И официјално вареното ѓеврече влезе во Скопје

Потпишан Договорот за купопродажба на недвижен имот и соработка помеѓу АД “Жито Леб“ и АД “Жито Лукс“.

 |   | 
ohridski gevrek
Охридски геврек

Она, за што деновиве неофицијално се говореше, денес менаџерскиот тим на АД “Жито Леб“ го потврди. Склучен е  Договорот за купопродажба на недвижен имот и соработка помеѓу АД “Жито Леб“ од Охрид и АД “Жито Лукс“од Скопје.  Со овој договор АД “Жито Леб“ изврши купување на малопродажниот сектор на АД “Жито Лукс“, односно ги презема сите активни продавници во Скопје заедно со вработените.

Се работи за вкупно 16 продавници, од кои 11 ги купуваат, а останатите ги преземаат со опремениот инвентар и договорот за наем. Вредноста на продавниците кои ги купуваат e околу 2 милиони евра. Од менаџерскиот тим на АД “Жито леб“ потенцираат дека не купуваат објекти, туку купуваат потенцијален пазар. Сериозниот настап на скопскиот пазар го поткрепуваат со планот за нови вработувања, кои треба да се надоврзат на прeземените  70 вработени од АД “Жито Лукс“. Се очекува бројката од над 200 вработени постојано да се зголемува. Важно е да се напомене дека овој договор е продлабочување на воспоставената соработка помеѓу овие две компании, која во иднина се планира уште повеќе да се проширува.  
По спроведувањето на сите законски предвидени процедури, ќе се пристапи кон физичко преземење на продавниците и вработените и ќе се изврши ребрендирање на сите продавници во Скопје. Ако се тече според планот, поголемиот дел од производите на  АД “Жито Леб“ ќе може да се купат во Скопје од крајот на март.
Идните планови на АД “Жито леб“ Охрид се продажната мрежа да ја прошират и низ другите градови во Македонија и да воспостават соработка со странство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top