шикалоски рече дека, дел од  вработените во Локалната се изненадени,...

Continue reading

evn

ЕВН ги обучува најмладите како да ја користат електричната енергија

Post Views: 5 ЕВН Македонија четврта година по ред го спроведува проектот како разумно да се користи електричната енергија. Свеста кај граѓаните за рационално користење на електричната енергија овој пат ЕВН ќе ја подигнува преку најмладите. Со училишните квизови досега опфатени се 258 училишта во Македонија во 85 општини, вклучувајќи го и градот Скопје. „ Идејата за училишниот проект дојде од две места. Нашите колеги од Австрија спроведуваат сличен проект долги години  и посетуваат деца од школска воздраст и посетуваат работичници за разумно користење  на елекстричната енергија. ЕВН...

Continue reading

pregled

Информирајте се за ракот на грлото на матката

Post Views: 2 Подигнување на свеста кај македонките за опасностите кои ги носи ракот на грлото на матката. Ова е основната идеја на Здружението за борба против ракот -„Борка“. Отаму спроведуваат едукативни сесии низ земјава за оваа болест која одзема голем број на животи. Првиот чекор во одбрана против ракот на грлото на матката е спознавањето на самата болест. Подигнувањето на свеста, пред се кај жените и младите девојки е една од најдобрите превентивни мерки. Здружението за борба против ракот-„Борка“ од 10 до 17 Февруари одржува едукативни сесии за оваа болест во неколку градови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top